TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Глас за светлина: Новата цена на струјата ќе го намали животниот стандард на граѓаните

Канал5 - 20.08.2006

Зголемувањето на цената на електричната енергија ќе го намали значително животниот стандард на граѓаните бидејќи ќе повлече низа поскапувања, изјави денеска Марина Христовска портпарол на Здружението на граѓани Глас за светлина, реагирајќи на одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на ...

Ќе има ли поскапувања по зголемувањето на цената на струјата?

А1 - 19.08.2006

Македонските фабрики на големо калкулираат дали ќе ги поскапат своите производи од септември, кога ќе стартуваат новите повисоки цени на струјата. Пресметките се прават, но засега, според најавите, цените на основните прехранбени продукти нема да се менуваат.

За 9,14 отсто поскапува струјата

Време - 19.08.2006

РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ОДЛУЧИ Александра К. Мишовска За 9,14 отсто се зголемува цената на струјата што граѓаните ја плаќаат на ЕСМ-дистрибуција од септември годинава, утврди вчера регулаторната комисија за енергетика. Државниот македонски електропреносен систем (МЕПСО), пак на своите потрошувачи, ...

Струјата поскапа за 9,14 отсто

Вест - 19.08.2006

ОД СЕПТЕМВРИ Новите австриски газди на ЕСМ барале струјата да поскапи за 19,4 отсто, но, Регулаторната Комисија вчера одлучи да им дозволи евтината и скапата тарифа да ги зголемат по најмногу 9,14 отсто Од 1 септември потрошената струја ќе се пресметува по цени за 9,14 отсто повисоки од сегашните.

ЕСМ незадоволно од поскапувањето од 9 отсто, ќе бара ново

Утрински - 19.08.2006

Зголемувањето на цената било неопходно, бидејќи се загрозени можностите на државава да се снабдува со струја НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Септемвриските сметки за електрична енергија што ќе ги добијат домаќинствата ќе бидат повисоки за 9,14 отсто.

„Жито Битола" се тетерави, приватните пекари тријат раце

Утрински - 19.08.2006

Битолскиот комбинат нема пари да го плати долгот за струја, ниту да им подели плати на вработените БИТОЛА - Мелничката индустрија „Жито Битола" четири дена го печи лебот на агрегати, а веќе ги троши и последните залихи брашно, бидејќи нема со што да ја меле пченицата.

Струјата поскапува за 9,14 отсто

Дневник - 19.08.2006

Регулаторите објаснуваат дека цената на електричната енергија мора да се зголеми поради високата цена на струјата од увоз Сметките за струја од септември ќе бидат за 9,14 проценти повисоки од досегашните. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вчерашна седница по барањата на ...

Новата цена е реална и нема да повлече нови поскапувања - став на експертите

Канал5 - 19.08.2006

Зголемувањето на цената на струјата за 9,14% е очекуван пораст и нема драстично да повлече нови поскапувања- тврдат експертите. Нема да скокне цената на лебот и млекото- оптимисти се мелничарите и млеко - производителите Зголемувањето на цената на струјата за 9,14% е очекуван пораст и нема ...

Прилепски Основен суд без струја

Вечер Прес - 19.08.2006

Поради неплатен долг од 870 илјади денари, од кои 60 илјади денари камата остана без струја прилепскиот Основен суд. Се работи за долг за период од речиси три години. Прилепскиот Основен суд до УО на ЕСМ побарал да биде одложено исклучувањето од електромрежата со цел да се преземат мерки проблемот ...

Струјата поскапа за 9,14 проценти

Вечер Прес - 19.08.2006

Граѓаните од први септември ќе добијат за 9,14 проценти подебели сметки за потрошена електрична енергија. Вака вчера одлучи Регулаторната комисија за енергетика иако од "ЕСМ Дистрибуција" побараа дури зголемување од 19,7 проценти.

Струјата поскапува и за граѓаните и за индустријата

А1 - 18.08.2006

Струјата поскапува и за граѓаните и за индустријата. Од септември домаќинствата ќе добијат сметки повисоки за 9,14%. Ова значи дека за еден киловат час потрошена електрична енергија сега ќе плаќаат 2,95 денари. Големите потрошувачи ќе плаќаат поскапа струја за 10,53% или 1,81 денар за киловат час.

Денеска ќе поскапи струјата

Време - 18.08.2006

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА До денеска попладне регулаторите ќе соопштат за колку проценти ќе се зголеми цената на електричната енергија. Членовите на регулаторната комисија и вчера зад затворени врати преговараа и ги довршуваа пресметките, а откако поскапување побараа и Македонскиот електропреносен ...

