TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски не им се налутил на пратениците

Време - 10.12.2005

УСТАВНИ ИЗМЕНИ За претседателот Бранко Црвенковски е најважно што со уставните измени е направен крупен чекор за судски реформи, така што нема коментар на амандманите со кои му се оневозможија поголеми ингеренции во правосудството.

Уставните амандмани - чекор понапред до ЕУ

Утрински - 09.12.2005

СДСМ СДСМ го поздрави изгласувањето на уставните измени, оценувајќи дека тоа е крупна и клучна реформа за правниот поредок која ќе придонесе за подобро функционирање на независен и ефикасен судски систем. Социјалдемократите сметаат дека уставните измени се голем чекор напред кон исполнувањето на ...

Честитки за Народна, критика за ДПМНЕ

Вечер Прес - 09.12.2005

Социјалдемократскиот сојуз вчера упати честитки до ВМРО-Народна и Либералната партија за поддршката на уставните измени. Од СДСМ искажаа "огромно задоволство" од изгласувањето на уставните амандмани за реформа во судството. "Ова е крупна и клучна реформа за судството и правниот поредок во земјата.

Уставните измени поминаа со „осумка“

Време - 08.12.2005

ТЕНОК КОНСЕНЗУС ЗА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ Александра М. Митевска Единаесет члена од Уставот на Македонија што се однесуваат на правосудството се променети, откако вчера Собранието со 88 гласа „за“, или осум повеќе од неопходното мнозинство, ги прогласи уставните измени.

Уставните измени изгласани, ВМРО-ДПМНЕ остана против

Утрински - 08.12.2005

Парламентот со широк политички консензус ги изгласа уставните амандмани за реформи во правосудството Едни аплаудираа, а други провоцираа за Уставот ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собранието вчера со аплауз ги поздрави измените на Уставот во делот на правосудството, кои беа изгласани со широк политички ...

Дипломатите ги поздравија уставните измени

Утрински - 08.12.2005

РЕАКЦИЈА "Амандманите ја овозможуваат неопходната уставна рамка за основање вистинско независно судство", се зборовите на заедничката изјава на амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, амбасадорот на САД Џилијан А. Миловановиќ, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Карлос Паиш и командантот на ...

Уставот сменет, на ред е судството

Дневник - 08.12.2005

СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ АМАНДМАНИТЕ Со 88 гласа "за", осум "против" и со ниеден воздржан глас Собранието вчера ги усвои уставните амандмани, кои треба да бидат основа за реформи во судството. Амандманите ги поддржаа пратениците од коалицијата "За", ВМРО-НП и ЛП, а против беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ...

Политичкиот консензус покажа резултати

Вечер Прес - 08.12.2005

Собранието вчера го донесе пакетот од 11 уставни амандмани што треба да овозможат поголема независност и ефикасност на судството. "За" гласаа 88 пратеници, а измените го добија и потребното Бадинтерово мнозинство од 21 пратеник, кои припаѓаат на заедниците во Македонија.

Собранието ги усвои уставните амандмани

А1 - 07.12.2005

„Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за прогласување на амандманите 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29 и 30 на Уставот на РМ“, изјави Љупчо Јордановски, претседател на Собранието на РМ. Со политички договор беа донесени новите 10 уставни амандмани .

Власта уверена дека има широк консензус за измена на Уставот

Утрински - 07.12.2005

Бучковски и Ахмети ги усогласиле разликите за спорниот амандман за Обвинителството ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети ги испеглале разликите за спорниот 30 уставен амандман, прифаќајќи го предлогот на ВМРО-Народна законот за јавното обвинителство ...

Владата стокми гласови за Уставот

Дневник - 07.12.2005

ВТОРА ШАНСА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ Пратениците од ВМРО-НП ќе ги поддржат уставните амандмани, бидејќи Владата била конструктивна и прифатила законот за јавното обвинителство да се усвојува со двотретинско мнозинство. Според нив, поважно е со вакво мнозинство да се усвојува тој системски закон, ...

Дипломатскиот кор во РМ ги поздрави уставните измени

Канал5 - 07.12.2005

За Европската унија, САД, ОБСЕ и НАТО – усвојувањето на пакетот уставни амандмани е клучниот чекор во реформирањето на судството, што пак е основа за консолидација на владеењето на правото и на економскиот и социјалниот напредок.

Владата обезбеди двотретинско мнозинство

Вечер Прес - 07.12.2005

По неколкудневната пауза за дополнителни партиски консултации, се очекува денеска Собранието да го заокружи пакетот уставни амандмани. Расправата во петокот заглави кај 30. амандман, откако ДУИ одби да ги поддржи амандманите на Жарко Караџоски од ВМРО-Народна.

ЕУ, САД и ОБСЕ ги поздравија амандманите на Уставот

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Меѓународната заедница во Македонија го поздрави усвојувањето на пакетот уставни амандмани, како неопходна рамка за основање на вистински независно судство и побара нивно целосно имплементирање. Во заедничката изјава на специјалниот претставник на ЕУ и на Делегацијата на ЕК, амбасадорот ...

