Мисијата на ОН на Косово го отфрли денеска барањето на властите од Србија да се поништи изборот на Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, за нов премиер на покраината. Портпаролот на УНМИК Џеф Бајли, како што јавува Макфакс, изјави денеска дека изборот на Харадинај бил „волја ...
Властите во Србија вознемирени од именувањата во Приштина БЕЛГРАД - Србија побара од администраторот на ОН во Косово да ја поништи одлуката за изборот на новиот премиер на покраината, поранешен воен лидер обвинет од страна на Србите за воени злосторства.
На денешната вонредна седница на Владата на Србија, највисоките функционери на Републиката и државната заедица го осудија изборот на Рамуш Харадинај за премиер на Косово. Со седницата претседаваше премиерот Воислав Коштуница, кој го искористи овој собир, да му упати апел на Сорен Јесен Петерсен, ...
Косовскиот Парламент го избра Рамуш Харадинај за нов премиер на Косово, и покрај противењето на високи преставници на ЕУ и фактот дека некогашниот командант на ОВК е под истрага на Хашкиот трибунал за воени злосторства. Истражителите на Трибуналот ја проверуваа одговорноста на Харадинај за ...
За политиката на косовската влада треба да се суди само врз основа на степенот на спроведувањето на демократските стандарди и резолуцијата 1244 – укажа Хавиер Солана и предупреди - хашкото обвнинение против Харадинај значително ќе го отежне тоа, како и За политиката на косовската влада треба да се ...
ПРИШТИНА, 4 декември (Ројтерс) - Парламентот на Косово вчера го избра поранешниот командант на УЧК Рамуш Харадинај за премиер на покраината игнорирајќи ги западните стравувања дека тој би можел да биде осуден за воени злостоврства до крајот на годината.
ВЧЕРА ВО ПРИШТИНА Новиот автономен парламент на Косово вчера ја одржа својата прва седница, на која се очекуваше поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај да биде избран за премиер, а Ибрахим Ругова да добие нов претседателски мандат.
ПО ИЗБОРИТЕ НА КОСОВО Шефот на УНМИК рече ако Харадинај биде обвинет за воени злосторства, Косово ќе ги исполни обврските кон Хаг Косовското собрание вчера го изгласа за премиер на новата влада поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај, јави МИА.
ПРИШТИНА, 4 ДЕКЕМВРИ(МАКФАКС). - Косовскиот парламент вчера го реизбра Ибрахим Ругова за претседател на Косово, а Рамуш Харадинај за нов премиер на косовската Влада. За изборот на Ругова гласале 64 пратеници, а против биле 32. Парламентот има вкупно 120 пратеници.
Во интервју за косовскиот весник „Коха Диторе“ лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово, Хашим Тачи изјави дека кандидатот за премиер и прв човек на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, му признал дека сака само да добие власт и оти не го ...
Брисел, 30 ноември - Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија Хавиер Солана вчера во Брисел изјави дека евентуалното именување на лице обвинето за воени злосторства за косовски премиер ќе го отежне спроведувањето на стандардите и можниот почеток на ...
„Евентуалното именување на лице обвинето за воени злосторства за косовски премиер ќе го отежне спроведувањето на стандардите и можниот почеток на расправата за статусот на Косово“, изјави денска европретставникот за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана.