TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски: Кризата во коалицијата е надмината

А1 - 18.11.2007

Владината коалиција ја надмина кризата, која настана по најавите на ДПА за поднесување интерпелација на заменик премиерот на НСДП, Живко Јанкуловски. Вчера Груевски ги седнал на заедничка маса Тачи и Петковски. „Петковски и Тачи разговараа отворено за сите работи и на крајот најдовме начин како да ...

Надминати проблемите во владејачката коалиција помеѓу НСДП и ДПА

Канал5 - 18.11.2007

Проблемите во владината коалицијата се надминати, тврди премиерот Груевски по заедничката средба што ја имал со лидерите на ДПА и НСДП Тачи и Петковски. Не открива детали од разговорите, ниту дали ДПА ќе ја повлече интерпелацијата против вицепремиерот од НСДП Јанкуловски.

Груевски ќе ги мири ДПА и НСДП

Дневник - 17.11.2007

Нема криза во коалицијата, има само проблеми што ќе се решат, смета премиерот Премиерот Никола Груевски на средби со Мендух Тачи и со Тито Петковски ќе се обиде да ги надмине недоразбирањата во владејачката коалиција. Премиерот е дециден дека ќе нема реконструкција на Владата.

Груевски ги кандисува заедниците

Време - 17.11.2007

ВЛАСТА НА СИТЕ СТРАНИ БАРА СТАБИЛНО МНОЗИНСТВО Сунчица Стојановска Премиерот Груевски се пазари со пратениците од етничките заедници да се приклучат кон владејачкото мнозинство. Целта е да се обезбеди стабилно мнозинство, откако НСДП откажа послушност кога гласаше за интерпелација на ...

Груевски ќе менува министри во декември

Утрински - 17.11.2007

Антонио Милошоски и Трајко Славески ја губат довербата на премиерот СОЊА КРАМАРСКА Груевски им најавил владина реконструкција на коалициските партнери за почетокот на декември, тврди за „Утрински весник“ висок извор од владејачката коалиција.

Бродец во НАТО

Вест - 17.11.2007

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Сите качаци, војводи, четници и партизани се појавија во Собранието затоа што Елмази тепа како српски џандар 1 ДПА се закани дека ако падне нивниот заменик-министер за внатрешни работи Рефет Елмази, ќе падне и Владата.

Ќе одиме партизани, ама Живко не го даваме!

Вест - 17.11.2007

НСДП СО СТАВ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЈАНКУЛОСКИ НСДП ќе крене бунт во земјата ако некој се дрзне во Собрание да го смени вицепремиерот Живко Јанкулоски, за кого ДПА завчера поднесе интерпелација. "Ќе заминеме во партизани, ама Живко не го даваме".

Нема криза во владината коалиција

Вечер Прес - 17.11.2007

НСДП гласаше за смена на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. ДПА ја поддржува смената на министерката за економија Вера Рафајловска, а бара и разрешување и на вицепремиерот Живко Јанкуловски. ЛДП и помалите етнички заедници тврдат дека постојано добиваат понуди за влез во владината ...

Груевски: Нема криза во коалицијата

А1 - 16.11.2007

Има проблеми, но не и криза во коалицијата. Ова е одговорот на Груевски по вчерашната досега најжестока пресметка меѓу коалиционите партнери Петковски и Тачи. „Се надевам дека двете партии НСДП и ДПА ќе најдат начин да ги надминат тие недоразбирања.

ДУА го осудува Елмази за акцијата во Бродец

Утрински - 16.11.2007

„Собранието на Македонија стана театарска сцена на која пратениците се трудат да ни импонираат со комична претстава во време кога надвор од Собранието се случува трагедија“, истакнува преку соопштение лидерот на Демократската унија на Албанците, Бардуљ Махмути.

Криза во Владата, Груевски растргнат од ДПА и НСДП

Утрински - 16.11.2007

Мендух Тачи грубо ги штити своите интереси без да води сметка за ризикот за Владата СОЊА КРАМАРСКА „Односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Нова социјалдемократска партија (НСДП) не се толку многу во криза колку што се во криза односите меѓу НСДП и Демократската партија на Албанците (ДПА)“, изјави вчера висок ...

ДПА и' го возвраќа ударот на НСДП, бара смена на Јанкуловски

Утрински - 16.11.2007

Догани изјави дека НСДП веќе подолго време не се однесува како коалициски партнер во Владата Каде плови владиниот брод: коалиционите партнери со интерпелации едни против други ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Демократската партија на Албанците вчера му го возврати ударот на коалицискиот партнер во Владата, НСДП, ...

