TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Автобусите врват низ Припор

Дневник - 03.12.2005

ЕТНИЧКИТЕ ТЕНЗИИ СТИВНУВААТ Автобусите што сообраќаат на линијата 58 слободно се движат низ скопската населба Припор, но поради страв од одмазда, Албанците од соседните села не го користат патот, кој три дена беше блокиран. Полицијата се уште трага по насилниците што во вторникот со нож го прободеа ...

Средношколска тепачка прерасна во меѓуетнички конфликт

Утрински - 03.12.2005

Прободувањето на осумнаесетгодишниот Стојановски го скара Припор со Чифлик и со Света Петка ГОРАН АДАМОВСКИ - ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ Локалното основно училиште "Скендер-бег" во скопското село Света Петка е пусто. Децата што учат тука изминатите три дена не доаѓаат на настава, бидејќи нивните наставници ...

"Се шетаат со ножеви и девојчињата ни ги удираат по задник"

Вест - 02.12.2005

РЕВОЛТИРАНИ ОД КРВАВИОТ ИНЦИДЕНТ ВО АВТОБУСОТ 58 Главната улица која минува низ Припор и води кон Соње, е блокирана со три контејнери, покрај кои припорци дежураат 24 часа Жителите на Припор веќе трети ден не дозволуваат албанците од населбата да минуваат низ главната улица.

Отстранети блокадите во Припор

Канал5 - 02.12.2005

Денеска нема блокади во населбата Припор – иако патот е слободен албанските жители од соседното село Света Петка не минуваат низ Припор. Велат не сакаат да провоцираат се додека не се реши проблемот. Денеска нема блокади во населбата Припор иако патот е слободен албанските жители од соседното село ...

Албанците не можат да припарат во Припор

Дневник - 02.12.2005

ЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ ВО СКОПСКО Неколкумина Албанци се повредени, оштетени се десетина возила, а децата од скопските села Чифлик и Света Петка втор ден не одат на училиште поради барикадите што ги поставија жителите на Припор. Тие се упорни во намерите ниту еден Албанец да не помине низ селото додека ...

Припорчани на нозе!

Вечер Прес - 02.12.2005

Блокадите на револтираните жители од Припор, што се должат на инцидентот што се случи во вторникот вечерта кога во автобус на ЈСП со број "58" од страна на триесетина малолетни Албанци беше нападнат и со нож прободен во пределот на вратот 19-годишниот Александар Стојчевски жител на оваа скопска ...

Продолжуваат блокадите во Припор

Канал5 - 01.12.2005

Жителите на скопкси Припор и денеска го блокираа патот кон селото Света Петка. Блокадите не важат за сите – се пропуштаат Македонците, а Албанците мораат да вртат преку село Батинци за да стасаат дома. Жителите на скопкси Припор и денеска го блокираа патот кон селото Света Петка.

„Албанец нема да помине оттука!“

Време - 01.12.2005

БАРИКАДИ ВО ПРИПОР Педесетина жители на скопски Припор вчера го блокираа патот, кој води кон селата Чифлик и Света Петка, со албанско население, поради инцидент што се случил завчера во автобус на ЈСП, кога 18-годишно момче било брутално претепано од триесетина Албанци од тие две села.

Момче избодено со нож откако било нападнато од контролор

Вест - 01.12.2005

КРВАВО НАСИЛСТВО ВО АВТОБУС НА ЈСП ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ 18-годишниот А.С. се бори за живот во болница откако во автобусот број 58 бил нападнат од контролор оти си ја заборавило слободната карта дома, а потоа од еден патник, момчето било избодено со нож во вратот и градите Тројца контролори кои ...

Припорци на барикади поради обид за линч на средношколец

Дневник - 01.12.2005

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ПРЕДИЗВИКА етниЧки тензии Повеќе од педесет жители на скопското село Припор вчера го блокираа патот пред селото, не дозволувајќи им на автобусите на ЈСП да поминуваат, револтирани од завчерашниот инцидент во кој средношколец од селото бил прободен со нож.

Триесетина Албанци од Света Петка претепаа и избодеа момче од Припор

Вечер Прес - 01.12.2005

Во вторникот вечерта во автобус на "ЈСП" број 58 на улицата "11 Октомври", триесетина малолетници Албанци од Света Петка, Скопско, без никаков повод и причина претепале момче од македонска националност, а потоа еден од нив извадил нож и неколкупати го прободел во вратот и во левата пазува.

Инцидент во Припор и блокада на патот

А1 - 30.11.2005

Блокада на патот и протест на жителите на Припор. Револтирани, затоа што вчера вечер со нож бил ранет 18-годишниот Александар Стојчевски. Тврдат го повредиле негови врсници Албанци од селата Чифлик и Света Петка, кои се лоцирани по скопската населба Припор.

Македонци демолирале автомобили на Албанци и го блокирале патот оти им претепале млад соселанец

Канал5 - 30.11.2005

Тензиите во населбата Припор, ескалираа со оштетување на неколку возила на жители Албанци од соседното село Света Петка. Причина за денешните блокади во Припор е вчерашното претепување на 18-годишниот Александар Стојчевски. Се почнало кај автобуската станица за приградски автобуси, кога ...