TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Казнети десет фирми

Вечер Прес - 11.01.2009

Снегот што во Велес, првпат по неколку години, падна во поголеми количества, за некои се покажа многу скап. Досега се казнети вкупно десет правни субјекти. Казната чини 1.000 евра.

Се засолува Охридското Езеро

Вест - 10.01.2009

Во Охрид снегот со големи камиони се собира и се фрла кај пристаништето, а со него во езерото влегува и индустриската сол која беше употребена за негова топење.

Казни и опомени за неисчистен снег

Утрински - 10.01.2009

ВЕЛЕС, ШТИП - Казни и опомени за неисчистен снег изрекуваат полицијата и инспекцијата во Велес и во Штип. Велешката полиција изрекла 10 казни на правни субјекти кои не го исчистиле снегот од тротоарот пред дуќаните.

Европа смрзна

Дневник - 10.01.2009

Поголем број од државите во Европа се зафатени од студениот бран, кој проследен со снежни виулици однесе десетици животи на Стариот континент, јави МИА.Во Хрватска е регистриран најстудениот ден оваа зима од 18 степени под нулата, а температурата во ...

Тротоарите под снег, инспекторите во зимски сон

Дневник - 10.01.2009

Само седум правни лица се казнети поради непочитување на Законот за јавна чистота Тротоарите и јавните површини во Скопје се' уште не се исчистени од снегот, иако мина една недела од првите врнежи.

Охридското езеро се загадува од снегот полн со нафта и сол

Алсат-М - 10.01.2009

Надлежните институции молчат, граѓаните, екологистите и спортските риболовни друштва реагираат на загадувањето на водите на Охридското езоро кај градското пристаниште.

Снежното невреме зема жртви низ цела Европа

А1 - 09.01.2009

Околу 30 луѓе изминатите дена починаа од студ во Полска, во Германија и во Украина. Во германската провинција Баварија температурите се спуштија на минус 34,6 степени Целзиусови, а снегот го парализира јужниот дел на Франција. И во Италија има невобичаено студена зима.

Општинските комунални инспектори во зимски сон

Време - 09.01.2009

Elena Ma~evska Досега само шест казни од по 500 и 1.000 евра се изречени од страна на СВР Скопје за нечистење на снегот од јавните површини на правни лица на централната територија на Град Скопје. И покрај високите парични казни предвидени со Законот за јавна чистота за нерасчистување на снегот од јавните површини, со денови скопјани се принудени, ...

Жртви од студот што ја зафати Европа

Форум - 09.01.2009

Поголем број од државите во Европа се зафатени од студениот бран кој однесе десетина животи Околу 30 луѓе изминатите дена починаа од студ во Полска, во Германија и во Украина.

Неисчистен снег во Скопје

Алфа - 09.01.2009

Замрзнатите тротоари, паркинзите покриени со снег и лед и неисчистените споредни улици и регионални патишта и денеска ја отсликуваат способноста на општините и комуналните претпријатија да се справат со снегот.

Снегот го парализира Истанбул

Канал5 - 09.01.2009

Еден човек загина, а седуммина се повредени во сообраќајни несреќи што синоќа се случија во Истанбул поради обилните снежни врнежи. Поради снегот во многу делови на Истанбул патиштата извесно време биле затворени за сообраќај.

Европа под снежен и студен бран

Канал5 - 09.01.2009

Поголем број од државите во Европа се зафатени од студениот бран, кој однесе десетина животи. Околу 30 луѓе изминатите дена починаа од студ во Полска, во Германија и во Украина. Во германската провинција Баварија температурите се спуштија на минус 34,6 степени Целзиусови, а снегот го парализира јужниот дел на Франција.

Снегот ја парализира Франција

А1 - 08.01.2009

Обилните снежни врнежи утрово предизвикаа застој на сообраќајот во југозападниот дел на Франција, а во прекин е и авионскиот сообраќај од аеродромот во Тулуз. Поради снегот патниот и бродскиот сообраќај се одвиваат во отежната услови и во Марсеј, а околу 9.000 домаќинства се без електрична енергија.

Снегот си замина, доаѓаат сибирски температури

Време - 08.01.2009

Ниски температури и врнежи од снег и наредните денови ќе им создаваат главоболки на возачите и на граѓаните кои едвај се движат по замрзнатите тротоари и пешачки патеки. Според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи, температурите наредните денови ќе се симнат до минус 16 Целзиусови степени, а се очекуваат и послаби врнежи од снег.

На минус 12, Скопје како лизгалиште

Време - 08.01.2009

Температурата од минус 12 Целзиусови степени, измерена вчера наутро во Скопје, предизвика движењето да биде отежнато и опасно по лизгавите коловози, особено во текот на вечерните и на раните утрински часови. Иако општинските и градските служби фрлија поголеми количества сол за расчистување на снегот на главните градски сообраќајници, ниската ...

Лизнати на снег

Утрински - 08.01.2009

Снежната идила го одбележа почетокот на новата година. Но ако се суди според верувањата дека она што ќе го означи вториот ден во годината ќе биде карактеристика за преостанатите 363 дена, тешко нам. Сообраќајни незгоди, скршеници, забавен или целосно блокиран сообраќај, неподигнат смет од контејнерите и отсечени села нема да бидат добредојдени ...