Битолчани најдоа леб и без струја

Време - 18.08.2006

Жителите на Битола вчера немаа проблем да најдат и да купат леб, откако ЕСМ-дистрибуција минатиот ден ја исклучи струјата во „Жито Битола“, најголемиот мелничарско-производствен капацитет во градот. Битола и деновиве редовно ќе има леб уверува и раководството на фирмата, која веќе две ноќи лебот го ...

Струјата за домаќинствата поскапа за 9 отсто?

Утрински - 18.08.2006

Големите потрошувачи добиваат повисок ценовен удар. За нив цената на електричната енергија ќе биде повисока за 13 отсто НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Струјата за домаќинствата поскапува за 9 проценти. Ова ќе важи и за сите други корисници што се приклучени на дистрибутивната мрежа.

Струјата поскапува за 9,14 % - Австријците незадоволни ќе бараат ново зголемување

Канал5 - 18.08.2006

Струјата поскапува за 9,14 %. Граѓаните од ЕСМ дистрибуција ќе ги добијат повисоките сметки од први септември. Мепсо ќе ги покачи тарифите за продажба на електрична енергија за 10,53%. Ваквата одлука на регулаторната комисија следеше по неколку неделните анализи на барањата од ЕСМ и Мепсо.

Не е нарушено снабдувањето со леб во Битола

А1 - 17.08.2006

Прекинот на електричната енергија не го наруши снабдувањето со леб во Битола. Со помош на агрегати во текот на ноќта во „Жито Битола“ беа произведени вообичаените количини на леб, кој денеска беше дистрибуиран во продавниците.

„Жито Битола“ нема пари да го плати долгот за струја

А1 - 17.08.2006

„Жито Битола“ нема пари да го плати долгот за струја. Лебот втор ден го печат на агрегати. Менаџментот е во паника. Велат, производството нема да сопре, но ќе се зголемат трошоците, со што комбинатот и натаму ќе тоне во долгови.

Регулаторите утре ќе утврдат колку ќе поскапи струјата

А1 - 17.08.2006

Регулаторната комисија утре ќе утврди колку ќе поскапи струјата. Новата повисока цена ќе ја дефинира на двете финални седници. На првата ќе ги повика менаџерите на двете компании што побараа поскапување - ЕСМ Дистрибуција и МЕПСО, државната фирма за пренос.

Жито Битола без струја, лебот привремено ќе се пече на агрегати

Време - 17.08.2006

ЌЕ ОСТАНАТ ЛИ БИТОЛЧАНИ БЕЗ ЛЕБ? ЕСМ-дистрибуција вчера ја исклучи струјата во битолскиот мелнички комбинат „Жито Битола“, поради голем долг за неплатена електрична енергија. Комбинатот произведува 20.000 парчиња леб дневно, но според најавите на раководството испораката најверојатно нема да запре, ...

Битола ќе остане без леб

Вест - 17.08.2006

ЕСМ ЈА ИСКЛУЧИ СТРУЈАТА НА МЕЛНИЧКО-ПЕКАРСКИОТ КОМБИНАТ Екипите на Електродистрибуција од Битола, вчера претпладне ја прекинаа испораката на струја до сите производствени погони, управната зграда и десетината продавници на Жито Битола.

Долгот ќе ги помрачи улиците

Време - 17.08.2006

ЕСМ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ИСКЛУЧУВА Екипите на „ЕСМ-дистрибуција“ ќе продолжат да го исклучуваат уличното осветлување во Скопје поради заостанати долгови за потрошената струја, а не е исклучена ниту можноста без електрична енергија наскоро да останат и бараките на градската управа или на општините, велат ...

„Жито Битола" без струја, се заканува ли лебна криза?

Утрински - 17.08.2006

Првиот човек на фирмата вели дека за наредните неколку дена има алтернативно решение, но е неизвесно што понатаму БИТОЛА - Екипи на „Електродистрибуција-Битола" вчера ставија пломба и на еден од најголемите мелнички капацитети во државава - „Жито Битола".

Струјата поскапува, уште не се знае колку

Утрински - 17.08.2006

наЈав Струјата дефинитивно поскапува. Сепак, сж уште не се знае точно за колку проценти ќе се коригира цената на електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика вчера на маратонската седница од неколку часа интензивно го разгледуваше ова прашање, но не „пресече" колкаво ќе биде ...

Од септември сметките повисоки за 14,8 отсто

Дневник - 17.08.2006

Зголемување на цените за 12 отсто побарале од МЕПСО и уште 2,8 процентни поени од „ЕСМ дистрибуција“ Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница треба да ја утврди новата цена на струјата. Барање за зголемување на цените на електричната енергија до РКЕ како што дознаваме веќе побарале ...

Градот ќе остане без леб

Дневник - 17.08.2006

„ЕСМ дистрибуција“ вчера ја исклучи струјата во најголемиот мелничко-пекарски капацитет во државата, АД „Жито Битола“. Без струја од вчера се управната зграда, мелницата, производствените погони и десетина продавници низ градот.

