TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Свето сака да не преведе жедни преку вода

Време - 13.08.2005

ЛОЗАРИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД СРЕДБАТА СО ЈАНЕВСКИ Трошоците во „Тиквеш“ не се зголемени, но не се зголемени ниту платите на вработените. Вака завчера Свето Јаневски ги демантира обвинувањата упатени на негова адреса за недомаќинско водење на визбата.

Лозарите и „Тиквеш" без конкретен договор

Утрински - 13.08.2005

По средбата меѓу претставници на „Агротиквешија" и сопствениците на винарската визба Според лозарите, средбата е неквалитетна, а според посредникот Панчо Минов, започнат е циклус на позитивни средби меѓу лозарите и „Тиквеш" АНГЕЛ ДАНОВ Незадоволни од текот на разговорите на средбата што завчера ја ...

Јаневски не доби поддршка од лозарите

Дневник - 13.08.2005

СРЕДБАТА ВО "ТИКВЕШ" ЗАВРШИ БЕЗ УСПЕХ Лозарите, откако не ги слушнаа цените за грозјето, му порачаа на Јаневски дека нема да молат за помош за неговата фирма во Владата Средбата меѓу кавадаречките лозари и Свето Јаневски, сопственикот на винарската визба "Тиквеш", завчера заврши без успех.

Јаневски во преговори со лозарите за повисока откупна цена

А1 - 12.08.2005

Свето Јаневски и неговите бизнис колеги од м-6 групата, како нови газди на „Тиквеш“ и лозарите од тој регион, вчера почнаа преговори. Се бара повисока откупна цена. Но Свето Пивара, наместо да си ги плати обврските спрема државата при купувањето на „Тиквеш“, сега се обидува со купување на ...

Свето и лозарите преговараат зад затворени врати

Време - 12.08.2005

КАВАДАРЦИ ЧЕКА РЕЗУЛТАТИ Билјана К. Наумова По еден час меѓусебни преговори и вербални дуели и убедувања претставниците на регионалниот сојуз на „Агротиквешија“ вчера се сретнаа со Светозар Јаневски, но далеку од очите на јавноста, зашто новинарите останаа да чекаат пред капиите на „Тиквеш“.

Лозарите и сопствениците на „Тиквеш" седнаа на преговарачка маса

Утрински - 12.08.2005

Вчера, по едночасовно натегање пред капијата на винарската визба АНГЕЛ ДАНОВ КАВАДАРЦИ - По едночасовно договарање и натегање пред капијата на винарската визба †Тиквешши, претставниците на лозарите од Регионалниот сојуз †Агротиквешијааи, градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, претседателот на ...

Свето Јаневски на тајна средба со лозарите

Дневник - 12.08.2005

КАВАДАРЦИ Лозарите бараа средбата со Јаневски да биде јавна за сите да ги чујат неговите ветувања, но тој тоа не го дозволи Сопственикот на винарската визба "Тиквеш", Свето Јаневски, вчера доцна попладне во Кавадарци се сретна со првите луѓе на здружението на лозарите "Агротиквешија" и со ...

Минов во вербален дуел со Давидов

Дневник - 12.08.2005

За време на едночасовната расправија пред винарската визба "Тиквеш" вербално се пресметаа и градоначалникот Минов и претседателот на "Агротиквешија", Борис Давидов, кои ја искористија тензијата и за да си кажат нешто за тоа кој колку гласови добил на локалните избори и кој подобро ги застапува ...

Преговори меѓу претставници на „Агротиквешија“ и Јаневски

А1 - 11.08.2005

По еден час преговори, натегања вербални дуели и убедувања, претставници на „Агротиквешија“ денес се сретнаа со Свето Јаневски. И покрај настојувањата на средбата да присуствуваат и новинарите, кои исто така чекаа пред капиите на „Тиквеш“, Свето не го дозволи тоа.

Свето ветуваше дека Тиквешијата ќе стане Калифорнија

Време - 11.08.2005

АНТОНИО КОЦЕВСКИ, ЧОВЕКОТ ШТО ГО ВНЕСЕ ЈАНЕВСКИ ВО „ТИКВЕШ“ Светозар Јаневски, советник на премиерот Владо Бучковски, пред да го преземе „Тиквеш“ ветуваше дека годишно ќе откупува по 100 милиони килограми грозје, дека за пет години ќе вработи 1.000 нови вработени, а Тиквешијата ќе стане богат ...

Лозарите ќе преговараат, ама не му веруваат на Јаневски

Време - 11.08.2005

„АГРОТИКВЕШИЈА“ ОДЛУЧИ Тиквешките лозари обединети во здружението „Агротиквешија“, кое застапува повеќе од 2.000 лозари од пет општини во тој регион, се плашат дека „М6“, фирмата што газдува во „Тиквеш“, сака да ги искористи и да ја притисне Владата да го прости долгот од 2 милиони евра, колку што ...

