TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Папката за атентатот стаса кај обвинителот Шврговски

Утрински - 19.11.2008

Откако ќе ги проучи документите од истражните дејства, обвинителот најавува прес-конференција. Папката во која се наоѓаат резултатите од проверката на исказот на новиот сведок околу обидот за атентат врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, конечно, стаса на вистинската адреса.

Проверките од МВР за атентатот врз Глигоров кај Шврговски

Вест - 19.11.2008

Вчера Министерството за внатрешни работи му ги доставило на државниот обвинител Љупчо Шврговски резултатите од 20-дневните проверки на најновите можни траги во врска со атентатот врз бившиот претседател на Македонија Киро Глигоров. Најновите моменти и можни сведоци за овој случај, за кој до денеска нема отворено судска истрага, ги објави првин во колумна, а потоа и кај Шврговски, професорот на ...

Обвинителството го разгледува извештајот за атентатот врз Глигоров

А1 - 18.11.2008

Државното обвинителство го добило извештајот на МВР, кој ги содржи резултатите од проверката на новите информации кои ги изнесе поранешниот вработен во ДБК за атентатот врз Глигоров. Државниот обвинител Шврговски по проверката наредните денови ќе соопшти дали има доволно елементи за покренување на официјална истрага за вмешаноста на тајната полиција во ...

Шврговски и обвинители ги анализираат новите сознанија за атентатот на Глигоров

Канал5 - 18.11.2008

Од денеска Јавниот обвинител Љупчо Шврговски заедно со обвинителите од специјалното обвинителство против организиран криминал го анализира извештајот на полицијата во врска со новите сознанија објавени од екс-полицаецот кој ја отвори дилемата за инволвираност на ДБК во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров.

Каде залута сведочењето за атентатот врз Глигоров?

Утрински - 18.11.2008

Резултатите од проверката на исказот се' уште не се стасани од МВР до Обвинителството. Останува нејасно што се случи со проверката на исказот на новиот сведок околу обидот за атентат врз тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров. И по цела една недела откако МВР ги провери исказите на лицето кое тврди дека по налог на свој претпоставен, само еден ден пред атентатот, ја направило снимката ...

Се изгуби извештајот на МВР за атентатот на Глигоров

Алфа - 17.11.2008

Од полиција до обвинителство - седум дена патува извештајот за атентатот на претседателот Глигоров. Проверени, наводите на новиот сведок за атентатот уште во вторникот се испратени од МВР – тврди портпаролот Иво Котевски. Истиот ден од Куманово и министерката Јанкуловска упати на обвинителот Шврговски – дека сега се е во негови раце.