Поради недпомирен долг исклучена струјата во мелничкиот комбинат „Жито Битола“

Канал5 - 17.08.2006

Од денеска и најголемиот мелнички комбинат во пелагонискиот регион ,,Жито Битола,, заедно со 11 продавници низ градот останаа без струја. Екипите од ЕСМ Диструбуција ги исклучија поради неколкумесечен неподмирен долг за електрична енергија.

Регулаторната комисија Најверојатно утре ќе ја соопштат новата цена на струјата

Канал5 - 17.08.2006

Регулаторите финишираат со пресметките за поскапување на струјата. Најверојатно утре ќе ја соопштат новата цена, што е очекувано да биде повисока за 15%. Регулаторите финишираат со пресметките за поскапување на струјата. Најверојатно утре ќе ја соопштат новата цена, што е очекувано да биде повисока ...

Се готви нова цена на струјата?

Вечер Прес - 20.05.2015

Ќе има ли нова цена на струјата? Дел од енергетските компании во земјава ги доставиле своите пресметки до Регулаторната комисија за енергетика, објави Фактор. До крајот на месецот сите три енергетски компании – државните ЕЛЕМ, МЕПСО и приватната ...

„Жито Битола“ остана без струја

А1 - 16.08.2006

Најголемиот производител на леб во битолско, „Жито Битола“, остана без струја. Екипите на ЕСМ од електричната мрежа изутрината целосно ги исклучија производствените погони, управната зграда, но и неколку продавници во Битола.

Регулаторите ги анализираат барањата за поскапување на струјата

А1 - 16.08.2006

Регулаторите финишираат со анализата на барањата за поскапување на струјата што ги доставија државната компанија за пренос МЕПСО и Австријците од ЕСМ. Речиси цел ден ги разгледуваа пресметките на двете компании. Ги проверуваа податоците врз основа на кои се бара повисока цена на струјата.

Обезбедувачите не дозволија Врховниот суд да остане без струја

Време - 16.08.2006

ЕСМ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА Обезбедувачите на Врховниот суд вчера нешто по пладне им забрани на екипите на „ЕСМ-дистрибуција“ да ја исклучат струјата поради неплатен долг. Австриските газди на домашната дистрибуција и вчера ја продолжија акцијата за исклучување на државните институции, кои моментно се ...

Врховен суд ги избрка инкасаторите на ЕСМ

Вест - 16.08.2006

ДИСТРИБУЦИЈА ПРОДОЛЖИ СО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СТРУЈАТА Портпаролката на ЕСМ Дистрибуција Ленче Карпузовска вчера објасни дека откако обезбедувањето на Врховниот суд не им дозволило на инкасаторите пристап до броилото и трафостаницата, во компанијата смислуваат како да ја исклучат струјата во судската згр ...

Македонија доби и „влада во сенка“

Дневник - 16.08.2006

Според неофицијални информации, државните институции за сметките за струја му должат на ЕСМ околу 11 милиони евра Македонија доби и „влада во сенка“, по акциите на „ЕСМ Дистрибуција“ за исклучување на електричната енергија. Меѓу потрошувачите што не ги плаќаат редовно сметките, во мрак останаа ...

Обезбедувањето го спаси Врховниот суд од мрак

Вечер Прес - 16.08.2006

Обезбедувањето на Врховниот суд вчера не дозволи во нивниот објект да влезат екипите на ЕСМ Дистрибуција, кои беа подготвени да ја исклучат од електричното напојување оваа висока државна институција, бидејќи го нема подмирено долгот за потрошена електрична енергија.

ЕСМ не успеа да ја исклучи струјата во Врховниот суд

А1 - 15.08.2006

Врховниот суд ги спречи екипите на ЕСМ да ја исклучат струјата во објектот. Тимот на Дистрибуција не успеа да влезе во зградата каде се наоѓа трафостаницата, за да ја секне струјата, поради неплатениот долг. Од ЕСМ велат, Врховниот суд мора да плати.

Втор бран исклучување од струја на државните институции кои должат на ЕСМ

Канал5 - 15.08.2006

Судските институции стасаа на удар при вториот бран исклучувања од ЕСМ поради неплатени сметки. На мета повторно и други државните институции и подрачните единици на некои министерства. Судските институции стасаа на удар при вториот бран исклучувања од ЕСМ поради неплатени сметки.

Македонија пред електричен шок најдоцна за два дена регулаторите ќе соопштат нова цена на струјата

Канал5 - 15.08.2006

Регулаторната комисија во следниве два дена ќе одржи седница на која треба да биде утврдена нова цена на струјата. Регулаторната комисија во следниве два дена ќе одржи седница на која треба да биде утврдена нова цена на струјата.