TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изградбата на "Кермес" мора да запре

Вечер Прес - 08.04.2006

Антикорупционерите се револтирани од инертниот однос на Советот и Градоначалникот на општина Центар и Советот на град Скопје. Тие на вчерашната седница повторно разговарале за непочитувањето на барањето за привремено запирање на градбата на Кермес и за усогласување на Деталниот урбанистички план на ...

Луксузен мебел од "Версаче"

Вечер Прес - 08.04.2006

Луксузно, гламурозно, префинето и пред се модерно е последната понуда на модната куќа "Версаче" кога е во прашање мебелот. На интернационалниот саем во Милано за дизајн и мебел овој бренд ги прикажа новите парчиња од колекцијата "HOme Coutureе" за 2007 година.

Ослободителна пресуда за ексдиректорот на Маслодајна

Дневник - 07.04.2006

Поранешниот директор на Прехранбената индустрија АД „Благој Ѓорев“ од Велес, Горан Лазов, вчера во велешкиот основен суд беше ослободен од обвинението дека ја оштетил фирмата за 13.000 евра. Според обвинението, Лазов ја злоупотребил службената положба, но судијата Валентин Зафиров по завршувањето ...

Петмина од "азурите" во сексапилна реклама

Вечер Прес - 07.04.2006

Петмина италијански фудбалери се новите лица на италијанската модна куќа "Долче и Габана". Ѕвездите од теренот позираа за серија сексапилни реклами на машка долна облека во спортска соблекувална и под тушевите. Дизајнерскиот геј тандем се опредили за 25-годишниот полудефанзивец на Јувентус, Мануел ...

"Макамтранс" бара помош од Фуере

Вечер Прес - 07.04.2006

Асоцијацијата на камионските транспортери "Макамтранс" бара средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Ерван Фуере за да му ги каже проблемите со кои се соочуваат при вадењето визи. Камионџиите вчера побараа помош од Фуере бидејќи дипломатските преставништва им ја откажале најавената ...

Ослободителна пресуда за екс директорот на "Маслодајна"

Вечер Прес - 07.04.2006

Судијата Валентин Зафиров од основниот суд од Велес му изрече ослободителна пресуда на Горанчо Лазов, екс директор на фабриката за масло "Благој Ѓорев" од Велес, по обвинението за злоупотреба на службената должност и овластување.

"Бели мугри" со црни чавки!

Вечер Прес - 07.04.2006

Централното градско подрачје, особено локалитетот околу Центарот за култура "Бели мугри" веќе подолго време е "окупирано" од големо јато чавки. Тие со своето гракање во вечерните и раните утрински часови ги вознемируват посетителите во паркот, но и станарите на блиските куќи и станбени објекти.

Македонски филмови "шетаат" по фестивали

Вечер Прес - 07.04.2006

Македонските филмови "Контакт" на Сергеј Станојковски и "Балканкан" на Дарко Митревски ќе не претставуваат на 39. "Хјустон Ворлд Фестивал" (април 21 - 30). Тој се вбројува меѓу водечките компетитивни фестивали за независен филм во САД, како што се тие во Санденс, Сан Франциско, Њујорк...

"Бачило" стигна до РСС и Врховен суд

Вечер Прес - 07.04.2006

Случајот "Бачило" влезе во процедура во Врховниот суд и Републичкиот судски совет. Тие ја добиле информацијата на Антикорупциската комисија, која се сомнева во исправноста на судската одлука, со која тетовскиот овчар Џемаили Иснифарис беше обесштетен со над 700.000 евра.

Црногорскиот колега ми нудеше "бизнис" со цигари

Вечер Прес - 07.04.2006

Македонските власти биле вклучени во синџирот за шверц на цигари заедно со Црна Гора до доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Трајанов се потсетува на една официјална средба што ја имал со неговиот црногорски колега во 1999 ...

Една третина од "станарите" - кумановци

Вечер Прес - 07.04.2006

Подрачјето на градот Куманово е трусно од аспект на динамиката на криминални дела, убиства и потешки кривични дела кои често се случуваат. "Оваа тврдење може да се објасни со фактот дека дури 30 проценти или една третина од затворениците во Идризово се кумановци, а во Истражниот затвор Шутка дури ...

