TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Клиповите" го здробија нападот на Лејкерси

Утрински - 12.06.2004

Детроит - Л.А. 88:68 (2:1) Детроит Пистонс, уште еднаш предводен од расположениот Ричард Хамилтон, кој постигна 31 поен, и со уште една блескава демонстрација на игра во одбраната високо го поразија Лос Анџелес Лејкерс со 88:68 во третиот натпревар од финалето на НБА, поведувајќи со 2:1 во серијата ...

Одбраната на Детроит ги уништи лејкерси

Дневник - 12.06.2004

НБА - ПИСТОНС ПОВЕДОА СО 2-1 ВО ФИНАЛЕТО Шансите за освојување на трета титула во клупската историја се на страната на Детроит, откако по вторпат го совлада тимот од Лос Анџелес со резултат 88-68. Пистонси сега водат со 2-1 во победи, пред следниот дуел в недела навечер.

Дебакл на Лејкерс

Време - 12.06.2004

НБА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ ОФ Л.А Лејкерс доживеа дебакл во третиот меч од финалето на плеј-офот во НБА-лигата, откако Детроит пистонс со 88-68 ги скрши "шоумените" предводени од Коби Брајант и Шекил О'Нил, кои заедно постигнаа "смешни" 25 поени.

Детроит ги збриша лејкерси со 88:68 пред своја публика

А1 - 11.06.2004

Екипата на Детроит ги збриша лејкерси со 88:68 пред своја публика во третото финален дуел од НБА плеј офот и поведе со 2:1 во победи. Во финалната серија до четири победи, четвртиот натпревар се игра повторно во Обрн Хил во понеделник наутро.

Коби спречи промоција на Детроит

Дневник - 10.06.2004

НБА Брајант израмни со тројка 2,1 секунди пред крајот за продолжение, кое Лејкерси лесно го добија Коби Брајант го спаси ЛА лејкерс од нов пораз пред својата публика во финалето на НБА против Детроит со постигнување на тројка 2,1 секунди пред крајот, за изедначување на 89-89.

Брајант го погоди најважниот шут во кариерата

Време - 10.06.2004

НБА - ФИНАЛЕ: ЛА ЛЕЈКЕРС - ДЕТРОИТ 99-91 (1-1) Коби Брајант го израмни резултатот со тројка на 2,1 секунда пред крајот на регуларниот дел од мечот и му помогна на Лос Анџелес лејкерс да стигне до победата со 99-91 по продолжението, дома, против Детроит пистонс во вториот меч од финалето во НБА.

Коби повторно ги извлече Лејкерси од загубена ситуација

Утрински - 10.06.2004

Со тројката на 2,1 секунди до крајот донесе продолжение, а и победа над Детроит 99:91 (1:1) Коби Брајант уште еднаш ги спаси Лејкерси. Суперѕвездата на Лос Анџелес со неверојатна тројка на 2,1 секунди пред крајот му донесе продолжение на Л.А.

Лејкерси изедначија на 1:1 во финалето од НБА плеј-офот со Детроит

А1 - 09.06.2004

Лос Анџелес лејкерс изедначија на 1:1 во финалето од НБА плеј-офот со Детроит пистонс, по ноќешниот среќен триумф од 99:91 дури по продолжението во Стејплс Центар. Во серијата до четири победи, следните три средби ќе се одиграат во Детроит. Првиот од нив е в четврток.

Браун: Подобра одбрана од оваа не може да се одигра

Утрински - 08.06.2004

Детроит поведе со 1:0 во големото финале, совладувајќи ги Лејкерси во гости 87:75 Коби и Шек заедно постигнаа 59 поени, а останатите само 16 Детроит го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 87:75 во "Стејплс Центар" во првиот натпревар од големото НБА финале, со што му ја презема предноста на домашниот ...

Детроит не ги запре Шек и Коби, но поведе со 1-0

Време - 08.06.2004

НБА - ФИНАЛЕ: ЛА ЛЕЈКЕРС - ДЕТРОИТ ПИСТОНС 75-87 (0-1) Предводени од својата препознатлива одбрана и од навремената офанзива од Чонси Билапс, Детроит пистонс го изненадија фаворизираниот Лос Анџелес лејкерс со победата со 87-75 на гости во првиот меч од финалето во НБА.

"Езерците" исплескани во Лос Анџелес

Дневник - 08.06.2004

НБА - ФИНАЛЕ Силната одбрана на гостите од Детроит беше пресудна за победата од 87-75 во првиот меч од големото НБА-финале против фаворизираниот ЛА лејкерс. Од 75-те поени за Лејкерс, дури 59 постигнаа Шекил О'Нил и Коби Брајант, додека нивните соиграчи целосно беа неутрализирани (преостанатите ...

Детроит поведе со 1:0 против Лејкерс

А1 - 07.06.2004

Кошаркарите на Детроит направија подвиг. Поведоа со 1:0 против Лејкерс во финалната серија од НБА плеј-офот откако ноќеска во Стејплс Центар го добија натпреварот број еден. Најпрепознатливиот белег, одбраната ги доведе пистонс до изненадувачки убедливиот триумф од 87:75.

Пистонси сонуваат за реприза од пред 15 години

Утрински - 07.06.2004

Синоќа во Стејплс Центар во Л.А почна големото НБА финале меѓу Лејкерси и Детроит Во далечната 1989 година, Детроит предводен од Ајзеја Томас го исчисти од паркетот "шоутајмот" на Пет Рајли со 4:0 Поминаа цели 15 години од последната плеј-оф серија меѓу годинашните НБА финалисти Лос Анџелес Лејкерс ...