Тито и работи зад грб на Владата

Време - 16.11.2007

ДПА ВРАЌА ЗА ЕЛМАЗИ Сунчица Стојановска ДПА поведе иницијатива за одговорност на Живко Јанкуловски, потпретседател на Владата задолжен за земјоделство и образование. Партијата на Тачи ќе гласа и за интерпелацијата за министерката за економија Вера Рафајловска, која ја поднесе СДСМ за продажбата на ...

Ако падне Јанкуловски НСДП ќе го преиспита учеството во владата

Канал5 - 16.11.2007

ДПА ја поднесе интерпелацијата за заменик претседателот на владата Живко Јанкуловски кој е од редовите на НСДП. Со образложение дека предизвикал криза со шеќерната репка Тачи сака да се реваншира со Петковски. ДПА ја поднесе интерпелацијата за заменик претседателот на владата Живко Јанкуловски кој ...

Елмази ја преживеа интерпелацијата

Утрински - 16.11.2007

Заменик-министерот за внатрешни работи, Рефет Елмази, ја преживеа интерпелацијата во парламентот, што за опозицијата беше уште еден доказ за силното влијание на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во Владата. За разрешување на Елмази гласаа 27 пратеници од опозицијата - СДСМ, ЛДП и ДУИ, меѓу кои и тројца ...

Остав за НСДП, ишарет за ЛДП

Дневник - 16.11.2007

ДПА од вчера собира потписи за разрешување на вицепремиерот Живко Јанкуловски, а најави и дека ќе ја поддржи и интерпелацијата за министерката за економија Вера Рафајловска ДПА му помага на премиерот Никола Груевски да ја исклучат НСДП од владината коалиција и испраќа сигнали до ЛДП и до ...

ДПА бара смена на Јанкуловски и Рафајловска

Вечер Прес - 16.11.2007

И без гласовите на четворица од шесте пратеници на НСДП, заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази ја преживеа интерпелацијата поднесена од опозициската ЛДП. Со 27 гласа "за" и 53 "против" беше отфрлено барањето за смена на Елмази, но како што и најавија, ДПА вчера го врати ударот кон ...

ДПА бара разрешување на двајца министри од НСДП

А1 - 15.11.2007

Пресметка во владината коалиција. ДПА собира потписи за интерпелација на вицепремиерот од НСДП Живко Јанкуловски, не биле задоволни од неговата работа во секторот земјоделство. Ќе го поддржеле и барањето на СДСМ - за смена на министерката по економија Вера Рафајловска.

Коалиција- да, НАТО- не!

Утрински - 15.11.2007

Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ Груевски ја загрозува европската и НАТО -иднина на Македонија за да ја зачува алијансата со ДПА! Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се покажува како неприкосновен генератор на кризи, не само политички, кои навикнавме да ги гледаме во изминатава година и некој месец, туку и ...

ДПА со интертерпелација за вицепремиерот Јанкуловски

Дневник - 15.11.2007

ДПА ќе поднесе интерпелација за вицепремиерот за земјоделство и образование Живко Јанкуловски, кадар на НСДП. Ова е „реципрочниот“ одговор на партијата на Мендух Тачи откако пратениците од НСДП најавија дека ќе гласаат за изразување недоверба на заменикот-министер за внатрешни работи Рефет Елмази.

ДУИ: Власта ризикува криза

Дневник - 15.11.2007

Заменик-министерот Рефет Елмази ја обвини ДУИ дека планирала да ја урне власта Најголемите партии на етничките Албанци во Македонија разменија серија политички рафали по акцијата во Бродец, а ДУИ ја предупреди власта дека ризикува длабока криза со елементи на вонредна состојба.

Скандалозен настап на Тачи во Собранието

Утрински - 15.11.2007

Манасиевски, Шекеринска, Црвенковски и Глигоров се мали четничиња, рече Тачи ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вчера во Собранието за време на расправата за интерпелацијата на заменик-министерот Рефет Елмази, ги навреди експретседателот Киро Глигоров, шефот на државата, Бранко ...

ДПА врати за Елмази со интерпелации за Јанкуловски и Рафајловска

Канал5 - 15.11.2007

Елмази повлече поместувања во владината коалиција, Тачи врати на Петковски – ДПА бара разрешување на вице премиерот Живко Јанкуловски, а ќе ја поддржи и интерпелацијата од СДСМ за неговата министерка Вера Рафајловска. Елмази повлече поместувања во владината коалиција, Тачи врати на Петковски ДПА ...

Шеќеринска: Само инцидент го спасува Елмази

Вест - 15.11.2007

СДСМ ги обвини ДПА и ВМРО-ДПМНЕ дека со провоцирање инциденти сакаат да ја прекинат седницата на која се расправа за интерпелацијата на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. "ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски се наоѓаат пред избор - да ја загрозат владината коалиција и да изгласаат ...

