TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ не ја гранатира Владата

Време - 11.08.2007

ПРЕПУКУВАЊА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД ВЛАДАТА ДУИ не ја гранатира Владата, реагираше вчера партијата по обвинувањата на Бичиклиски дека СДСМ ги има активирано и активистите на коалицискиот партнер ДУИ за радикализација на состојбата во државата. - ДУИ не е ничиј вазал, не е ни структура на ВМРО-ДПМНЕ.

Конзервативна идеја

Вест - 11.08.2007

Сакам да кажам ... Две гранати паднаа десно од центарот 1 Владата отиде на одмор, а терористите ни ги оставија дома. Ги оставија да се мачат со портпаролот Ивица Боцевски. Само тој остана со голи раце, со силни зборови и со лута интонација да ја брани Владата од тероризам.

Гранатите направија дупка на незрелост

Утрински - 11.08.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Гафот што го направи владиниот портпарол, а со тоа и Владата во почетокот на неделава не е мерлив според ниту една табела на неодговорно изнесување оцени и квалификации. Јавноста неколку дена беше држена во страв од можни терористички напади, што во светлината на ...

Нема нови детали за гранатирањето

Вечер Прес - 10.08.2007

Истрагата за двете гранати што пред 3 дена паднаа во близина на зградата на Владата се уште е во тек, информираше вчера портпаролот Иво Котевски. Тој и вчера повтори дека според досегашните детали со кои располага Министертвото, не може да се потврди дека станува збор за терористички напад, како ...

МВР: Нема основа за оставка на Сашо Мијалков

А1 - 09.08.2007

Полицијата смета дека нема основа Сашо Мијалков да си даде оставка од позицијата директор на ДБК. Истрагата за таканареченото гранатирање на Владата се уште не носи резултати. „Засега не гледаме никаква одговорност од страна на директорот, бидејќи немаме доволно информации околу мотивите или ...

Гранатирањето полека станува „мрачна афера“

Утрински - 09.08.2007

Случајот добил друга димензија кога владиниот портпарол Ивица Боцевски излезе со драматична изјава дека Владата била гранатирана во терористички напад МВР смета дека Владата неоправдано стравува оти била цел на терористички напад СОЊА КРАМАРСКА Наводите на Владата дека била цел на терористички ...

МВР има само претпоставки

Дневник - 08.08.2007

Стрелецот сакал да привлече внимание и да демонстрира сила, смета аналитичарот Петар Шкрбина Истрагата за завчерашното гранатирање на Владата е во фаза на претпоставки. Два дена откако два проектила од рачен фрлач на гранати паднаа на стотина метри од Владата, МВР има само тези за целта на нападот ...

СДСМ: Бомбите може да се нарачка на Владата

Дневник - 08.08.2007

Опозицијата бара оставка од Сашо Мијалков, директорот на УБК, зашто не е спречено гранатирањето на владината зграда Ако МВР не излезе со детаљни информации за целиот случај во врска со гранатирањето на владината зграда, опозициската СДСМ ќе смета дека нападот е нарачан од структури блиски до ...

СДСМ: Премиерот да се врати дома, Мијалков да си поднесе оставка

Вест - 08.08.2007

Социјалдемократите вчера побараа од МВР веднаш да даде информација за инцидентот со ракетирањето на зградата на Владата и премиерот Никола Груевски и шефицата на МВР Гордана Јанкуловска веднаш да се вратат во државата. "Во секоја сериозна држава при ваков напад се огласува премиерот, а во најмала ...

Гранатирањето се уште е мистерија

Време - 08.08.2007

ДВА ДЕНА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ АКТ Огнен Чанчаревиќ Два дена по гранатирањето на Владата на Македонија надлежните органи немаат никаква конкретна информација околу мотивот или евентуалните осомничени за овој инцидент. Ставот на Владата и на Министерството за внатрешни работи е дека се работи за ...

СДСМ: Ако Владата не најде кој гранатирал, тогаш била таа. ОДГОВОР: А зошто не најдоа кој е атентаторот на Киро

Вечер Прес - 08.08.2007

Доколку Владата не го прекине одморот и не ги открие сторителите на завчерашниот терористички напад, СДСМ ќе смета дека тој е нарачан од структури блиски на неа, со цел да се дефокусира јавноста од бројните скандали и афери кои ја потресуваат.

