TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Привремено заврши драмата во рудникот во Македонска Каменица

Утрински - 10.08.2002

Над 2.000 граѓани на Каменица ги пречекаа штрајкувачите со глад како херои на рударскиот град ШТИП - По долги и мачни преговори меѓу синдикалното раководство на „Саса" и Ванчо Муратовски, претседател на ССМ, и Пеце Ристевски, претседател на СМЕР, од една, и Управниот одбор на рудникот, од друга ...

Штрајкот во рудници „Саса“ е ставен во мирување до 26-ти август

А1 - 09.08.2002

Утринава пред управна зграда на рудниците „Саса“ 1.120 рудари одржаа уште еден рударски собир. Денешната седница на штрајкувачкиот одбор резултираше со одлука за прекин на 9-дневниот штрајк. Штрајкот во рудници „Саса“ е ставен во мирување до 26-ти август - датумот до кој рударите се надеваат дека ...

Рударите ископаа оставки

Дневник - 09.08.2002

Коментар - Никола Стојанов Двајца директори на рудниците Саса, генералниот и техничкиот, вчера поднеле оставки. Повлекувањето го објасниле како морален чин. Претседателот на Управниот одбор, како што објаснил вчера, не ја напушта функцијата затоа што така му наредил премиерот! Стотината незадоволни ...

Поарноќе умремеотколкукелнер даја води Саса

Дневник - 09.08.2002

РУДАРИТЕ пораЧаа Генералниот директор на Саса, Санде Спасовски, и техничкиот директор на рудникот, Димче Илиевски, вчера поднесоа неотповиклива писмена оставка по притисокот од рударите на Саса, кои два дена штрајкуваат со глад во рударско окно на длабочина од 600 метри во земјата.

Директорите на "Саса" поднесоа оставка - штрајкот со глад продолжува

Утрински - 09.08.2002

Стоте рудари од Македонска Каменица и натаму остануваат во јамите ИВАН БОЈАЏИСКИ ШТИП - Стотина рудари од рудникот "Саса" вчера го продолжија штрајкот со глад во една од јамите на рудникот на 600 метри длабочина во утробата на земјата.

Рударите најавија дека ќе ги земат и жените и децата во јамите

Вест - 09.08.2002

ПО ДЕВЕТ ДЕНА ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО "САСА" Претседателот на УО не сакал да даде оставка и тврдел дека премиерот не го дава Стотината рудари од "Саса" кои вчера со глад го продолжија штрајкот во јамите, најавија дека ако не се смени комплетното раководство на рудникот, денес ќе им се придружат и ...

Рудари од „Саса“ го прекинаа 38 часовниот штрајк со глад

А1 - 08.08.2002

130-тина рудари од „Саса“ доцна синоќа околу 22 часот излегоа од рударските окна, предводени од синдикалниот лидер Димче Стојменовски изнемоштените рудари го прекинаа 38 часовниот штрајк со глад. Откако Стојменовски им соопшти дека кворумот на управниот одбор ја потпишал спогодбата со која е ...

Рударите од 'Саса' штрајкуваат со глад

Вест - 08.08.2002

ПРЕМИЕРОТ СИ ИГРАЛ РАСИПАН ТЕЛЕФОН СО РУДАРИТЕ Премиерот Љупчо Георгиевски не сакал завчера очи в очи да се види со рударите што дојдоа пред Влада, туку преку "курири" ги известил штрајкувачите дека му треба време да размисли дали да го тргне сопартиецот од УО на "Саса" Околу 100-тина рудари од ...

Рударите штрајкуваат со глад 600 метри под земја

Дневник - 08.08.2002

ДРАМАТИЧЕН ЗАПЛЕТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Рударите, кои веќе ги напишале прошталните писма, најавуваат дека во штрајкот ќе им се приклучат и нивните жени и деца оти Саса е единствен извор на егзистенција за нив Стотина рудари од рудниците Саса од вчера почнаа штрајк со глад во една од рудничките ...

Доколку не се смени менаџментот-штрајк во јама

Утрински - 07.08.2002

Рударите на "Саса" вчера штрајкуваа пред Владата и издејствуваа плати и скорешна приватизација ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Околу 1.000 рудари на рудникот "Саса" - Македонска Каменица, вчера конечно, по шестдневен штрајк се соочија со Владата, со цел да и ги изнесат акутните проблеми кои ги доведоа до работ ...

Љупчо и Чедо, оставете ни ги барем петте илјади плата

Вест - 07.08.2002

РУДАРИТЕ НА "САСА" НА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ На протестот пред Министерството за економија и Владата рударите од Каменица го обвинија пратеникот Чедо Петров дека сака да го ликвидира рудникот и да остави осум илјади семејства без егзистенција - Да ја оставам својата тригодишна плата внатре во рудникот, ...

Малку човештина, бараат рударите од „Саса“

А1 - 06.08.2002

Владата ќе ги преземе сите правни средства за поништување на договорот што ги задолжува рудниците „Саса“ за 4 милиони долари, ќе ја забрза постапката за продажба на рудникот и ќе им исплати плата на рударите. Министерот за економија Бесник Фетаи денеска писмено се обврза да ги исполни барањата на ...

Рударите на "Саса" се закануваат дека ќе влезат во јамите и ќе гладуваат

Утрински - 06.08.2002

Денеска илјада вработени од рудникот во Македонска Каменица ќе протестираат пред македонската Влада ИВАН БОЈАЏИСКИ ШТИП - Над илјада вработени на Рудникот за олово и цинк "Саса" - Македонска Каменица, денеска од раните утрински часови ќе протестираат пред Владата на Република Македонија и пред ...

Рударите бараат да се поништи новото задолжување на "Саса"

Дневник - 05.08.2002

БЛОКИРАН ПАТОТ ДЕЛЧЕВО - КОЧАНИ Рударите на Саса не го признаваат договорот на ново девизно задолжување на рудникот за 4 милиони долари. Тие го оценуваат како криминален финансискиот договор меѓу раководството на рудникот и фирмата ДОЕЛ МХК Скопје и велат оти договорот е штетен за преговорите за ...

Десет рудари на Саса пеш идат на протест кај Фетаи

Вест - 05.08.2002

РЕВОЛТОТ НА РУДАРИТЕ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА КУЛМИНИРА По тридневни блокади на патот Македонска Каменица-Бугарија, револтот кај десетина рудари кулминирал и решиле пеш да дојдат во Скопје, на најавениот протест пред Министерството за економија, во вторник Митко Ѓорѓиевски и Зоран Илиевски се двајца ...