TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајкот на военото воздухопловство ставен во мирување

Вест - 30.03.2002

ПО СРЕДБАТА СО МИНИСТЕРОТ ПОПОВСКИ, ВОЕНИТЕ ПИЛОТИ ДЕЛУМНО ЗАДОВОЛНИ Заостанатата хранарина ќе им биде исплатена на пилотите, а за решавање на станбените проблеми, договороено е да се формира комисија која ќе работи на распределба на нераспределените станови и ќе има за "Министерот за одбрана Владо ...

Српските железничари го прекинаа штрајкот

Утрински - 30.03.2002

По десетдневни протести за повисоки плати БЕЛГРАД - Српските работници во железницата во четвртокот го прекинаа десетдневниот штрајк, откако постигнаа договор со владата за зголемување на платата за четири отсто, соопштија синдикалните лидери.

Штрајкот на српските железничари го потресе македонското стопанство

А1 - 29.03.2002

Заврши штрајкот на железничарите во Србија. 29-те илјади вработени во српската железница од владата во Белград издејствуваа зголемување на платите за три проценти, што се толкува како своевиден компромис бидејќи штрајкувачите бараа 5 процентно поголеми плати.

Пилотите привремено го ставија штрајкот во мирување

Утрински - 29.03.2002

По средбата со министерот за одбрана Штрајкот на летачкиот и на техничкиот кадар на Военото воздухопловство од ВП 1969 во касарната во Петровец од вчера привремено е ставен во мирување, бидејќи со Законот за одбрана е предвидено да трае најмногу три дена.

Во "Винка" сите со иста плата

Утрински - 29.03.2002

Прекинат штрајкот во Виница По речиси едномесечен штрајк, раководството на "Винка" ги прифати сите барања на незадоволните работници, по што беше прекинат штрајкот. Ванчо Димитровски, претседател на Синдикалната организација, истакнува дека е задоволен од крајниот исход на долгиот и мачен протест ...

Министерот ќе ги исполни барањата на воените пилоти

А1 - 28.03.2002

За денешната втора по ред средба со министерот за одбрана Владо Поповски, штрајкувачите од авио бригадата во Петровец изјавија дека била поконкретна, а министерот им дал ветување дека ќе се заложи за исполнување на нивните барања.

Заробени 160 вагони стока за Македонија

Утрински - 28.03.2002

Штрајкот на железничарите во Србија продолжува Штрајкот во "Југословенски железници", кој трае веќе десет дена, катастрофално се одразува и врз Македонија, бидејќи големи количества најразлична стока стојат "заробени" на пругите во СРЈ.

Поддршка од ССМ за барањата на пилотите

Утрински - 28.03.2002

И вчера продолжи штрајкот во ВП 1969 во Петровец Скопје - Воените пилоти вчера продолжија да штрајкуваат, собирајќи се повторно пред влезот на касарната "Страшо Пинџур" во Петровец, но и извршувајќи ги неопходните активности на работното место заради зачувување на безбедноста на земјава.

Пилотите денеска ќе разговараат со министерот Поповски

Дневник - 28.03.2002

ШТРАЈК НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА БРИГАДА Штрајкот во воздухопловната бригада на АРМ што во согласност со Законот за одбрана дозволува да не се работи само три дена, вчера мораше да биде прекинат, информираше Штрајкувачкиот одбор. Одлучно е штрајкот да продолжи наредната недела, а денеска таа одлука ќе му ...

По три дена заврши штрајкот на воените пилоти

А1 - 27.03.2002

Поради законските ограничувања, по три дена заврши штрајкот на воените пилоти и останатите припадници на воздухопловната бригада. Но според синдикалците, поднесено е барање за нов тридневен штрајк со можност тој да биде подржан и со учество на други единици на арм.

Летачите на "ми 24" и на "сухој" чекаат одговор од министерот Поповски

Вест - 27.03.2002

ШТРАЈКОТ НА ПИЛОТИТЕ ВО АРМ ЗАВРШУВА ДЕНЕС Ако утрешниот одговор од министерот на нивните барања биде негативен, штрајкувачкиот одбор најавува дека за пет дена ќе продолжат со нови три дена штрајк, како што им дозволува Законот за одбрана "Нашиот штрајк официјално завршува денес, како што ...

Се додека нема пари во пликот, нема да има ни пилот во авионот

Дневник - 27.03.2002

ШТРАЈК ВО ВОЕНАТА АВИЈАЦИЈА Бидејќи во преговорите со министерот за одбрана не издејствуваа поголема плата, ниту пак им беше задоволено некое од другите барања, пилотите продолжија да штрајкуваат пред капијата на касарната "Страшо Пинџур" во Петровец.

Застој во железничкото снабдување на македонската индустрија

А1 - 26.03.2002

Штрајкот на железничарите во Србија направи застој во снабдувањето на македонската индустрија со суровини. После шест дневно задржување, денеска еден воз со суровини е пропуштен од Србија во Македонија. 18 вагони со винил хлорид мономил шест дена чекаа во селото Ристовац, близу Македонија, а веќе ...

Воените пилоти чекаат повторна средба со министерот за одбрана

А1 - 26.03.2002

Припадниците на воздухопловната бригада на Армијата на Македонија денеска го продолжија штрајкот започнат во понеделник. Воените пилоти и техничкиот персонал бараат зголемување на вредноста на бодот или негово изедначување со сите припадници на АРМ, потпишување на колективен договор, изработка на ...

Хероите од хеликоптерите летаат за 11.000 денари месечно

Вест - 26.03.2002

ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО НА АРМ ВО ШТРАЈК "За воената криза бевме жива мета, се враќавме со изрешетани хеликоптери, и никој, ни тогаш ни сега, не се запраша за нашето достоинство, да прашаше како живеат овие луѓе со 11.000 денари месечна плата...

Штрајк во Радио и телевизија Гевгелија

Утрински - 26.03.2002

Поради неисплатени плати ГЕВГЕЛИЈА - Повеќемесечниот штрајк во Радио и телевизија Гевгелија повторно е активиран, а вработените тоа вчера го најавија со едноминутен прекин на радио и телевизиската програма. Како причина за штрајкот Синдикалната организација ги наведува неисполнетите барања и ...

Пилотите штрајкуваат за да го приземјат министерот

Дневник - 26.03.2002

НЕУСПЕШНИ ПРЕГОВОРИ ВО Министерството за Одбрана Штрајкувачите бараат иста вредност на бодот за плата како сите други припадници на АРМ Воените пилоти и техничкиот кадар на Воздухопловната бригада на АРМ, незадоволни од третманот, вчера почнаа штрајк, бидејќи не добија конкретен одговор од ...

Штрајк на воените пилоти

А1 - 25.03.2002

Воените пилоти и механичари на Армијата на Македонија денеска во 7 часот го започнаа највениот штрајк на воениот аеродром Петровец, барајќи да бидат исполнети повеќе економски и социјални барања. Организатор на штрајкот е синдикатот на вработените во одбраната, а воените пилоти бараат зголемување ...