TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Отушиште пукано врз куќа на Македонец

Вест - 22.05.2002

Вчера утрото, во 3.45 часот едно лице од албанска националност пукало со автоматско оружје во куќата на Вуке Костадиновски од селото Отушиште кое се наоѓа веднаш до Теарце. Биле истрелани шест куршуми и тие завршиле во фасадата на куќата.

Стрелано врз семејна куќа во тетовско Отушиште

А1 - 21.05.2002

Изутрината околу 3, 45 часот врз семејната куќа на Вуке Костадиновски од тетовското село Отушиште непознати лица отвориле оган од огнено оружје. Во овој инцидент нема повредени, но семејството Костадиновски, како и нивните соселани беа видно вознемирени.