Софија Бугарската полиција синоќа заплени 65 килограми хероин на границата со Романија, јави денеска бугарското Национално радио. Дрогата била распоредена во 125 мали пакетчиња скриени во камион со бугарска регистрација што се движел кон Германија, пренесува истиот извор.
Скопје Полицијата заплени над девет килограми марихуана сокриени во патничко возило на регионалниот пат Дебар-Гостивар. Според соопштението од МВР дрогата била пронајдена при претрес на возило марка форд ескорт управувано од лицето Б.И.