TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Русија и Македонија со спротивни позиции за Косово

А1 - 24.06.2007

Зад срдечноста на двајцата претседатели Владимир Путин и Бранко Црвенковски и секако добрите политички односи меѓу нивните земји, Русија и Македонија имаат дијаметрално спротивставени позиции по прашањето на идниот статус на Косово.

Ако Русија стави вето на планот на Ахтисари косовскиот парламент ќе прогласи независност

Канал5 - 24.06.2007

„Ако Русија стави вето на планот на Марти Ахтисари за контролирана независност, косовскиот парламент ќе прогласи независност на протекторатот, изјави поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи, изразувајќи очекување дека веднаш потоа независноста би ја потврдиле и САД и ЕУ.

Советот за безбедност не постигна договор за Косово

А1 - 23.06.2007

Советот за безбедност ниту по ноќешните преговори не постигна согласност за статусот на Косово, јавуваат медиумите. Според истите извори, како главна пречка на средбата меѓу Русија и Западот беше т.н. „автоматизам“ по кој ќе се решава прашањето за покраината.

САД ќе го признаат Косово

Време - 23.06.2007

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД САД И РУСИЈА Американскиот конгресмен Том Лантош, им се заканил на претставници на руската Дума дека САД, Британија, Франција и Полска ќе го признаат едностраното прогласување на независност на Косово доколку решението за косовското прашање не биде усогласено во рамките на ...

Во Советот за безбедност без договор за вториот предлог- резолуција за Косово

Канал5 - 23.06.2007

Амбасадорите на државите-членки на Советот за безбедност на ОН доцна синоќа не успеаја да се договорат околу новиот предлог на резолуција за Косово, а рускиот амбасадор Виталиј Чуркин најави дека неговата земја нема да учествува во понатамошните консултации за американско-европскиот предлог кои на ...

Русија ја отфрла новата резолуција за Косово

Време - 22.06.2007

ПО НОВИОТ ПРЕДЛОГ ОД САД И ЕУ Русија ја отфрла новата резолуција што ја доствија САД и Европската Унија до Обединетите Нации, со која на Белград и на косовските Албанци им се овозможува рок од 120 дена за изнаоѓање заедничко решение за идниот статус на покраината, пренесе МИА.

ЕУ го предупреди Косово да не прогласува независност

Вест - 22.06.2007

ПРИШТИНА, 22 јуни (Ројтерс) - Европската Унија вчера го предупреди Косово против "неодговорно" прогласување на независност откако Русија повторно ја отфрли резолуцијата на ОН поддржана од Западот која би ја дозволила независноста во пракса.

ЕУ го предупредува Косово да не прогласува независност

Утрински - 22.06.2007

Лене: Би бил огромен чекор назад доколку косовските Албанци го преземат прашањето во сопствени раце ПРИШТИНА - Европската унија вчера го предупреди Косово да не прогласува „неодговорно“ независност откако Русија повторно ја одби резолуцијата на ОН, поддржана од Запад, со која ефективно ќе се одобри ...

ЕУ бара од Приштина да не трча пред ОН

Дневник - 22.06.2007

Русија завчера ја отфрли и новата верзија на предлог-резолуцијата за Косово, посочувајќи дека при нејзината подготовка не биле прифатени предлозите на Москва Европската Унија вчера ги предупреди властите во Приштина да не прогласуваат самостојно независност на Косово откако Русија ја отфрли и ...

Косово сепак ќе се реши со војна

Вечер Прес - 22.06.2007

Новата предлог-резолуција за Косово, подготвена од ЕУ и САД, која беше дистрибуирана вчера во централата на ОН во Њујорк, предвидува одлагање на независноста на Косово за 120 дена. Меѓутоа, доколку Албанци и Срби не се договорат во тој период, предложената надгледувана независност на Косово ќе се ...

Претставена третата Нацрт-резолуција за Косово

А1 - 21.06.2007

САД, Велика Британија и Франција вчера ја претставија третата Нацрт-резолуција за Косово, во која се истакнува дека после 120 дена нови преговори на српските и косовските Албанци, одредбите од резолуцијата ќе стапат во сила „доколку Советот за безбедност не одлучи поинаку по оценката добиена врз ...

Извадоци од новата нацрт-резолуција за Косово

Канал5 - 21.06.2007

САД, Велика Британија и Франција вчера ја претставија третата Нацрт-резолуција за Косово, во која се истакнува дека после 120 дена нови преговори на српските и косовските Албанци, одредбите од резолуцијата ќе стапат во сила „доколку Советот за безбедност не одлучи поинаку по оценката добиена врз ...

Косово се одложи до ноември?

Време - 21.06.2007

НОВ ПРЕДЛОГ НА БРИТАНИЈА И САД САД и Британија ќе предложат нови преговори за Косово, кои ќе траат четири месеци, по што, ако Србите и Албанците не постигнат договор, автоматски би се применила резолуцијата на Марти Ахтисари, кој предлага Косово да добие надгледувана независност.

