TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракометарките поразени и од Ангола

А1 - 09.12.2007

Најдобрите македонски ракометарки ги загубија шансите за пласман во четвртфиналето на Светското Првенство во Франција, по денешниот пораз од Ангола, трет досега во исто толку натпревари од осминафиналната група „М1“ во Мец. Неславен мундијалски викенд за женската ракометна репрезентација на ...

Совршенство од ракомет

Вест - 08.12.2007

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА - МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО НАДИГРАНА ОД НОРВЕШКА - Ова е совршенство од ракомет - воодушевено заклучи нашиот селектор Љубомир Савевски за играта на Норвежанките. Специјално од Мец, Горан Конев МАКЕДОНИЈА - НОРВЕШКА 22:34 (9:16) МЕЦ. - "Мец арена". Гледачи: 3.500.

Норвешка со Македонија вежбаше нови акции

Време - 08.12.2007

СП ВО ФРАНЦИЈА, МАКЕДОНИЈА НОРВЕШКА 22-34 Македонската женска ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз на Светското првенство (СП), кое е во тек во Франција, откако во првиот натпревар од втората рунда на шампионатот беше високо поразена од европскиот првак Норвешка со 22-34 (9-16).

Европскиот првак пресилен за Македонија

Утрински - 08.12.2007

По поразот од 34:22 против Норвешка во вториот круг на СП, ракометарките денеска ќе играат со домаќинот Франција, а утре со Ангола Од нашиот известувач РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ МЕЦ - Ракометарките на Норвешка чесно не се ни испотија, а и играчки и резултатски ја “прегазија” Македонија со 34:22 на ...

Норвешка ни ги разби фантазиите

Дневник - 08.12.2007

Оптимизмот беше заснован на фантазии зашто за да се стигне Норвешка, ќе мора многу да се работи, вели селекторот Савевски „Приземјување“ за македонската репрезентација на СП во Франција по добрите игри против Русија и Бразил. Поразени сме со 22-34 (9-16) од Норвешка, еден од фаворитите.

Не сме веќе пиони во репрезентацијата

Вест - 07.12.2007

ПОМЛАДИТЕ, КОНЕЧНО, ИЗЛЕГУВААТ ОД СЕНКА КАЈ ЉУПЧО САВЕВСКИ Ретко кој селектор претходно можеше да се пофали со толкава храброст, ретко кој пред Љубомир Савевски имаше толкава доверба во младите и и даваше шанса на иднината на македонскиот ракомет.

Само огромно изненадување ќе не доближи до ЛОИ

Време - 07.12.2007

ЉУБОМИР САВЕВСКИ, СЕЛЕКТОР Првата цел на сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија е остварена, се пласира меѓу 12-те најдобри селекции во светот на Светското првенство (СП) во Франција, но сега останува битката за освојување на седмото место, кое би ја одвело на еден од трите ...

Бајрамовска ќе се откажела од ракометот

Дневник - 07.12.2007

Ако не отидев во странство, сигурно ќе престанев да играм, зашто кај Портној не добивав шанса, вели нашиот бек Генерацијата од Светското младинско првенство 2003 чекаше да се сменат тројца селектори за конечно да добијат поголема доверба.

Целта е постигната, може ли повисоко?

Вечер Прес - 07.12.2007

Желба на Стручниот штаб и на ракометарките беше да се пласираме меѓу 12-те најдобри селекции во светот, тоа се случи, но сега не чекаат на мегдан бившиот светски првак Франција, актуелниот европски Норвешка и силните селекции на Ангола и на Хрватска Селекторот Љупчо Савевски и репрезентативките на ...

Обезбедено е 12. место во светот

Време - 06.12.2007

СП ЗА ЖЕНИ ВО ФРАНЦИЈА: МАКЕДОНИЈА - АВСТРАЛИЈА 30-13 (12-9) Целта е остварена, подвигот е направен - женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија се пласира во втората фаза, меѓу 12-те најдобри селекции на Светското првенство (СП) во Франција.

Благодариме, Русија!

