TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Два политички блока во борба за власт

Макфакс - 04.05.2008

Скопје Два политичка блока полека се промовираат во Македонија, со тенденција тие да станат единствени политички опции околу кои во иднина ќе се кршат копјата за избор на нова власт. Од една страна е партијата ВМРО-ДПМНЕ, околу која се собираат помалите партии на заедниците во земјата, додека од ...

Фракционерите од НСДП формираа партија

Макфакс - 04.05.2008

Скопје - Фракционерите од Новата социјалдемократска партија(НСДП) денеска во Скопје формираа нова партија која ќе делува лево од политичкиот центар. Партијата која се уште нема име, ниту претседател, ја промовираа доскорешните членови на раководството на НСДП, Лазар Еленовски, Вера Рафајловска и ...

„Сонце“: Никогаш не сме биле кодоши

А1 - 03.05.2008

Со своерачно потпишана изјава кандидатите за пратеници од Сонце Коалиција за Европа тврдат дека никогаш во својот живот не биле кодоши. Изјави потпишаа сите 120 кои ќе се најдат на изборните листи, од прв до последен, од социјалдемократите, па се до пензионерите.

Централниот одбор на НСДП го исклучува Митановски

А1 - 03.05.2008

По најавата за фракционерско дејствување на членот на НСДП Веле Митановски, партиската општинска организација во Охрид на НСДП реши да му предложи на Централниот одбор на партијата да го исклучи од членството. Фракционерството како демократска вредност и придобивка е сосема легитимно во НСДП.

ДС на Власите со Сонце коалиција за Европа

А1 - 03.05.2008

Сонце коалицијата за Европа објави дека им се придружува уште една партија. Демократски Сојуз на Власите. „Денеска коалицијата „Сонце“ е побогата за уште една политичка партија, Демократскиот Сојуз на Власите од Македонија. Ова е уште една потврда на политиката на СДСМ за интеграција, како најдобар ...

Нов партнер на коалицијата Сонце е Демократскиот сојуз на Власите

Канал5 - 03.05.2008

СДСМ денеска објави дека нов партнер на коалицијата Сонце е Демократскиот сојуз на Власите. Кандидатите на коалицијата на СДСМ потпишале изјави дека никогаш не соработувале со тајните служби и бараат и сите други кандидати за пратеници да го стореле истото.

Фракција може, но по изборите

Време - 03.05.2008

НСДП ВО РАСКОЛ Игор Чавески Во НСДП е дозволено да постои фракција, но потребно е таа да биде официјализирана низ партиските органи, а тоа не се прави пред избори, изјави вчера Иван Анастасовски од НСДП. Разединувањето меѓу членството на НСДП дојде по одлуката на Централниот одбор партијата на ...

Преголеми беа разликите со ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 03.05.2008

ИНТЕРВЈУ Во коалицијата на Груевски за нас веќе немаше интерес, вели Стојан Андов , лидерот на Либералната партија Гордана Дувњак Господине Андов, до последен момент преговаравте околу настапот на Либералната партија на вонредните парламентарни избори.

И ДС на Ромите со ВМРО-ДПМНЕ

Време - 03.05.2008

ДОГОВОР ЗА КОАЛИЦИЈА Демократските сили на Ромите, предводени од Шабан Салиу, се приклучија на коалицијата „За подобра Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, со што оваа коалиција веќе брои 20 политички партии. - Со потпишувањето на повелбата за стратегиско коалицирање „Македонија 2008“, дефинитивно ова е ...

Европската коалиција „Сонце“ има седум партии

Утрински - 03.05.2008

Коалицијата ќе говори за модернизација и побрза интеграција, објавија нејзините лидери Оливера Војновска „Сонце - коалиција за Европа“ е сојузот што ќе го предводи СДСМ и кој на предвремените парламентарни избори ќе ги одмери силите со патриотско-портокаловата коалиција „За подобра Македонија“.

Партиите на етничките заедници групно кај Груевски

Утрински - 03.05.2008

Иван Стоиљковиќ, Кенан Хасипи и Џевдет Мустафа го сменија изборниот дрес Оливера Војновска Во портокаловата коалиција со која премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе излезе на изборите на 1 јуни влегоа најголемиот дел од помалите играчи и речиси сите партии на етничките заедници.

Драма во СДСМ

Вечер Прес - 03.05.2008

По лична наредба на претседателот и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, СДСМ влегол во коалиција со НСДП, иако од тоа има чист зијан. Мотивот на Црвенковски е Тито Петковски да биде од негова страна и да не се појави како негов противкандидат на идните претседателски избори СДСМ вчера ја ...