Влатко од "Морал" паднал брзопотезно...

Вечер Прес - 07.04.2006

Дека Влатко од "Морал" е омилен во секоја пригода, во тоа нема ама баш никакво сомневање. Последната средба со Лаза Ристовски и Генерација 5, на промоцијата на албумот на Лаза во Белград, го вметна во друштво на неговите идоли-легенди, по што му останаа само убави впечатоци и заедничката ...

Пентагон "прозборе"

Вечер Прес - 06.04.2006

Пентагон вчера објави околу 2.700 страници документација за затворениците во американската воена база Гвантанамо на Куба, по четири години одбивање да даде какви било информации. Околу 715 затвореници поминале низ Гвантанамо од отворањето на базата во јануари 2002 година, кога таму почнаа да ги ...

"Златно тркало 2006" по четврти пат

Вечер Прес - 06.04.2006

Ромскиот филмски фестивал "Златно тркало 2006" ќе почне денеска во хотел "Континентал" со прикажувањето на филмот "Шампионите од Шутка" (10,20 ч.) во режија на Александар Маниќ. На четвртиот фестивал ќе ги видиме и филмовите "Тоа сум Јас" на Сандра Колар од Велика Британија, од Маурицио Орланди и ...

Среќните "росонери"

Вечер Прес - 06.04.2006

Милан и Вилјареал се првите полуфиналисти во Лигата на шампиони, откако во реванш натпреварите одиграни во вторникот забележаа победи против Лион и Интер. Во одлична атмосфера на Сан Сиро, Милан со голема доза на среќа во самиот финиш успеа да постигне два гола за убедлив триумф, а кобен за ...

"Здравството колабира, Димов го слави здравјето" - посочи опозицијата

Вечер Прес - 06.04.2006

Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, ЗНП, ДОМ, СПМ и ДПА, вчера не можеа да ги изнесат аргументите со кои бараа интерпелација на министерот за здравство, Владо Димов. Од трета точка на дневниот ред, интерпелацијата беше преместена на последно место со образложение дека министерот треба да се подготвува за ...

"Огнена" расправија за девојка

Вечер Прес - 06.04.2006

Со четири куршуми испукани од пиштол, од кој еден завршил во ногата а остатокот во автомобилот, ранет е дваесет и тригодишниот Никола Ристевски - Луди од Скопје, попознат повеќе по неговиот прекар отколку по неговото име. Инцидентот се случил завчеравечер на улицата "Руди Чаевац" веднаш спроти ...

Австриската "ОМВ" сака да купи 50 пумпи

Вечер Прес - 06.04.2006

Австриската компанија "ОМВ" е заинтересирана да купи 50 бензински пумпи во земјава, дознава "Вечер" од владини извори. По влезот на австриската "ЕВН" која ја купи "ЕСМ-Дистрибуција" речиси извесен станува и влезот на овој гигант, кој поседува бензински пумпи во скоро сите наши соседни земји.

Историја "спасена" за три илјади евра!

Вечер Прес - 06.04.2006

Фондацијата СОРОС за 3.000 евра откупила писма на македонски војници од периодот на Првата светска војна, кои ги понуди еден Македонец, граѓанин на соседна држава. За 264 потресни писма од наши војници од тој период, 62 дописни картички и неколку значајни документи, за кои неодамна пишуваше ...

"Јакимовски носи противзаконски решенија"

Вечер Прес - 05.04.2006

Верица Поповска, управителка на градинката "Срничка", вчера јавно го обвини министерот за труд и социјала, Стевчо Јакимовски, дека во повеќе наврати донел решенија спротивни на Законот за заштита на децата. "По извршената анализа од страна на овластени лица од областа на правото се забележани ...

Сите "навалија" на англиски

Вечер Прес - 05.04.2006

Откако Дејвид Фокс од Далас, Тексас (САД), кој од пред две години стана жител на Демир Капија, почна да организира бесплатни курсеви по англиски јазик во основното училиште "Димче Ангелов Габерот", заинтересираноста за негово изучување почна рапидно да расте.

