TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јован Ананиев: Гласачите сега имаат повисока политичка култура

А1 - 18.06.2006

„Гласачите се сепак изморени од она што значи потполна, концентрирана внимателност при пратењето на кампањата“, изјави во интервјуто за А1 Јован Ананиев, докторант - област на политички маркетинг. Од што зависи влијанието на партиите? Во суштина, кампањата е базирана на изборната стратегија.

Сакаме избори според меѓународните стандарди

Време - 17.06.2006

ЕВРОЛИДЕРИТЕ ПОРАЧАА Сите политички партии во земјава добија порака од највисокиот политички собир на земјите-членки на ЕУ дека парламентарните избори мора да бидат фер и демократски. „Европскиот совет ги повикува сите субјекти-партии во Македонија да осигурат изборите на 5 јули да бидат спроведени ...

Одговорен сум и за доброто и за лошото во овие 15 години

Дневник - 17.06.2006

На политичките партии и на нивните раководства би сакал да им порачам дека, дури и при пораз на претстојните избори, партиите ќе опстојат на политичката сцена. Но во случај на преземање одговорност за нерегуларноста на изборите, таа шанса едноставно ќе ја немаат.

Бомби во борбата за фер избори

Дневник - 17.06.2006

Отежнувачка работа е тоа што при преземањето мерки против сторителите на вакви дела ни се импутира дека се апси од политички причини, велат во МВР Вчера на полноќ целосно бил демолиран изборниот штаб на ДУИ во липковското село Слупчане.

НВО и антикорупционерите им дишат во врат на партиите

Утрински - 17.06.2006

На тапет е секој изборен чекор на партиите во политичката кампања Невладините организации и антикорупционерите им дишат во врат на сите партии кои претендираат да го освојат тронот на власта. Со ангажирани агенции го мониторираат секој изборен чекор во политичката кампања која стартуваше на 15 ...

Зошто изборите не мора да бидат фер

Време - 17.06.2006

ЗОРАН АНДОНОВСКИ Знаете ли како најдобро се учат странски јазици? Со гледање телевизија! А најмногу со гледање реклами на политичките програми. Зошто? Затоа што и во првиот и во вториот случај зборовите и фразите постојано се повторуваат. Имате слика, тон, контекст, зборови што се повторуваат и ..

Фајронт за изборното насилство

Дневник - 17.06.2006

Сакаме ли и по овие избори Македонија да ни личи на балканска крчма по кафеанска тепачка? Не сакаме, но од нас најмалку зависи. Зависи од волјата на партиите, од искреноста во намерите да ги зауздаат своите забревтани насилници Се' уште не беше исушено мастилото од лидерските потписи на кодексот за ...

И КПМ „прескокната“

Дневник - 16.06.2006

На потпишувањето на Кодексот за фер избори не беше повикана ниту Комунистичката партија на Македонија, иако има две кандидатски листи за првата и за четвртата изборна единица, вели Ангел Иванов, носител на листата на КПМ за „единицата“.

Невладините со рецепт како да не нж украдат на избори

Утрински - 16.06.2006

Поголем одѕив на изборите - шанса за фер и демократски избори Невладините организации излегоа со „предизборен рецепт", отворајќи го јавно прашањето „Како да не нж украдат на избори". Тие порачаа - колку поголема масовност на изборите, толку подобра шанса за демократски и фер избори.

По што сме различни?

Дневник - 16.06.2006

Во Република Македонија се' уште е рано за изборите да одлучува „средниот гласач“. Ова се должи на задоцнетата политичка и економска транзиција во државата. Извесна конвергенција меѓу програмите на политичките партии со спротивставени политички филозофии е видлива во повеќе домени Изборите во Чешка ...

Законодавците го изиграа законот

Дневник - 16.06.2006

Иако и на сон не научија дека регуларноста на овие избори е последна шанса за Македонија, уште на почетокот фрлија темна дамка на изборниот процес Партиите и овој пат успеаја да го изиграат законот. Иако и на сон не научија дека регуларноста на овие избори е последна шанса за Македонија, уште на ...

Нема веќе простор за лоши избори во Македонија

Утрински - 16.06.2006

ИНТЕРВЈУ: Роберт Диксон Британскиот амбасадор вели дека политиката што успева во Британија не мора да е сосема добра и за Македонија Слободанка Јовановска Како гледате на изборните активности во Македонија и дали се согласувате со некои оцени дека Вашите апели за позитивна кампања не се почитуваат? ...

За демократски избори одлучуваат граѓаните

Време - 16.06.2006

НВО СО ПОРАКА Граѓаните се тие што треба да одлучат дали изборите ќе бидат фер и демократски и дали ќе профункционираат институциите, а не политичките партии, заклучија вчера претставниците на невладиниот сектор на трибината насловена „Како да не не крадат“.