Нападот на Владата останува енигма

А1 - 07.08.2007

Терористичкиот напад останува енигма. Полицијата се уште не знае кои се напаѓачите, мотивот, што сакале да направат ниту, пак, дали Владата воопшто била цел. Единствено најблиски се до местото од каде претпоставуваат дека се испукани гранатите.

Полицијата се уштре трага по локацијата од која е гранатирана Владата

Канал5 - 07.08.2007

Полицијата се уште истражува од која локација од левата страна на Вардар, кај Калето и кој ги истрелал двата проектила кои експлодираа на стотина метри од владата. Полицијата се уште истражува од која локација од левата страна на Вардар, кај Калето и кој ги истрелал двата проектила кои експлодираа ...

Владата нападната со две гранати од минофрлач

Време - 07.08.2007

ВЧЕРА РАНО НАУТРО Две гранати од тромблонски минофрлач биле испукани кон зградата на Владата на Македонија, вчера, во раните утрински часови. Утврдено е дека станува збор за противпешадиско оружје, со дострел од 400 до 450 метри, произведено во Јужноафриканската Република, изјави вчера владиниот ...

Две гранати паднаа пред зградата на Владата

Утрински - 07.08.2007

До вчера попладнето немаше попрецизни информации од која локација е пукано кон зградата на Владата и дали се нанесени штети Владиниот портпарол соопшти дека станува збор за терористички напад од непознати извршители СОЊА КРАМАРСКА Зградата на Владата на Македонија прексиноќа била гранатирана во ...

Паднаа две гранати спроти Владата

Вест - 07.08.2007

ВЧЕРА ПО ПОЛНОЌ МВР го испитува мотивот, а Владата гледа политички инспиратори на кои им порачува дека ќе се најдат зад решетки Во близина на зградата на Владата на Република Македонија вчера меѓу 00.30 и 1 часот по полноќ експлодирале две гранати, соопшти вчера попладнето Министерството за ...

Владата гранатирана, целта промашена

Дневник - 07.08.2007

Проектилите експлодирале пред јапонскиот конзулат, односно кај детското игралиште спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“ Две гранати биле истрелани од тромбонски минофрлач кон зградата на Владата во терористички напад вчера по полноќ, соопшти вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Експлозии во близина на Владата

Вечер Прес - 07.08.2007

Испуканите гранати можат да бидат смртоносни ако во близина се најде жива сила, информираше вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски. Според него, доколку целта била Владата, сторителите и наредбодавците на овој чин биле испровоцирани од политиките на Владата Две гранати од тромблонски минофрлач ...

Две гранати испукани кон Владата

А1 - 06.08.2007

Две гранати 30 минути по полноќ биле испукани кон Владата, ама паднале преку пат, пред јапонскиот конзулат. Едната експлодирала кога удрила во бетонски ѕид, другата уште подалеку од Владата, зад конзулатот, во гранките на едно дрво. Владиниот портпарол вели дека е терористички напад.

Владата нападната со две гранати од минофрлач

Канал5 - 06.08.2007

Граната од минофрлач синоќа 30 минути по полноќ експлодирала пред јапонскиот конзулат во Скопје, во комплексот згради наспроти владата. Друга граната завршила во крошна од дрво кај бензинската на Макпетрол на улицата „Орце Николов“.

СДСМ бара информации за гранатирањето на Владата

Макфакс - 06.08.2007

Скопје СДСМ бара од полицијата брзи и детални информации во врска со гранатирањето на Владата, во спротивно ќе смета дека настанот е „лага“. „СДСМ очекува Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок да излезе со информација за инцидентот и да ја лоцира одговорноста“, во спротивно ...

Гранатирана зградата на македонската Влада

Макфакс - 06.08.2007

Скопје Зградата на македонката Влада синоќа била гранатирана во терористички напад, соопшти денеска владиниот портпарол, а инцидентот го потврди и полицијата. Владиниот портпарол Ивица Боцевски за Макфакс изјави дека Владината зграда била нападната ноќеска половина час по полноќ, со две тромблонски ...

МВР со засилено обезбедување по гранатирањето на Владата

Макфакс - 06.08.2007

Скопје Полицијата најави засилено обезбедување на државните институции, откако потврди дека две гранати експлодирале во близина на зградата на Владата на Македонија, ноќеска помеѓу 00.30 и 01 часот. „Првата, експлодирала на улица „Орце Николов“ бр 58 помеѓу зградите, удирајќи во горните гранки од ...