4 месеци да се убеди Русија да попушти за Косово

Вест - 21.06.2007

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АП) - САД и европските земји сакаат да ја дистрибуираат резолуцијата на Советот за безбедност која бара 4-месечно одлагање на план за независност на Косово за да се добие одобрување од Русија. Документот вчера е пратен на владите за ревизија во последен момент пред да биде ...

Запад бара четиримесечно одложување на независноста за Косово

Утрински - 21.06.2007

По 120 дена, ако разговорите бидат неуспешни, резолуцијата автоматски ќе го стави во сила планот за независност на Ахтисари ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Соединетите Американски Држави и европските држави вчера пуштија да циркулира Предлог-резолуција во Советот за безбедност на ОН во која се бара четиримесечно ...

Србија има нова платформа за Косово

Дневник - 20.06.2007

Србија изработила документ со нови идеи за решавањето на статусот на Косово и и' го предала на Русија, но се' уште не добила одговор, пишува белградскиот весник „Глас јавности“. Основа на документот е досегашниот став на Белград дека Косово може да добие само широка автономија, но во рамките на ...

Дел Понте побара одложување на Косово

Време - 20.06.2007

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, од Советот за безбедност на Обединетите нации побара да не се брза со одлуката за Косово, бидејќи ако Косово стане независно, Србија нема да го предаде воениот злосторник Ратко Младиќ, јави новинската ...

Косово - во Советот за безбедност или меѓу САД и Русија!

Утрински - 20.06.2007

Мислења ЈАНА ЛОЗАНОСКА Застојот нема да се надмине брзо ако Русија и САД околу противракетниот систем го вмешаат и Косово Во еден претходен напис посочив за големата веројатност од блокирање на Советот за безбедност (со ставање вето) доколку статусот на Косово се стави на неговата агенда.

Косово против нови преговори за предлогот на Ахтисари

А1 - 19.06.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку синоќа изјави дека Приштина во ниту еден случај нема да дозволи повторно да се преговара по предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за статусот на Косово, јавија белградските медиуми.

Македонската и косовската полиција мора да соработуваат

Време - 19.06.2007

МВР Соработката меѓу македонската и косовската полиција мора да продолжи за да се задржи и зачува стабилноста во регионот и да се подобрат условите за граѓаните - е заклучокот од средбата на министерката Јанкуловска со нејзиниот косовски колега Кучи.

Македонската и косовската полиција заедно против криминалот

Утрински - 19.06.2007

Македонската и косовската полиција ќе ја унапредуваат соработката во борбата против криминалот. За таа цел патроли на двете полиции ќе работат во надзор на државната граница. Ова го договориле министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и нејзиниот косовски колега Блерим Куќи на ...

Безбедноста на регионот зависи од Косово

Дневник - 19.06.2007

Безбедносната состојба на Косово зависи од признавањето на независноста на покраината, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Блерим Кучи, на вчерашната средба во Скопје со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Косово ќе ги продолжи преговорите по барање на ЕУ

Утрински - 19.06.2007

Приштина - Косовскиот преговарачки тим сигурно нема да го одбие продолжувањето на преговорите за статусот на покраината доколку го побара тоа меѓународната заедница, објави приштинскиот весник „Експрес“. Весникот наведува дека членовите на преговарачкиот тим сметаат дека новите преговори нема да ...

Средба Кучи - Јанкуловска

Вечер Прес - 19.06.2007

"Денешната средба со министерот за внатрешни работи на Косово ја посветивме на унапредување на меѓусебната соработката во борбата против криминалот, со оглед на настаните кои престојат на регионот проценивме дека нашата соработка треба да биде постојана, отворена и непосредна", рече министерката за ...

Кучи: Стабилноста на Македонија зависи од стабилноста на Косово

А1 - 18.06.2007

Стабилноста на Македонија зависи од стабилноста на Косово. Вака мисли косовскиот министер за внатрешни работи Блерим Кучи, кој по првата средба со Јанкуловска од Скопје порача дека одредувањето на статусот на Косово ќе има влијание на безбедноста во Македонија и целиот регион.

Нова резолуција за Косово и обновување на преговорите

Време - 18.06.2007

СПОРЕД АЛБАНСКИОТ ВЕСНИК „ЗЕРИ“ Експерти од САД, Британија, Франција, Германија и Италија на средба во Њујорк, ја финализирале новата нацрт резолуција за Косово, според која се предвидува обновување на резолуцијата 1244 на 120 дена и продолжување на преговорите, тврди приштинскиот весник „Зери“, ...

Блерим Куќи: Безбедноста на Македонија зависи од статусот на Косово

Канал5 - 18.06.2007

Безбедноста на Косово и на Македонија зависи од статусот на протекторатот – порача од Скопје, косовскиот министер за внатрешни работи. Не одговори директно зошто Македонија ја преставува како заложник на преговорите околу конечниот статус на Косово, но јасно укажа дека безбедноста во регионот, во ...

Резолуција од ОН за нови преговори за Косово

Дневник - 18.06.2007

САД, Британија, Франција, Германија и Италија подготвиле нова предлог-резолуција за Косово, која предвидува рок од четири месеци за нови преговори меѓу Белград и Приштина за компромисно решение, тврди приштинскиот весник „Зери“.