Вест - 06.12.2007

СП ВО РАКОМЕТ - СО ГОЛЕМА ДРАМА ВЛЕГОВМЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ Македонија-Австралија 30:13, Русија-Бразил 31:31. Оваа совршена, но и рискантна комбинација на резултати од последното коло на Б-групата ги одведе нашите најдобри ракометарки во вториот круг од Светското првенство во Франција.

Македонија низ иглени уши до вториот круг

Утрински - 06.12.2007

Покрај победата над Австралија од 30:13, на македонските ракометарки им одговараше и ремито 31:31 меѓу Русија и Бразил во мечот за инфаркт Од нашиот известувач РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ САН БРИУ – Се е добро кога добро ќе заврши. Ова би била најкусата дефиниција на тоа сто го преживеаја најдобрите ...

Младите уште треба да се печат

Дневник - 06.12.2007

Против аутсајдерот Австралија израмнивме дури во 28. минута, откако првотимците мораа да надоместуваат тоа што го пропушти втората постава Еден ден траеше славјето во репрезентацијата на Македонија во Сен Брие и за малку ќе направеа „од готово - вересија“, во мечот со најголемиот аутсајдер во ...

Русија играше за своите бодови и за Македонија

Дневник - 06.12.2007

Светскиот првак Русија се провлече во втората фаза од мечевите на СП, но на дуелот со Бразил играше за себе и за Македонија. Одигра нерешено 31-31, резултат што ни одговараше и нам. Русија пренесе два бода во новата М1-група, во Мец, во која ние одиме без бодови.

Македонија во Мец стартува против Норвешка

Дневник - 06.12.2007

Европскиот првак ќе биде првиот наш противник во главната фаза вечерва По дуелот со светскиот првак Русија, нашата женска ракометна репрезентација вечерва, во втората фаза од натпреварите на СП, ќе игра уште со еден првак, овој пат со европскиот - Норвешка (21,15 ч.).

Имаше тренинг, ама многу лош

Вечер Прес - 06.12.2007

Македонија против аутсајдерот во групата Австралија одигра катастрофално лошо прво полувреме, потценувајќи го противникот, кој патем речено играше како "бавен филм" . Во второто полувреме се дојде на свое место Македонија ја прокнижи втората победа во Б групата на Светското првенство во Франција.

Победи македонското срце

Време - 05.12.2007

СП ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ ВО ФРАНЦИЈА, МАКЕДОНИЈА - БРАЗИЛ 26-22 (10-11) Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија е на прагот да се пласира меѓу 12-те најдобри светски селекции на шампионатот во Франција откако го победи Бразил со 26-22 (10-11) во вториот меч од групата Б во Сен Брик.

Триумф на колективниот дух

Вест - 05.12.2007

РАКОМЕТ - СП ВО ФРАНЦИЈА - МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ БРАЗИЛ И СЕ НАЈДЕ НА ЧЕКОР ДО ВТОРИОТ КРУГ Македонија го оствари она по што дојде во Сен-Бриу. Го изведе подвигот, го победи Бразил! Ова е таа "сензација" што со една нога не внесуваше во вториот круг од Светското првенство и за да се доврши работата, ...

Тешкото ја засени самбата во Сен Бриу

Утрински - 05.12.2007

Со победата над Бразил од 26:22, Македонија си го отвори патот до вториот круг Од нашиот известувач РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ СЕН БРИУ - Женската ракометна репрезентација на Македонија со победата од 26:22 над директниот конкурент Бразил во второто коло од групата Б широко си ги отвори вратите на вториот ...

Савевски си го завери селекторското место за ЕП 2008

Дневник - 05.12.2007

Со победата против Бразил и пласманот во вториот круг од СП во Франција, в.д. селекторот Љубомир Савевски си го „зацементира“ местото во репрезентацијата најмалку до крајот на 2008 година, кога ќе бидеме организатори на ЕП. Од РФМ засега срамежливо тоа го потврдуваат, не сакајќи премногу да ги фати ...

Македонија ја исполни мисијата

Дневник - 05.12.2007

Победата против Бразил беше единственото што се бараше од репрезентацијата пред СП, и тоа го остварија Македонија ја исполни главната цел: го победи Бразил, 26-22 (10-11) и се пласира во втората фаза на Светското ракометно првенство за сениорки.