Груевски заложник на Тачи

Вест - 15.11.2007

СОБРАНИЕТО ПАК ПРЕД ТЕПАЧКА Лидерот на ДПА Мендух Тачи и пратеници на СДСМ вчера во Собрание се навредува меѓусебно со четници и војводи Собранието вчера работеше во вонредни услови. Седницата неколкупати беше прекината поради меѓусебните навреди меѓу пратениците од ДПА и СДСМ.

Вејсели: СДСМ и Србија ја дестабилизираат Македонија

Време - 15.11.2007

ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ВО СОБРАНИЕТО Сунчица Стојановска СДСМ соработува со структури во Србија за да се дестабилизира Македонија, обвини Абдулади Вејсели од ПДП. Рефет Елмази, заменик-министер за внатрешни работи, повтори дека се потврдиле сознанијата оти низ северниот дел на Македонија се движат ...

Членови на ДУИ беа во директна врска со екстремистите од Бродец

Време - 15.11.2007

РЕФЕТ ЕЛМАЗИ ОБВИНИ Демократската унија за интеграција вчера остро ги отфрли обвинувањата на Рефет Елмази, заменик-министерот за внатрешни работи, дека партиски членови контактирале со припадници на паравоените формации во Бродец.

Тачи броеше четници и крвници

Дневник - 15.11.2007

ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Собраниската седница неколкупати беше прекината за да се спречи ескалација на жестоките навреди помеѓу власта и опозицијата Четници и четничиња со кокарди, водници, војводи, убијци, српски генерали се некои од зборовите што послужија за жестоки навреди вчера во Собранието .

Елмази предизвика собраниска бура

Вечер Прес - 15.11.2007

- Ако јас сум војвода, вие сте четници, водници со конкарди на чело. Помлад водник е Манасијевски, постар водник е Шекеринска, а водник прве класе се Бранко Црвенковски и Киро Глигоров. На сите нив местото им е во Хаг со Милошевиќ.

Меѓуалбански конфликт за акцијата во Бродец?

Вечер Прес - 15.11.2007

Кога беше потребно јас ги зедов моите најблиски и излегов во планина.Ако биде потребно повторно ќе излезам,рече Рафиз Алити од ДУИ по обвинувањата од ДПА дека,на терен ги поддржал криминалните групи во Бродец Рефет Елмази не може да ми каже каде да се движам и не е во позиција да ја крои мојата ...

Расправата за Елмази падна во сенка на обвинувањата

А1 - 14.11.2007

Дебатата по интерпелацијата за заменик министерот Елмази падна во сенка на меѓусебните обвинувања власт-опозиција, околу политичко безбедносните состојби, случувањата во тетовско Бродец зачинети со меѓусебни обвинувања за сценарија за дестабилизација на државата.

Елмази се брани со акцијата во Бродец

Дневник - 14.11.2007

Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се испазариле Тачи да го даде Елмази, а за возврат да го добие Министерството за транспорт илиодбрана Никола Груевски се исплаши од заканите на ДПА дека ќе ја урнат Владата, со што се докажа оти премиер е Мендух Тачи, реагира опозицијата откако по барање на Ружди ...

Расправата за Бродец го спаси Елмази

Вест - 14.11.2007

СОБРАНИЕТО МЕЃУ ПРИОРИТЕТИТЕ И ДНЕВНАТА ПОЛИТИКА Собранието вчера, по барање на ДПА, го прекина претресот по интерпелацијата за заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, за дополнителни консултации. По паузата, ДПА излезе со ново барање - да се остави настрана интерпелацијата и да се ...

„Планинска луња“ пред пратениците

Утрински - 14.11.2007

Итната седница за настаните во Бродец се одржа по барање на пратениците на ДПА Дел од запленетото оружје во сокаците на Бродец СВЕТЛАНА УНКОВСКА Парламентот вчера попладне започна итна седница на која како единствена точка на дневниот ред беше информацијата за минатонеделната полициска акција во ...

Власта од Елмази прави херој во парламентот

Утрински - 14.11.2007

Прекината интерпелацијата за Елмази, опозицијата ја напушти седницата, за нив премиер на Македонија е Тачи, а не Груевски Додека Георгиевски го ставаше на гласање предлогот на Матоши, пратениците од опозицијата гласно негодуваа, свиркаа и извикуваа „хохштаплери“! ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Демократската ...

Власта купува време да се испазари за Елмази

Време - 14.11.2007

СОБРАНИЕТО ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА Сунчица Стојановска Собранието вчера ја прекина седницата за интерпелација на заменикот министер за внатрешни работи Рефет Елмази. Наместо тоа, на барање на ДПА беше закажана итна седница за полициската акција во Бродец.

Груевски застана зад заменик министерот од ДПА- Рефет Елмази се извлече од интерпелацијата

Канал5 - 14.11.2007

Рефет Елмази останува заменик министер за внатрешни работи – ВМРО ДПМНЕ му помогна на Тачи Елмази да ја преживее интерпелацијата. Не беа доволни 27 те гласови за на СДСМ, ЛДП и пратениците на Петковски наспроти 53 те на ДПА и ВМРО ДПМНЕ.