Демократските сили на Ромите во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 02.05.2008

Демократските сили на Ромите од денеска се дел од коалицијата „За подобра Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ. Ветено е завршување на почнатите проекти во општина Шуто Оризари. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сега брои 20 партии. „Денеска коалицијата „За подобра Македонија“ веќе брои 20 политички партии“, изјави ...

Опозицијата се здружи во „Сонце коалиција за Европа“

А1 - 02.05.2008

Сонцето и Европа ги споија социјалдемократите и уште шест други партии под единственото мото „Влез на Македонија во НАТО и Европската Унија“. Поканата на државата во евроатлантските институции во следните шест месеца ќе биде главниот аргумент на коалиција „Сонце коалиција за Европа“ на претстојните ...

Уште една партија на Ромите во коалицијата Преродба во 100 чекори

Канал5 - 02.05.2008

ВМРО ДПМНЕ денеска соопшти дека уште една партија на Ромите им се придружила на коалицијата Преродба во 100 чекори. ВМРО ДПМНЕ денеска соопшти дека уште една партија на Ромите им се придружила на коалицијата Преродба во 100 чекори.

Груевски објави коалиција со 18 партии

Утрински - 02.05.2008

Покрај старите партнери, во портокаловата коалиција се приклучија и Хасипи, Стоиљковиќ и Мустафа Оливера Војновска Посветеност, одговорност, макотрпна работа, лојалност спрема државата и народот, преродба на духот, патриотизам, визија и волја за напредок, вети премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола ...

Либералите може да извисат од европската коалиција

Утрински - 02.05.2008

Промоцијата на „Коалиција за Европа“, предводена од СДСМ, иако се очекуваше вчера, е одложена за денес Промоцијата на „Коалиција за Европа“, предводена од СДСМ, иако се очекуваше да се случи вчера, е одложена за денес, но останува неизвесно дали во овој сојуз ќе влезе и ЛП на Стојан Андов.

Груевски: Одиме кон историска победа

Дневник - 02.05.2008

Во наредните четири години ќе ги завршиме почнатите проекти и ќе почнеме нови ,изјави лидерот Никола Груевски, од името на коалицијата од 19 партии Преродбата продолжува, а најголемата партиска коалиција ќе ја одведе Македонија кон историска победа, изјави вчера Никола Груевски, лидерот на ...

ВМРО-ДПМНЕ истрча со програма и со 19 партии

Време - 02.05.2008

ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗБОРИТЕ Весна Тодоровска На парламентарните избори дури 19 партии ќе коалицираат со ВМРО- ДПМНЕ. Коалицијата „За подобра Македонија“ вчера го потпиша стратегискиот договор за коалицирање и сега таа се прошири и со ДОМ, Демократската сојуз, Социјалистичката ...

Фракција во НСДП

Дневник - 02.05.2008

Членови на НСДП формираа фракција откако раководството на партијата одлучи да коалира со СДСМ на претстојните избори. Фракционерите се за самостоен настап на СДСМ. Фракционерската активност ја објавија поранешниот пратеник Веле Митановски, министерот Лазар Еленовски и ексминистерката Вера ...

Стоиљковиќ ги штити само неговите интереси

Канал5 - 02.05.2008

Одлуката на Иван Стоиљковиќ Демократската партија на Србите да коалицира со ВМРО ДПМНЕ е негов личен став и ги штити само неговите интереси но не и интересите на Србите во Македонија – соопшти градоначалникот на Старо Нагоричане Власте Димковиќ.

Коалицијата на СДСМ ќе го враќа сјајот на сонцето

Вест - 02.05.2008

ВЕТУВАЊЕ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Лидерката на СДСМ и на здружената опозиција Радмила Шеќеринска го повтори мотото "И сонцето е sвезда" од времето кога беше вицепремиер за евроинтеграција и вети дека сонцето од знамето на Македонија ќе стане sвезда на европското Вчера најголемата опозициона партија ...

Опозициона коалиција за изборите

Макфакс - 02.05.2008

Скопје Опозицијата предводена од СДСМ денеска ја промовираше предизборната коалиција – „Сонце-Коалиција за Европа“, во која влегоа НСДП, ЛДП и ЛП. Во коалицијата за предвремените парламентарни избори закажани за 1 јуни пристапија и неколку помали партии.

Во Македонија ќе се гласа ЗА

Вечер Прес - 02.05.2008

Преродба во 100 чекори-надградена и проширена е програма која е патоказ, таа е основа, која ќе не одведе до една значајна победа! Не мислам на партиска победа. Има една многу побитна од неа. Тоа е државна и историска, рече Никола Груевски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното претставување на ...