Лозарите бараат да го платат долгот на ,,Тиквеш° и да станат газди

Утрински - 11.08.2005

Комисија за преговори со Свето Јаневски и Владата Зошто да му помагаме на Свето Јаневски кога можеме сами да го платиме долгот од 1,5 млн. евра, велат винарите КАВАДАРЦИ - Еден и пол милион евра со дисконти е долгот на ,,Тиквеш° спрема Агенцијата, а кој ќе го отплати долгот, ќе стане доминантен ...

Лозарите во страв дека Свето ќе стави клуч на "Тиквеш"

Дневник - 11.08.2005

ПАНИКА ПРЕД ГРОЗДОБЕРОТ Поранешниот директор во "Тиквеш", Антонио Коцевски тврди дека новите газди ја задолжиле винарската визба со 13 милиони евра Кавадаречките лозари завчера му порачаа на газдата на "Тиквеш" Свето Јаневски дека се подготвени да му го откупат долгот кон државата во износ од 1,5 ...

Уценети лозари

Дневник - 11.08.2005

коментар Лозарите од Тиквешијата се во паника. Гроздоберот е на прагот, а најголемата винарска визба им испрати абер дека нема ништо од бербата ако во рок од две недели лозарите не издејствуваат помош од Владата за "Тиквеш". Менаџерите од М-6 не ги ни удостоија лозарите тоа лично да им го соопштат ...

„М6“ да си оди од „Тиквеш“ ако не го откупи родот

Време - 10.08.2005

РАДИКАЛНИ БАРАЊА НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЛОЗАРИТЕ Билјана К. Наумова Лозарите од Тиквешијата ќе бараат од „М6“ да си заминат од „Тиквеш“ ако не го откупат грозјето од годинешнава берба, соопштија Борис Давидов, претседател на регионалното здружение „Агротиквешија“, и Димитар Стојманов, претседател на ...

Во откупот на грозјето се вмешува политиката

Утрински - 10.08.2005

Во Тиквешијата ескалираат состојбите околу преземањето на овогодишната реколта „Агротиквешија" условува: Откуп на целото грозје, или блокада на „Тиквеш" АНГЕЛ ДАНОВ КАВАДАРЦИ - "Не бараме многу, го бараме она што е наше и што реално е остварливо.

Лозарите ќе ја блокираат и пиварницата на Свето

Дневник - 10.08.2005

ТИКВЕШИЈАТА ВРИЕ ПРЕД ГРОЗДОБЕРОТ Тиквешките лозари бараат директни преговори со газдите на "Тиквеш", групацијата М6, и најавуваат протести Пред "Тиквеш" годинава повторно ќе има блокади, но и многу порадикални мерки. Вака одговараат лозарите од Тиквешијата на заканите од газдата на винарската ...

Свето со трикови прави мрачно сценарио за „Тиквеш“

Време - 09.08.2005

КАКО РЕАКЦИЈА НА ПИСМОТО НА СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ Лозарите од Тиквешијата ќе бараат 50 отсто повисоки откупни цени за годинашното грозје, а ако раководството на „Тиквеш“ не сака да плати, грозјето ќе им го нудат на откупувачи од странство, соопшти Борис Давидов, претседател на регионалното здружение на ...

Вистината не е во буџетот

Време - 09.08.2005

НИКОЛА СТОЈАНОВ Светозар Јаневски, еден од сопствениците на „Тиквеш“, побара од Владата да му даде пари за грозјето што ќе го откупува од лозарите, пренесе кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов. Што треба да значи тоа: ќе тргнат ли по негови стапки и откупувачите на лубеници, на пиперки, ...

"Тиквеш" не ја сака "смедеревката"

Макфакс - 09.08.2005

(Утрински весник) - сабота, 06.08.2005 Недоразбирања меѓу лозаропроизводителите и винарската визба во Кавадарци пред годинашниот откуп Лозари бараат купувачи на грозјето од други земји Ангел Данов КАВАДАРЦИ - Винарската визба "Тиквешши од Кавадарци најавува дека не е заинтересирана за откупот на ...

Свето бара Владата да му го спаси "Тиквеш"

Макфакс - 09.08.2005

(Дневник) - сабота, 06.08.2005 СО ПИСМО ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ Свето Јаневски не гарантира откуп на грозје во „Тиквеш“ ако за две недели Владата финансиски не го помогне комбинатот Свето Јаневски и неговите партнери во групацијата М6 им поставија рок од две недели на кавадаречкиот ...