TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелски министер го критикуваше израелскиот напад

А1 - 13.01.2002

Израелскиот министер за наука и култура Матан Вилнаи од редовите на лабуристите денеска го критикуваше начинот на кој војската во четвртокот уништи педесетина палестински куќи во Рафах во појасот Газа, поради што без покрив над главата останаа околу 500 лица.

Џихад се закани со напади врз Израел

А1 - 11.01.2002

Радикалната палестинска организација, Исламски Џихад повторно се закани со напади врз Израел. Воените бригади во Ерусалим соопштија дека веќе не ги почитуваат наредбите на палестинскиот лидер, Јасер Арафат, за прекин на нападите.

Исламскиот Џихад го поништи договорот за прекин на нападите врз Израел

Вест - 11.01.2002

РАМАЛАХ, 11 јануари (Ројтерс) - Военото крило на исламскиот Џихад вчера соопшти дека одлучиле да се повлечат од договорот што го постигнаа со палестинските власти за прекин на нападите во Израел бидејќи ни на РАМАЛАХ, 11 јануари (Ројтерс) - Военото крило на исламскиот Џихад вчера соопшти дека ...

Срамнети со земја 30 палестински куќи

Утрински - 11.01.2002

По убиството на четворицата израелски војници во појасот Газа Според Израел, објектите биле напуштени, но новинарите забележале расплакани луѓе кои ги пребарувале урнатините, во потрага по своите работи РАФАХ - Израелски булдожери и оклопни возила ги уништија куќите во појасот Газа, што уследи по ...

Израелците растурија 30 гнезда на палестински милитанти

Дневник - 11.01.2002

БЛИСКИ ИСТОК Акцијата веројатно е одмазда за завчерашниот напад, во кој двајца терористи на Хамас убија четворица израелски војници Израелската армија вчера урна 30-ина палестински куќи во градот Рафах со образложение дека палестински терористи пукале врз израелските војници од тие куќи, јави ...

Се губи надежта за мир на Блискиот Исток

А1 - 10.01.2002

Само неколку часа по нападот на тешко вооружени палестински екстремисти врз воен пункт на израелската армија, во кој беа убиени четворица израелски војници, израелската армија повторно навлезе во палестинските автономни подрачја.

Четири израелски војници и 2 Палестинци загинаа во нападот на Хамас

Вест - 10.01.2002

Бејрут, 10 јануари - Калед Машаал, член на Хамас вчера изјави дека ова милитантно движење го извршило вчерашниот напад врз пункт на израелската армија во близина на градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, при што загинаа четири војници.

Хамас уби четворица израелски војници

Утрински - 10.01.2002

Нови напади на радикалните Палестинци го прекинаа кревкото тринеделно примирје на Блискиот Исток ЕРУСАЛИМ - Палестински напаѓачи, вчера убиле четворица израелски војници за време на напад во јужен Израел, во кој и двајцата напаѓачи ги загубиле своите животи, со што го прекинаа тринеделното примирје ...

По тринеделно затишје, Хамас повторно пролеа израелска крв

Дневник - 10.01.2002

БЛИСКИ ИСТОК Палестински милитанти од групата Хамас вчера убија четири израелски војници, прекинувајќи го речиси тринеделното затишје во 15-месечното крвопролевање на Блискиот Исток, јави Ројтерс. Хамас соопшти дека нападот кај селото Керем Шалом кај појасот Газа го извршиле борци од нејзините ...

Повеќе загинати на Блискиот Исток

А1 - 09.01.2002

Три војника и двајца напаѓачи загинале при еден напад на палестински есктремисти врз еден израелски воен пункт на границата со областа Газа. Поради армиската блокада на медиумите засега нема точен податок за бројот на жртвите.

Палестинците негираат дека шверцувале оружје

Утрински - 09.01.2002

Палестинска истрага околу запленетиот брод со оружје РАМАЛАХ - Палестинскиот лидер Јасер Арафат во понеделникот изјави дека ќе почне со внатрешна истрага околу запленувањето на брод од страна на Израел, за кој Израелците изјавија дека шверцувал оружје, и нагласи дека ќе ги казни сите кои се вмешани.

Израел ќе докаже дека Арафат купувал оружје

Дневник - 09.01.2002

БЛИСКИ ИСТОК Израелската Влада најави дека за ден-два ќе објави документи со кои ќе докаже дека палестинскиот водач Јасер Арафат ја порачал пратката од 50 тони оружје, која беше запленета на брод во Црвено Море, јави Ројтерс.

Израел запленил 50 тони оружје наменето за Палестинците

Утрински - 08.01.2002

Израелско-палестинските мировни преговори пред нов предизвик Ерекат: Шарон го подготвува теренот за ескалација на нападите врз Палестинците ЕРУСАЛИМ - Последниот ден од четиридневните мировни американско-израелско-палестински разговори беше обележан со остри зборови и обвинувања околу запленувањето ...

Поставена основа за примирје на Блискиот Исток

А1 - 07.01.2002

Мировниот пратеник Ентони Зини ги постави темелите за воспоставување примирје на Блискиот Исток, и покрај големите напнатости кои го следеа запленувањето на бродот со шверцувано оружје наменето за Палестинците од страна на израелските власти, соопшти Вашингтон.