Никола Груевски (33), досегашниот потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, денеска беше избран за нов лидер на партијата по тајното гласање на редовниот конгрес на оваа партија, што во изминатите два дена се одржа во Охрид. Груевски, од 289 делегати кои гласаа освоил 220 гласа, додека неговиот противкандидат, ...
Околу 290 делегати на ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре во Охрид во Домот на културата „Григор Прличев“ го одржуваат 12-от конгрес. Љубчо Георгиевски заминува, а новиот партиски лидер, Марјан Ѓорчев или Никола Груевски, ќе биде идниот премиер, порача лидерот во оставка.
Денеска почнува дводневниот Конгрес на поранешната владејачка партија Соња Крамарска Денеска и утре во Охрид се одржува Конгрес на поранешната владејачка партија а сега водечка партија на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ. Централно место на Конгресот зазема изборот на нов лидер на партијата.
денеска КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ Ако не го изберат за лидер, Марјан Ѓорчев нема да остане партиски потпретседател Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е убеден дека на партискиот конгрес што почнува денеска во Охрид ќе освои доволно делегатски гласови за да го изберат за претседател, дознава ...
Марјан Ѓорчев и денешниот, последен ден пред партискиот конгрес го помина во собранискиот кабинет, од каде што ја водеше лидерската кампања. Неговиот ривал Никола Груевски беше во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, во друштво на лидерот на заминување Љубчо Георгиевски и на другите членови на извршниот ...
ПРЕТКОНГРЕСНА СЕЛЕКЦИЈА ВО ВМРО-ДПМНЕ Борис Трајковски добил покана, но нема да присуствува на конгресот, затоа што службено престојува во странство Бившата потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ Доста Димовска не е поканета да присуствува на партискиот конгрес ниту како гостин, ниту како поранешен ...
Пред утрешниот партиски собир на опозицијата во Охрид Претседателот Борис Трајковски, како што соопшти вчера неговиот портпарол Борјан Јовановски, добил покана да присуствува на утрешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, но нема да оди поради презафатеност со други обврски.
Колумна - Ганка Самоиловска Цветанова На оние што деновиве интензивно праќаат пораки дека доколку едната опција, односно помладиот кандидат, дојде на челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат напуштени основните начела и постулати на партијата, овојпат јас би им одговорила: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане ...
ПРЕДКОНГРЕСНИ МАНЕВРИ ВО ВМРО-ДПМНЕ За Доста Димовска нема место во тимот на Никола Груевски доколку на престојниот конгрес во Охрид биде избран за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат дознаваме од партиски извори. Груевски во разговорите со дипломатите, како што дознаваме им рекол дека за Доста не е во ...
Финишира лидерската трка во ВМРО-ДПМНЕ Лидерската трка во ВМРО-ДПМНЕ финишира пред одржувањето на Конгресот задутре и в недела во Охрид. Најновите шпекулации се дека покрај силната агитација на теренот од страна на лобистите на двајцата кандидати Груевски и Ѓорчев, доколку победи во новиот тим на ...
Никола Груевски, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Соња Крамарска Господине Груевски, што е тоа што досега недостасуваше во раководењето на ВМРО-ДПМНЕ и што Вие, доколку бидете избран за лидер, ќе промените во начинот на водењето на партијата? -Не би рекол дека досега многу нешта му ...
Марјан Ѓорчев, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Соња Крамарска Господине Ѓорчев, што е тоа што недостасуваше во раководењето со ВМРО-ДПМНЕ, а што Вие, доколку бидете избран за лидер, ќе промените во начинот на водењето на партијата? - Она што мислам дека досега беше недостиг во водењето и ...
ЛИДЕРСКА ТРКА ВО ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не планира да ја вклучи поранешната партиска потпретседателка Доста Димовска во партиското раководство, ниту планира да ја предложи за потпретседател, дознава "Дневник" од партиски извори.
ПРИВРШУВА ИЗБОРНАТА ТРКА ВО ВМРО-ДПМНЕ За избор на новиот лидер во првиот круг на гласање потребни се гласови на 151 делегат на конгресот Кандидатурата на потпретседателот Никола Груевски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ е поткрепена со 134 потписи на делегати на претстојниот партиски конгрес што ...
Уште неколку дена до изборот на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ веќе го одреди составот на Изборната комисија за изборот на лидер што ќе се одржи на вториот ден на партискиот конгрес, на 25 мај во Охрид. Претседател на Комисијата ќе биде Љупчо Балкоски, човек на досегашниот лидер Георгиевски, а ...
И ОФИЦИЈАЛНО Љубчо Георгиевски, еден од основачите и долгогодишен лидер на ВМРО ДПМНЕ, на претстојниот конгрес ќе поднесе неотповиклива оставка и ќе биде избран за почесен претседател на партијата. Никола Груевски и Марјан Ѓорчев и официјално се кандидати за нов лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
МАРЈАН ЃОРЧЕВ, КАНДИДАТ ЗА ЛИДЕР НА НАЈМОЌНАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА Новите идеи на Љубчо Георгиевски немаат реална подлога во партиските ставови и со нив мислам дека никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ, не треба да се оптоварува, вели Марјан Ѓорчев Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ѓорчев влегува во трката ...
Најголемата опозициска партија се подготвува за конгресот Досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, на претстојниот партиски конгрес ќе биде прогласен за почесен претседател на партијата. Ова е заклучок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој, на петочната седница, расправаше за ...
ВМРО-ДПМНЕ КАВАДАРЦИ - ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци избра девет делегати за конгресот на партијата идниот викенд.. Делегатите од Кавадарци, како што вели претседателот на ОК и пратеник во парламентот, Орданчо Тасев, безрезервна поддршка ќе му дадат на нивниот сограѓанин потпретседателот на ...