Членовите на СДСМ нема да направат инцидент

Дневник - 16.06.2006

Одговорно тврдам дека СДСМ нема да потклекне пред желбата за задржување на власта и заради тоа да излезе надвор од правилата за организирање на изборите Нема простор за прашања дали изборите ќе бидат беспрекорни - тие едноставно не можат да бидат поинакви, не само заради јасните пораки кои ...

Да се ослободиме од лагите и од измамниците

Време - 16.06.2006

ИЗБОРИ, ЛАГИ, ПОЛИТИЧАРИ (3) Досегашните избори ја добиваа оцената „нефер и недемократски“. Тие не ги исполнија пропишаните и барани стандарди, загарантираната тајност на гласањето и да нема насилство и заплашување. Најдобар доказ за ова се извештаите на овластените меѓународни набљудувачи на ...

Фуере: ЕУ очекува фер кампања и избори

Канал5 - 16.06.2006

Амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере денеска го поздрави почнувањето на изборната кампања и уште еднаш укажа дека претстојните избори се клучен тест за европерспективите на Македонија. Скопје, 16 јуни (МИА) - Амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере денеска го поздрави почнувањето на изборната ...

ДПМ бара одговор зошто не е во кодексот

Дневник - 16.06.2006

Демократската партија на Македонија, со седиште во Тетово, вчера реагираше бидејќи не била поканета на потпишувањето на Кодексот за однесување за слободни и фер парламентарни избори, организирано од Националниот демократски институт во партнерство со МОСТ.

Кампањата до 3 јули

Дневник - 16.06.2006

Изборната кампања што официјално почна вчера, според новиот Изборен законик ќе трае дваесет дена, односно до 3 јули на полноќ. Тогаш стартува 24-часовниот изборен молк. На изборите право на глас имаат 1.741.449 граѓани на 2.976 избирачки места во Македонија.

Диксон и Фуере порачаа партиите да ги зауздат активистите и да се стави крај на инцидентите

Канал5 - 16.06.2006

Партиските лидери се тие кои треба да ги зауздат своите активисти за да престанат со инцидентите и за нормално да продолжи изборната кампања. Претставниците на меѓународната заедница денеска ги потсетија партиите дека со потпис се обврзаа на чиста кампања.

Гласајте за нас да не нж уценуваат малите партии

Утрински - 16.06.2006

Кампања БИТОЛА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на завчерашната конвенција во Битола за време на претставувањето на кандидатите за пратеници од Петтата изборна единица побара од своите сопартијци, симпатизери, но и другото гласачко тело да ги насочат гласовите кон победникот за да не ...

Изборната кампања од денеска и официјално е почната

А1 - 15.06.2006

И тоа се случи. Изборната кампања од денеска и официјално е почната. Но, не дека некоја од политичките партии беа во исчекување или пак, рокот ги спречуваше да се промовираат. Таа е веќе одамна во полн ек сепак, официјално од денеска па се до 3 јули партиите ќе сторат се да ги придобијат гласачите ...

Официјалната кампања почнува, партиите во изборен финиш

Утрински - 15.06.2006

Дваесет дена за да се најде формула за најдобар изборен скор КАТИЦА ЧАНГОВА Официјалната кампања за парламентарните избори почнува денеска. Со тоа политичките партии кои претендираат да ја освојат власта влегуваат во изборен финиш.

Атис: На 5 јули Македонија да потврди дека е целосно демократска земја!

Утрински - 15.06.2006

КОНФЕРЕНЦИЈА Македонија има светла иднина, бидејќи сите партии покажаа дека се развој на демократијата. Верувам дека тоа ќе биде докажано на 5 јули, рече претседателот на Комитетот за политички прашања на парламентарното собрание на Советот на Европа, Абдулкадир Атис, на вчерашната ...

Советот на Европа побара фер и демократски избори

Време - 15.06.2006

НА СРЕДБА СО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ Политичките партии вчера пред меѓународните претставници се обврзаа дека ќе се залагаат за фер и демократски избори. На трибината што ја организираше Советот на Европа во хотелот „Александар палас“, а која беше затворена за медиумите, претставниците на сите политички ...

Коалицијата „За" ја почна кампањата од Скопје

Утрински - 15.06.2006

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата „За Македонија заедно" синоќа на Градски стадион во Скопје требаше да ги промовираат своите 120 кандидати за претстојните парламентарни избори, со што ќе го означат почетокот на официјалната изборна кампања.

Лош старт на изборната кампања- проценуваат аналитичарите

Канал5 - 15.06.2006

Лош знак. Вака аналитичарите го коментираат првиот ден од официјалниот почеток на изборната кампања. Предиграта со кршење штабови и навреди, кај нив остава простор за претпоставка дека идните 20 дена инцидентите ќе бидат присутни, а изборните програми само бледо прочитани, колку да не бидат ...