"Логички лексикон" на Виолета Панзова

Вечер Прес - 05.04.2006

Еден од најновите научни трудови дела "Логички лексикон" од проф. д-р Виолета Панзова, неодамна е издаден од Философскиот факултет во Скопје. Главниот мотив, според авторката, за издавање на еден ваков лексикон е потребата за владеење со логичката терминологија, која станува се поактуелна, како во ...

Весниците загризаа на "априлилили" за Лорди

Вечер Прес - 05.04.2006

Секоја година најпосетуваниот евровизиски сајт Есцтодаѕ.цом за Први април објавува шеги. Но тој годинава не беше единствениот сајт кој "зафркна" многумина. Gylleneskor напиша дека Карола во Атина ќе земе белгиски придружни вокали, а белгиската претставничка Кејт Рајан, шведски.

"Траминецот" - најбарано вино

Вечер Прес - 05.04.2006

- Извезуваме од 80 до 85 проценти од производите, а околу 15 проценти ги продаваме на домашниот пазар. Виното се извезува во САД, Чешка, Хрватска, Словенија, СЦГ, а во моментов правиме напори да го пласираме и на пазарите во Англија и Албанија, вели сопственикот на приватната винарија "Пивка" од ...

Изгоре трафика на "Партизанска"

Вечер Прес - 05.04.2006

Од засега неутврдени причини, завчера попладне на булеварот "Партизански одреди" избувна пожар во трафика на фирмата "Алмеко" од Скопје. За среќа пожарот предизвика само материјална штета. ...

Продавале опиум си "купиле" лисици

Вечер Прес - 05.04.2006

Прексиноќа околу 20.30 часот, во близина на реката Тополка, во близина на магацинот на ТП "Ани пром" од Велес полицијата ги уапси Раде Арсовски (52) и неговиот врсник Славејко Николов и двајцата од Велес. Тие се сомничат дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на ...

Елена на Радио "Love"

Вечер Прес - 05.04.2006

Кои се твоите импресии од Грција? - Одлични, не доаѓам првпат во Грција но никогаш претходно не сум била во Атина. Видов многу убави нешта тука. Кои други места во Грција ги имаш посетено? - Сум била во Солун. Одам таму за викендите и можам да кажам дека е навистина убаво, не само поради морето.

Проди "полезен идиот", Берлускони "пијаница"

Вечер Прес - 05.04.2006

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони и неговиот противник Романо Проди завчера ја имаа последната телевизиска дебата пред парламентарните избори што ќе се одржат на 9 и 10 април. Дуелот, кој беше во стилот на кампањата за претседателски избори во САД, се одликуваше со интензивна размена на ...

"Мундијалски" бикини за лето 2006 г.

Вечер Прес - 04.04.2006

До почетокот на Светското фудбалско првенство во Германија (9 јуни до 9 јули) остануваат уште цели два месеца. Главниот планетарен настан за 2006 година, полека но сигурно, станува главна преокупација на сите земјите без разлика дали се учесници или не на претстојниот "мундијал".

"Грев" на Тања Б

Вечер Прес - 04.04.2006

Тања Б е новото име на македонската музичка сцена. Нејзиното првенче се вика "Грев" и веќе се врти по радио станиците. Деби синглот е во денс стил. Тања Б има 15 години и е гимназијалка. Комплетен автор на песната, односно на музика и текстот е Александар Масевски, кој веќе работи на подготовка и ...

Руски полицајци "тренираат" бонтон

Вечер Прес - 04.04.2006

Некои руски полицајци се обрзани да посетуваат курс по бонтон поради зачестените забелешки на нивното однесување, јавува Б92. Предавањата ги организирала локалната власт во регионот Приморје на крајниот исток на Русија, а целта е полицајците да научат да се однесуваат цивилизирано.

Морава "напаѓа", народ се сели

Вечер Прес - 04.04.2006

Стотици луѓе вчера се евакуирани откако реката Морава пробила насип во едно село североисточно од Виена, соопштија претставници на локалната пожарникарска служба. Шефот на противпожарната служба Едвард Камерер изјави дека околу половина население на селото Дирнкрут морало да биде евакуирано.