TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Чешиновци не и дозволуваат на полицијата да патролира

А1 - 13.02.2005

Стопиран сообраќај, нервоза и хаос. Чести конфронтации помеѓу бројните патници што посакуваат нормално патување и Чешиновци. Ваквата ситуација денес потрае цели 12 часа. Со оглед на времетраењето на блокадата Чешиновци изедначени со Облешеци, тие исто така поминаа 18 дена на магистралата М5.

Чешиновци се закануваат со минирање на мостот на Злетовица!

Утрински - 12.02.2005

Наместо деблокада, на источната магистрала повторно блокада ШТИП - Чешиновци сметаат дека Владата има крајно игнорантски однос спрема нивното прашање за опстанок на општината, поради што тие протестираат со блокада на источната магистрала веќе шеснаесетти ден.

Чешиновци денес го попречија сообраќајот 8 часа

А1 - 11.02.2005

Побројни и порешителни, организирани на блокада, која по нивно убедување им гарантира опстанок на општината. Чешиновци денес, наместо 3, го попречија сообраќајот цели 8 часа. По 13-дневен престој на патот и претрпениот студ, чешиновци вака гледаат на дефинитивниот негативен исход за нив.

Да се одржи референдум на денот на изборите

Време - 11.02.2005

ЧЕШИНОВЦИ СО НОВ ПРЕДЛОГ Истовремено со гласањето за градоначалници и советници, да се спроведе и референдум во 14-те населени места во Чешиново и во Облешево и граѓаните да гласаат за седиштето на општината, предложи вчера Игор Манов, градоначалник на Чешиново, во дописот до премиерот Владо ...

Патот ќе биде блокиран само од 9 до 17 часот

Утрински - 11.02.2005

ЧЕШИНОВО ШТИП - Чешиновци го продолжуваат својот протест против заклучокот на Владата за укинување на нивната општина и нејзино присоединување кон соседната Општина Облешево. Одборот за протести од вчера има нова стратегија во блокадата на магистралата Кочани-Штип, која ќе биде блокирана во времето ...

Градоначалникот бара референдум наместо избори

Дневник - 11.02.2005

ЧЕШИНОВО На денот на локалните избори да се спроведе референдум во сите 14 населени места на кој народот ќе се изјасни каде треба да биде седиштето на општината, му предложи вчера градоначалникот на Чешиново на премиерот Владо Бучковски.

Чешиновци бараат тркалезна маса за општината

Време - 10.02.2005

БЛОКАДА Чешиновци бараат да се организира тркалезна маса, на која ќе учествуваат жители од сите села на општината, за да докажат дека сите, освен две населени места, се за нивната општина да остане. Тие вчера продолжија да поставуваат блокади на магистралниот пат Кочани-Штип, а за денеска најавија ...

Градоначалникот во Облешево, Советот во Чешиново!?

Утрински - 10.02.2005

Додека трае блокадата, чешиновци со нов предлог ШТИП - Чешиновци се лутат на Собраниската комисија за политички систем, која на завчерашната седница без дискусија го прифатила предлогот на Владата седиштето на единствената општина да биде во Облешево, а општината да се вика Чешиново - Облешево.

Чешиновци ќе ги кинат партиските книшки

Дневник - 10.02.2005

демонстрантите со радикални мерки Нема да ги плаќаме сметките, нема да гласаме, ќе ги искинеме сите партиски книшки, а блокадите ќе траат многу подолго, најавуваат чешиновци. - Предизборни кампањи можеби си прават Владо Бучковски и Ризван Сулејмани. Нам такво нешто не ни е ни на крај памет.

Чешиновци ќе го зголемат времетраењето на блокадите

А1 - 09.02.2005

Одборот за протести на општина Чешиново најави дека од утре ќе го зголеми времетраењето на блокадите поради незадоволство од собраниската одлука, седиштето на општините на Чешиново и Облешево да биде во општината Облешево и да го носи името Чешиново-Облешево.

Не стојте на патот, бркајте избори!