Стопирана интерпелацијата на Елмази

Вечер Прес - 14.11.2007

На барање на пратеничката група на ДПА, а со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше прекината собраниската расправа по интерпелацијата за заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. На партијата од чии редови доаѓа Елмази им биле потребни дополнителни консултации во пресрет на гласањето за ...

Собранието дебатираше за Бродец

А1 - 13.11.2007

Акцијата „Планинска бура“ е изведена по претходно добиени оперативни сознанија дека во околината на Бродец престојува криминално-екстремистичка група, при чие апсење е пружен отпор, а од страна на полицијата употребена сразмерна сила.

Собранието расправаше за разрешување на Елмази

Утрински - 13.11.2007

Господа од ВМРО-ДПМНЕ, немојте да излезете со наведнати глави, рече Жерновски Рефет Елмази ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Либералдемократот Андреј Жерновски вчера ги повика колегите- пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не бидат соучесници во скандалот што ги шокираше Брисел и Вашингтон и да ја поддржат ...

Рефет Елмази тест за владината коалиција

Дневник - 13.11.2007

Собранието вчера ја почна расправата по интерпелацијата на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази. Пратеникот на ДПА Ружди Матоши оцени дека Владата може ќе падне, откако НСДП се изјасни дека ќе гласа да падне функционерот од МВР.

Ако гласате за смена на Елмази, паѓа Владата

Вест - 13.11.2007

ДПА ЈАВНО ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ВЛАДИНИТЕ ПАРТНЕРИ ДПА вчера за прв пат во Собранието јавно им се закани на коалиционите партнери дека ако ја поддржат интерпелацијата за работата на заменик - министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, ќе падне Владата.

Тачи не сака власт без Елмази - заменик министерот го тресе кабинетот на Груевски

Канал5 - 13.11.2007

Рефет Елмази ја тресе владата, а и парламентот е во сериозна политичка криза. Прекината е расправата за интерпелацијата - пратениците на Груевски, го поддржаа ваквото барање на ДПА – опозицијата го напушти Парламентот. Рефет Елмази ја тресе владата, а и парламентот е во сериозна политичка криза.

Елмази на тапет

Вечер Прес - 13.11.2007

Собранието вчера ја почна расправата по интерпелацијата на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, поднесена од ЛДП поради неговото учество во септемвриските тепачки во Собранието. Владејачката ДПА не признава вина за функционерот од нивните редови, а вчера дури се закани дека може да ...

Опозицијата побара да се прифати интерпелацијата на Елмази

А1 - 12.11.2007

Опозицијата смета дека заменик министерот Елмази, во случајот со пратеникот Положани има јасна одговорност. Опозициските пратеници побараа, мнозинството да ја прифати интерпелацијата за Елмази. Заменик министерот во своја одбрана врати, дека на опозицијата и пречи тоа што тој како кадар на ДПА во ...

Наспроти коалиционите партнери, НСДП ќе гласа за Извештајот на Анкетната

Утрински - 12.11.2007

Виновниците треба да сносат одговорност и тука немаме право на никакви компромиси, смета Тито Петковски Може ли Извештајот за одговорноста на учесниците во собраниската тепачка кој го донесе Анкетната комисија да биде повод за посериозни разнишувања на владејачката коалиција? Ако се цени според ...

НСДП не прифаќа пазарење за извештајот на Анкетната комисија

Вест - 12.11.2007

"Ние сметаме дека Анкетната комисија е направена токму за да му предложи на Собранието политички мерки. Анкетната комисија нема истражни функции, не може да компензира суд и јавно обвинителство, но ако со мнозинство гласови заклучи дека треба да се изречат некои политички мерки, апсолутно ние, како ...

Одложено гласањето за одговорноста за заменик - министерот за внатрешни Елмази

Канал5 - 12.11.2007

Се отвори расправата во парламентот за одговорност на Рефет Елмази со закана од ДПА до Груевски и Петковски да не гласаат за интерпелацијата ако не сакаат да падне владата. Се отвори расправата во парламентот за одговорност на Рефет Елмази со закана од ДПА до Груевски и Петковски да не гласаат за ...

Петковски ќе гласа за извештајот на Анкетната комисија

Време - 12.11.2007

ВЛАСТА СЕ ПОДЕЛИ ОКОЛУ ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ТЕПАЧКИТЕ Новата социјалдемократска партија целосно ќе го прифати извештајот на Анкетната комисија за тепачките во Собранието, вели Тито Петковски, претседател на НСДП. Со тоа НСДП ќе биде единствената партија од власта која ќе гласа за извештајот, откако ВМРО ...