Почна изборната кампања за претстојните парламентарни избори

Канал5 - 15.06.2006

Изборната кампања за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 5 јули почна ноќеска на полноќ и ќе трае дваесет дена. Скопје, 14 јуни (МИА) - Изборната кампања за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 5 јули почна ноќеска на полноќ и ќе трае дваесет дена.

На сите им укажав на неопходноста од фер избори

Дневник - 15.06.2006

За мене како претседател, но и како граѓанин на Република Македонија највисок приоритет во овој период е одржувањето фер и демократски избори За мене како претседател, но и како граѓанин на Република Македонија највисок приоритет во овој период е одржувањето фер и демократски избори.

Политичките партии презедоа одговорност за фер натпревар

Утрински - 14.06.2006

Потпишан Кодексот на однесување за слободни и фер демократски избори Политичките партии јавно презедоа одговорност за фер изборен натпревар. Ставајќи потписи на Кодексот на однесување за чесни и демократски избори, а потоа овековечувајќи го своето присуство со заедничка фотка, претставници на 36 ...

Лидерите се обврзаа да не крадат гласови

Време - 14.06.2006

ПОТПИШАН КОДЕКС ЗА ФЕР-ИЗБОРИ Сунчица Стојановска Кодекс за фер и слободни парламентарни избори потпишаа вчера претседателите на 30 партии, со што пред јавноста и пред странските претставници се обврзаа дека нема да кршат кутии, нема да крадат гласови и нема предизвикуваат инциденти на изборите на ...

На фер избори се обврзаа 36 партии

Дневник - 14.06.2006

Под мотото „Немаме избор за изборите, мора да биде фер“, вчера во Скопје 36 политички партии потпишаа Кодекс на однесување Под мотото „Немаме избор за изборите, мора да биде фер“, вчера во Скопје 36 политички партии потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори и си ветија меѓу себе, но и ...

Политичките лидери го повторија условот за Европа: фер и демократски избори

Канал5 - 14.06.2006

Партиите денеска уште еднаш се обврзаа за фер избори на 5 јули. Овојпат не со потпис, туку со чесен збор пред меѓународните претставници. Партиите денеска уште еднаш се обврзаа за фер избори на 5 јули. Овојпат не со потпис, туку со чесен збор пред меѓународните претставници.

Партиите се потпишаа за фер избори

Вест - 14.06.2006

Лидерите на 36 политички партии вчера во Скопје потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер парламентарни избори. Потписниците се обврзаа и си ветија меѓусебе, но и на граѓаните дека ќе се придржуваат на одредбите од интернационалниот Кодекс и оти се согласуваат дека на изборите не треба да се ...

ДИК треба да се справи со предвремената кампања

Дневник - 14.06.2006

Државната изборна комисија е одговорна за законитоста на изборниот процес и е должна да побара одговорност од партиите што предвреме ја почнаа кампањата и го прекршија Изборниот законик, тврди уставната судијка Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешна претседателка на ДИК.

Партиите потпишаа кодекс за фер избори

А1 - 13.06.2006

Немаме избор за изборите, мора да биде фер. Под ова мото триесетина политички партии, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, денеска го потпишаа кодексот за фер и демократски избори подготвен од Националниот демократски институт и граѓанската асоцијација „Мост“.

Потпишан Кодекс за однесување за слободни и фер демократски избори

Канал5 - 13.06.2006

Фудбалскиот вокабулар погоден за македонското предизборие. Црвен картон за измама, насилство, купување гласови, ставање ливчиња во кутии за друг. Сите овие прекршоци можат да ја отстранат земјава од финалето на сопствениот куп, во кое главни ѕвезди се лидерите на политичките партии.

Изборна измама ќе значи предавство на демократијата и на граѓаните

Дневник - 13.06.2006

САД и политичарите во европските престолнини ве следат и тие од изборите ќе добијат јасна слика дали демократијата функционира во Македонија Македонија е на добар пат, а добро е што сите партии имаат иста цел - интеграција во евроатлантските институции, оценува Џилиен Миловановиќ, амбасадорка на ...

ВМРО-ДПМНЕ се прероди и направи нов имиџ

Утрински - 12.06.2006

Интервју: Антонио Милошоски Експонираното лице на ВМРО-ДПМНЕ вели дека оние што не го прифатиле новиот начин на работење веќе не се во партијата оливера воЈновска Господине Милошоски, зошто сте толку сигурни дека Вашата партија ќе победи на изборите? - СДСМ не успеа да ја искористи својата шанса и ...

Ветувањата се реални, резултатите - за две години

Време - 12.06.2006

АНТОНИО МИЛОШОСКИ, НОСИТЕЛ НА ПРАТЕНИЧКА ЛИСТА НА ВМРО-ДПМНЕ Сунчица Стојановска Со сериозни проекти влегува ВМРО-ДПМНЕ во изборната трка од која ќе излезе како победник затоа што има идеи и луѓе подготвени да го остварат тоа што го ветуваат, оптимистички најавува Антонио Милошоски, поранешен ...