Македонија останува во кремот

Вечер Прес - 05.12.2007

Во решавачкиот натпревар за влез во вториот круг на СП против Бразил, нашите девојки одиграа максимално борбено, мотивирано и распеано Македонија успеа да го совлада силниот состав на Бразил и да се врати во светскиот ракометен крем, меѓу 12-те најдобри репрезентации на планетата, на Светското ...

Ракометарките се пласираа во следната фаза

А1 - 04.12.2007

Македонија го заврши својот дел од задачата, пласман во наредната фаза. Ја совлада Австралија со високи 30:13, резултат зад кој не се одразува реалниот тек на средбата. Покажавме неколку класи поквалитетен ракомет, но и уште еднаш покажавме колку психолошкиот момент е нашиот најголем противник, ...

Ги потресовме шампионките

Вест - 04.12.2007

РАКОМЕТ - ПОРАЗ, НО ДОБАР НАСТАП НА МАКЕДОНИЈА НА СТАРТОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА Се прежалија себеси пред заминувањето за Франција, но длабоко ги замислија Русинките и ги оставија со студен израз на лицето по натпреварот.

За малку подвиг против светските шампионки

Време - 04.12.2007

ПОЧНА 18. СП ЗА РАКОМЕТАРКИ, РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 27-22 (12-14) Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија 55 минути ја држеше во неизвесност македонската јавност, која искрено се надеваше дека на стартот од Светското првенство (СП) во Франција е способна да направи подвиг и да ги ...

Ракометарките сами си пресудија на стартот на СП

Утрински - 04.12.2007

По израмнувањето на 22:22 во 54 мин., Македонија не постигна гол, а прими пет од бранителот на титулата Русија Од нашиот известувач РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ СЕН БРИУ – Македонските ракометарки беа на прагот на сензација на почетокот на 18.

Светскиот првак трепереше

Дневник - 04.12.2007

До 40. минута имавме игра и резултат, а Русинките мораа да прават две серии за да слават, откако се вративме во игра во 54. минута Македонија беше блиску до првото и најголемо изненадување на СП во Франција, но не ги издржа последните пет минути од мечот со светскиот првак Русија.

Светскиот првак ни се лизна од раце

Вечер Прес - 04.12.2007

Македонија против апсолутниот фаворит Русија цели 40 минути имаше игра и резултат, но, по повредата на Охоланга, и многуте технички грешки во вториот дел, Русинките во драматичен финиш, сепак дојдоа до победа. Синоќа Македонија играше со Бразил, а денеска со Австралија Женската ракометна ...

По оваа победа дојдовме во Сен-Бриу

Вест - 03.12.2007

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ВО БРАЗИЛ - ДЕНЕСКА СО БРАЗИЛ (20.30 ч.) Каков било исход да имал натпреварот со Русија на вчерашното отворање на Светското првенство во Франција, оваа е таа победа по која што дојдовме во Сен-Бриу.

Пласманот на Македонија зависи од овој натпревар

Време - 03.12.2007

СП ВО ФРАНЦИЈА, ДЕНЕСКА МАКЕДОНИЈА - БРАЗИЛ Денешниот натпревар на штотуку почнатото ракометно Светско првенство (СП) во Франција меѓу Македонија и Бразил (20.30 часот, МТВ-пренос) ќе ја реши судбината на најдобрите македонски ракометарки на Мундијалот.

Уставното име на секој чекор

Утрински - 03.12.2007

Лјубомир Савевски Домаќинот на Светското првенство, очигледно, нема проблем со уставното име на еден од учесниците во групата Б, па овде во Сен Биу на секој чекор може да се сретне Република Македонија. На сите плакати низ градот, на официјалната страница на првенството на интернет, во билтените со ...

„Македонско девојче“ или самба

Дневник - 03.12.2007

Мечот против Бразил може да биде решавачки за понатамошниот пласман на Македонија на СП Победникот од вечерашниот меч меѓу Македонија и Бразил (20:30 ч. - МТВ и радиопренос) ќе биде чекор поблиску до 2. фаза во која се разигрува за пласман меѓу првите 12 места на Светското ракометно првенство за ...