Тито Петковски ќе коалицира со СДСМ

А1 - 01.05.2008

Изборите ја поделија Нова Социјалдемократска партија. Тито Петковски ќе коалицира со СДСМ, министерскиот ешалон формираше фракција. Не сака на 1-ви јуни да настапи со Коалицијата за Европа, туку да настапи самостојно. „Тоа е само една кулминација во којашто ескалираат сите тие концепциски разлики и ...

ВМРО ја презентираше програмата за 2008-2012

А1 - 01.05.2008

Груевски ја промовираше програмата „Преродба во 100 чекори проширена и надградена“. Нема лажни ветувања, пресметки да се добие пратеник плус, туку има конкретни проекти и мерки за остварување на визијата за подобар живот, рече Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им вети дека неговиот тим е ...

Еленовски и Рафајловска објавија фракција во НСДП

Вест - 01.05.2008

По одлуката на раководството на НСДП да коалицира со СДСМ на претстојните избори, членовите на партијата кои се за самостоен настап вчера официјално прогласија фракција во партијата. Фракцијата во НСДП ќе ја водат поранешниот пратеник Веле Митановски, министерот од НСДП во Владата Лазар Еленовски и ...

ЛДП на изборите ќе настапи во „Коалицијата за Европа“

Канал5 - 01.05.2008

Либерално-демократската партија на денешната седница на Централниот одбор донесе одлука на вонредните парламентарни избори да настапи во „Коалицијата за Европа“, предводена од Социјалдемократскиот сојуз. Скопје, 1 мај (МИА) - Либерално-демократската партија на денешната седница на Централниот одбор ...

Централниот одбор на НСДП синоќа донел одлука на изборите да коалицира со СДСМ

Канал5 - 01.05.2008

Фракционерското дејствување кое го најавија Еленовски, Митановски и Рафајловска за раководството на НСДП е само потврда за демократијата во партиските редови, зашто НСДП е прва партија која го дозволува тоа. Централниот одбор на НСДП синоќа донел одлука на изборите да коалицира со СДСМ ...

Груевски даде збор дека ќе ја прероди Македонија

Вест - 01.05.2008

ПРОГРАМАТА НА ВМРО-ДПМНЕ КАКО НА ТОП ШОП РЕКЛАМИТЕ "Ова не е програма за донесување некој пратеник повеќе, ова е визија за напредок, просперитет. Во оваа програма треба да видите ветување за многу работа", рече на вчерашната промоција на предизборната програма лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола ...

Груевски денеска ја промовираше коалицијата со која ќе настапи на изборите

Канал5 - 01.05.2008

19-те лидери на партиите денеска и официјално ја подржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ Преродба во 100 чекори надградена и проширена. Изборната програма е основа за која ќе не одведе во победа, рече Груевски пред коалиционите партнери.

Србите од Старо Нагоричане и од Куманово против коалиција со ВМРО - ДПМНЕ

Вест - 01.05.2008

Општинските организации на Демократската партија на Србите во Македонија од Старо Нагоричане и од Куманово се против потпишувањето коалиционата спогодба на нивната партија со ВМРО-ДПМНЕ. Членовите на овие два разгранока сметаат дека нивниот лидер Иван Стоиљковиќ одлуката ја донел на своја рака, без ...

ВМРО-ДПМНЕ формира предизборна коалиција

Макфакс - 01.05.2008

Скопје ВМРО-ДПМНЕ со 18 политички партии потпиша коалиционен договор за заеднички настап на парламентарните избори на 1 јуни. Во коалицијата на владејачката партија се партнерите од парламентот, СПМ, Демократскиот сојуз и ДОМ, како и неколку партии што ги застапуваат претставуваат припадниците на ...

„Сонце“ пријави напади врз нивни активисти

Макфакс - 01.05.2008

Битола Коалицијата „Сонце“ предводена од опозициониот СДСМ денеска ги информираше дипломатските претставништва и невладината „Мост“ за два напади врз нивни активисти во Битола. Според “Сонце-коалиција за Европа“, нивни активисти во вторникот вечер прво биле навредувани од едно лице, кое потоа ги ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ВМРО-Македонска

А1 - 30.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ се засили со уште една партија. ВМРО-Македонска на Борис Стојменов на овие парламентарни избори влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата, Стојменов, вели дека се враќа во политиката во друштвото на Груевски, за да и помогне на Македонија во овие историски моменти.