Време - 09.02.2005

МИНИСТЕРОТ СО ПОРАКА ДО ЧЕШИНОВЦИ Жителите на Чешиново треба да се повлечат од блокадите на патот и да им се посветат на изборите. Ова вчера го порача Ризван Сулејмани, министерот за локална самоуправа, откако собраниската комисија за политички систем без никакви забелешки го прифати владиниот ...

Чешиновци се закануваат со граѓанска непослушност

Утрински - 09.02.2005

БЛОКАДА Иван Бојаџиски ШТИП - Во текот на денешниот ден очекуваме да нў посети некој од Владата, а ако нашата отворена покана за соочување на владини претставници со луѓето кои тринаесетти ден мрзнат на патот не даде резултат, тогаш ќе прогласиме апсолутна непослушност.

Нема отстапки за Чешиново

Дневник - 09.02.2005

СОБРАНИЕ Името на општината да биде Чешиново-Облешево, а нејзиното седиште да биде во Облешево. Владиниот предлог вчера едногласно го усвоија пратениците на собраниската комисија за политички систем. - Блокадите на чешиновци се ирационални. Вложивме многу напор за да најдеме решение.

Дали конечно се најде решение за проблемот Чешиново-Облешево?

А1 - 08.02.2005

Се поизвесно е дека пратениците ќе го усвојат новото решение за Чешиново и Облешево откако денеска на комисијата за политички систем и власта и опозицијата се согласија дека седиштето на општината треба да биде Облешево, а името на новата општина да биде Чешиново и Облешево.

Градоначалникот на Чешиново прогласи неуспешен референдум

Време - 08.02.2005

ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ Ниту еден од вкупно запишаните 1.937 гласачи во општината Чешиново не гласаше на референдумот во неделата, соопшти Игор Манов, градоначалник на Чешиново. - Неуспешен е референдумот што го организираа општините Чешиново и Облешево, бидејќи на двата ...

На референдумот во Чешиново не излезе никој

Утрински - 08.02.2005

Продолжува блокадата на патот Штип - Кочани Иван Бојаџиски ШТИП - Магистралниот пат Штип-Кочани-Делчево-Берово и понатаму е под блокада на стотици жители на Општина Чешиново и нивната земјоделска механизација и моторни возила.

Гласачките кутии останаа празни

Дневник - 08.02.2005

ЧЕШИНОВО Ниту еден од околу 2.000 граѓани со право на глас од шесте села на сегашната општина Чешиново не излегол на завчерашниот референдум. Тие требаше да одговорат на прашањето дали седиштето на новата заедничка општина треба да биде во Облешево.

За утре чешиновци најавија 8 часовна блокада

А1 - 07.02.2005

Ќе ги искористиме сите сили и средства, за да ја принудиме власта, за да ни се покори на нашите желби. На овој став и денес останаа чешиновци, кои од 11 до 15 часот целосно го попречија сообраќајот на главната сообраќајница во источниот регион.

Наместо на гласање, чешиновци на блокада

Време - 07.02.2005

РЕФЕРЕНДУМ ВО ЧЕШИНОВО Александра К. Мишовска Околу 2.000 жители на Чешиново и на околните села со право на глас вчера го бојкотираа референдумот на кој требаше да се изјаснат дали се за одлуката седиштето на општината да биде во Облешево.

Чешиновци не излегоа на гласање

Дневник - 07.02.2005

РЕФЕРЕНДУМ Вчера до 13 часот на гласачките места не излезе ниеден од 1.950 граѓани со право на глас од селата Чешиново, Соколарци, Жигенци, Новоселани, Лепепелци и Врбица. Тие требаше рефендумски да се изјаснуваат за седиштето на заедничката општина со Облешево.

Чешиново-Облeшево една општина

Макфакс - 07.02.2005

Скопје Македонскиот Парламент денеска го усвои предлогот за изменување и дополнување на Законот за територијална организација на локалната самоуправа, според кој Чешиново-Облешево останува една општина со седиште во Облешево.

Собранието за Чешиново-Облешево

Макфакс - 07.02.2005

Скопје Македонското Собрание денеска треба да се изјасни во врска со предлог-законот за измени и дополнувања на законот за територијална организација, со кој е предложено постоење на една општина со име Чешиново-Облешево. Опозицијата на вчерашната расправа во Парламентот го бранеше својот амандман ...