Собранието за уставните амандмани

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Македонското Собрание денеска треба да ја продолжи расправата за предлог-амандманите на Уставот од областа на правосудството. Не се исклучува можноста Собранието денеска да гласа за сите Уставни амандмани. Донесувањето на уставните амандмани беше прекинато во петокот поради дополнителни ...

Собранието ги прогласи амандманите на Уставот

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Македонското Собрание попладнево ги прогласи амандманите од XX до XXX на Уставот, кои се однесуваат на реформи во правосудството, откако беа усвоени и предлозите на проблематичните два амандмана кои се однесува на Обвинителството.

Изгласан Буџетот за 2006 година

Макфакс - 07.12.2005

Скопје Пратениците во македонското Собрание со 58 гласа “за“ и девет “против“ синоќа го донесоа Буџетот за 2006 година, кој ќе изнесува 1,7 милијарди евра, со многу мал процент на буџетски дефицит. Собранието денеска, како што е најавено треба да продолжи со 117 седница на чиј дневен ред ...

Собранието ќе го изгласа пакетот амандмани за судството

А1 - 06.12.2005

Утре е сосема извесно, Собранието ќе го изгласа пакетот амандмани за судството. По вчерашната средба Ахмети-Бучковски, паѓа во вода оптимизмот на Народна дека владеачките пратеници ќе дадат поддршка на амандманот со кој тие бараа Советот на обвинители да се избира со двотретинско мнозинство.

Бучковски и Ахмети го договориле спорниот амандман

Време - 06.12.2005

ПРЕД РАСПРАВАТА ЗА УСТАВОТ Владо Бучковски и Али Ахмети вчера, на средба во Владата, успеале да ги надминат разликите за проблематичниот амандман на Уставот, кој се однесуваше на советот на обвинители и поради кој ДУИ во петокот го закочи донесувањето на измените на Уставот.

Бучковски и Ахмети направија компромис за обвинителството?

Утрински - 06.12.2005

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Коалициските партнери се обидоа да ги деблокираат уставните измени Законите за јавното обвинителство и за судството да се носат со двотретинско мнозинство, а судиите и обвинителите во судскиот совет и во советот на обвинители да се избираат со просто, плус Бединтерово мнозинство.

Устав по волја на Ахмети

Дневник - 06.12.2005

премиерот и лидерот на ДУИ ги пеглаа уставните промени Премиерот Владо Бучковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ги надминале разликите за спорниот уставен амандман за советот на обвинители, но конечното решение го кријат. ДУИ на седницата во петокот не го прифати амандманот на ВМРО-НП законот за ...

Пред финална седница за Собрание за уставните амандмани

Канал5 - 06.12.2005

Владата има 80 пратеници, кои ќе гласаат утре за реформите во судството. ВМРО Народна е меѓу нив. Ќе ги поддржи уставните амандмани иако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ вчера се согласија единствено законот за јавно обвинителство да се носи со двотретинско мнозинство, а не и законот за совет на ...

Бучковски и Ахмети ги пеглаа разликите за уставните амандмани за судството

Канал5 - 06.12.2005

Проблемот во Собранието и овој пат, се решаваше во Владата. Откако пратениците на ДУИ, пред два дена го одложија донеувањето на уставните амандмани за судството, Ахмети денеска се сретна со Бучковски. Проблемот во Собранието и овој пат, се решаваше во Владата.

Пратениците бараат повеќе пари за патишта и за земјоделство

Макфакс - 06.12.2005

Скопје Амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2006 година, што започна во изминатиот петок, денеска продолжи во македонското Собрание. Пратениците, расправаат за ставки за изградба на патни правци, при што пратеници бараат зголемување на сумата што ја предвидело Министерството за финансии.

Продолжува амандманската расправа по Предлог-буџетот

Макфакс - 06.12.2005

Скопје Амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2006 година, што започна изминатиот петок, денеска треба да продолжи во македонското Собрание. Пратениците, на почетокот од расправата, прифатија неколку амандмани, при што поголема дебата предизвика амандманот поднесен од Комисијата за ...

Амандманот на ВМРО-Народна ги скара СДСМ и ДУИ

Утрински - 05.12.2005

Реформата во судството чека амин од владејачките интегративци ДУИ бара изборот на Советот на јавните обвинители да се врши со просто мнозинство наспроти Владата и опозицијата кои инсистираат тоа да се прави со двотретинско Амандманот на опозициската ВМРО-Народна со кој се бара Советот на јавните ...

ДУИ во пет до дванаесет ги закочи судските реформи

Дневник - 05.12.2005

ВМРО-НП обвинува Пратениците од ВМРО-НП ќе ја преиспитаат поддршката за уставните амандмани, откако ДУИ не се согласи да го прифати решението законот за јавните обвинители да се усвојува со двотретинско мнозинство. Тие тврдат дека ДУИ отстапува од договорот, најмалку еден од законите што ...