НСДП ќе ја потврди одлуката за коалиција со СДСМ

А1 - 30.04.2008

НСДП на Тито Петковски вечерва треба и официјално да ја потврди одлуката за предизборна коалиција со СДСМ. Крилото во партијата кое се залагаше за самостоен настап ќе дејствува како фракција. „Потребно е групирање на политичките партии, оние коишто се за многу побрз влез на Македонија во НАТО и во ...

СДСМ прави коалиција против меѓународна изолација

Вест - 30.04.2008

ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИОНА ПАРТИЈА ЗАВЧЕРА ОДЛУЧИ СДСМ завчера одлучи на предвремените избори да настапи во коалиција со повеќе политички партии, со кои ќе формира широк фронт за европска Македонија Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија завчера одлучи на ...

Во голема тајност се докројуваат коалициите

Дневник - 30.04.2008

Во најавениот „Фронт за европска Македонија“ предводен од СДСМ, ќе учествуваат НСДП, ЛДП, ЛП, Нова алтернатива и Демократската партија на Турците. Прексиноќа Централниот одбор на СДСМ го задолжил раководството најдоцна до утре да ги заврши преговорите со партиите.Во ВМРО-ДПМНЕ оставаат уште ...

ВМРО и СДСМ утре ќе ги објават коалиционите листи

Канал5 - 30.04.2008

И Груевски и Шеќеринска за утре најавија објавување на коалициите кои ќе ги спротивстават силите на изборите на 1 ви јуни. И Груевски и Шеќеринска за утре најавија објавување на коалициите кои ќе ги спротивстават силите на изборите на 1 ви јуни.

Опозицискиот фронт ќе има првомајски печат

Утрински - 30.04.2008

Преговорите на СДСМ со НСДП, ЛДП и НА се пред самиот финиш, а до вечерва се очекува и договор со ЛП и ДПТ Шекеринска ќе ја бие битката во „единицата“ со Груевски Александра М. Митевска На 1 мај се очекува да се официјализира широкиот опозициски фронт предводен од СДСМ, кој на предвремените избори ...

ВМРО Македонска се враќа со матичната ВМРО ДПМНЕ

Канал5 - 30.04.2008

Коалицијата двајцата партиски лидери ја објавија денеска. ВМРО Македонска се враќа со матичната ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата двајцата партиски лидери ја објавија денеска. - Сакам да ве информирам дека со г-нот Борис Стојменов и ВМРО Македонска денеска договоривме соработка, договоривме коалиција и ...

Србите лути на СДСМ одат со ВМРО-ДПМНЕ

Вечер Прес - 30.04.2008

Освен со ДПС на Иван Стоиљковиќ можен е заеднички настап на најголемата владеачка партија и со Демократската Партија на Турците. Кенан Хасипи засега седи на два стола. Преговара со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ ВМРО-ДПМНЕ веројатно уште денеска ќе ја дефинира соработката со Демократската Партија на Србите ...

СДСМ на предвремените избори ќе настапи во коалиција со повеќе партии

Канал5 - 29.04.2008

СДСМ на предвремените избори ќе настапи во коалиција со повеќе партии кои ќе претставуваат Широк фронт за европска Македонија – ваква одлука како што соопштуваат од партијата донел централниот одбор на партијата кој заседаваше синоќа.

Пукна во битолската НСДП

Време - 29.04.2008

ТРАНСФЕР ИЛИ УЦЕНА? Група активисти на Општинската организација на НСДП во Битола викендов соопштија дека преминале во Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, незадоволни од работата на потпретседателот на НСДП Живко Јанкуловски и на Трајко Соколовски, првиот човек на битолскиот разгранок на ...

Партијата на Србите договара коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 29.04.2008

Лидерот на ДПС Иван Стоиљковиќ ја исклучува можноста за коалиција со СДСМ бидејќи со нив немаат елементарна комуникација Лидерот на Демократска партија на Србите Иван Стоиљковиќ вчера ги негираше шпекулациите дека имаат договор со опозициската СДСМ за заеднички настап на изборите.

СДСМ ќе ја плати цената на малцинствата

Вечер Прес - 29.04.2008

Социјал-демократите остро се спротивставуваа на идејата за загарантирани пратенички места за Србите, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците. Токму затоа партиите на помалите етнички заедници преговараат за заеднички настап на изборите со ВМРО-ДПМНЕ Како наближува петок, кога истекува рокот до кога ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не ги откриваат партнерите

А1 - 28.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска тактизираа. На три дена од крајниот рок за предавање на изборните листи до Државната изборна комисија, тие се уште официјално не откриваат кои партии ќе бидат дел од коалициите што ќе ги предводат.