TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вајт: Пресврт во политиката на ЕУ

Макфакс - 03.12.2005

Вашингтон Политиката на Европската унија (ЕУ) во однос на референдумот во Црна Гора се промени, а Брисел, сега, оценува дека е важно овој процес да продолжи. Ова, денеска, го изјави директорот на Меѓународната кризна група за Балканот Николас Вајт, за радиото Глас на Америка.

Дијалогот - клучно значење за референдумот во Црна Гора

Макфакс - 02.12.2005

Белград Претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ и специјалниот европски претставник за референдумот Мирослав Лајчак, на денешниот разговор во Црна Гора се согласија дека дека едностраните потези и решенија можат да го загрозат демократското одвивање на процесот.

Пратеникот на ЕУ за црногорскиот референдум во Белград

Макфакс - 02.12.2005

Белград Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за организирање на референдумот во Црна Гора Мирослав Лајчак денеска треба да допатува во официјална посета на Белград. Словачкиот дипломат во Белград ќе има одвоени средби со претседателот и со шефот на дипломатијата на Србија и Црна Гора, ...

Црногорскиот претседател закажа седница на парламентот за референдумот

Макфакс - 01.12.2005

Цетиње Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска користејќи ги своите уставни овластувања закажа за 7 февруари вонредна седница на црногорскиот парламент а која ќе се расправа за референдумот за државниот статус на Црна Гора.

Булатовиќ: Нема да има референдум за независност на Црна Гора

Канал5 - 29.11.2005

Нема да има референдум за независност на Црна Гора, затоа што без опозиција и двотретинско мнозинство во Парламентот власта не може ништо да направи, изјави претседателот на Социјалистичката народна партија (СНП), Предраг Булатовиќ.

Војската нема да се меша при референдумот

Дневник - 29.11.2005

ЦРНА ГОРА Војската со ниедна своја постапка нема да се меша при референдумскиот процес во Црна Гора, изјави министерот за одбрана на Србија и Црна Гора Зоран Станковиќ, јави белградското радио Б-92. - Овој став му го соопштив и на претседателот Филип Вујановиќ и на премиерот Мило Ѓукановиќ - рече ...