Само 33 казни за неисчестен снег на јавни површини

Алфа - 08.01.2009

Само едно од над 80 комуналните претпријатија задолжени за одржување на јавната чистотата во општините е казнето затоа навреме што не го исчистило снегот од улиците и тротарите. Тоа е комуналното претпријатие во Ново село, Струмичко.

Како да се реши проблемот со замрзнатите и затрупани улици?

Канал5 - 08.01.2009

Интензивните врнежи од снег и ненавремената интервенција од локалната власт, според Македонија пат биле причина зошто патиштата не биле навреме исчистени. Општините пак со спротивен став – според градоначалниците проблемот лежи во некоординираноста на надлежните државни институции со локалната власт.

Општините и надлежните институции се координираат за посупешно расчистување на снегот

Сител - 08.01.2009

ЗЕЛС, градоначалниците и институциите, како Центарот за управување со кризи, Министерството за одбрана, „Македонија пат“, Фондот за патишта и Дирекцијата за заштита и спасување, треба да се координираат за најбрзо да се отстранат последиците од снежните врнежи, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски.

Луѓе, сите лопатите в рака!

Вечер Прес - 08.01.2009

Само на тој начин, во координација со институциите задолжени за чистење најбрзо и најефикасно ќе се отстранат последиците од обилните снежни врнежи кои ја зафатија државава Сите лопатите в рака и секој да си го исчисти снегот пред својот двор! Само на тој начин, во координација со институциите најбрзо и најефикасно ќе се отстранат последиците од ...

Општинскиот кризен штаб подготвен за снегот

Вечер Прес - 08.01.2009

Во текот на изминатите празници Општина Ѓорче Петров работеше со полна пареа на расчистување на снегот. Со паѓањето на првите снежни врнежи беше ангажирана механизација од општината, која работеше деноноќно за расчистување на сите улици. Најпрвин беа расчистени главните сообраќајни артерии, а паралелно се расчистуваа и споредните улици.

Од утре снег, викендов ниски температури

Алсат-М - 07.01.2009

Утре поворно ќе паѓа снег, а метеоролозите велат оти врнежите повеќе ќе ги зафатат западна и југоисточна Македонија. Но, затоа викендов сите ќе нè зафатат уште постудени температури. В недела ќе биде минус 15. Во текот на утрешниот ден се учекуваат снежни врнежи. Според синоптичарите снег ќе паѓа во западниот и југоисточниот регион на земјава.

Од утре нови врнежи од снег

Сител - 07.01.2009

По снежниот бран што ја зафати Македонија, синоптичарите повторно најавуваат нов бран на врнежи од снег. Во утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно со појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -9 до 1 степен, а дневната од -2 до 5 степени. За време на викендот се очекуваат уште пониски температури од -15 до -4 степени.

Студен бран во Македонија, температурите во голем минус

Утрински - 06.01.2009

По интензивните снежни врнежи, студен бран ќе ја зафати Македонија, со температури во голем минус. Метеоролозите за Бадник и на Божик прогнозираат мошне студено време, сонце со заби и спуштање на живата во термометарот на минус 16 степени. Наоблачувањето в четврток ќе донесе врнежи од снег кои нема да бидат интензивни.

Снегот го забави животот, градот во колапс

Утрински - 06.01.2009

Забавен сообраќај, блокирани тротоари и паркинзи, исклучени автобуски линии, смет по контејнерите... Накусо ваква е сликата низ градот по дводневните непрекинати снежни врнежи заради кои во изминативе денови биле предизвикани 83 сообраќајни незгоди, а стотина граѓани се здобиле со скршеници.

И граѓаните виновни за блокираните улици

Дневник - 06.01.2009

Општинарите ги обвинуваат граѓаните дека неправилно ги паркираат автомобилите и не ги чистат приодите кон куќите и дуќаните Градските власти за три дена успеаја да ги оспособат за сообраќај скопските булевари, но поголемиот дел од општинските улици и пешач ки површини останаа затрупани со снег.

Старата механизација пребавно го чисти снегот во струшко

Алсат-М - 06.01.2009

И по три дена откако падна, снегот во Струга и околината е се уште натрупан по улиците и на автопатите. Од Охрид до Струга се патува и до еден час. Локалните институции се оправдуваат со старата механизација и ниските температури. Сепак, патот кон граничниот премин Ќафасан е пуштен за сообраќај и за тешки возила.

Граѓаните помагаат во чистењето на снегот во Скопје

Алсат-М - 06.01.2009

Екипи од ЈП Улици и Патишта од раните утрински часови се во акција. Откако вчера го чистеа од снег центарот на градот, автобуската станица и Бит Пазар, додека денес ги чистеа тротоарите во општина Чаир. „Ги чистиме главните патишта каде се движат пешачите. Ние сме 20 до 30 работници распoредени по општина Чаир.

Натрупани радости

Време - 05.01.2009

Со 20 километри на час, кроце покроце, се движиме првиве денови од новата година. Снегот што заврна пред два дена ни ја блокира секојдневната живеачка. Најпрво му се израдувавме - добредојден е, ќе ни го исчисти воздухот од вируси, а час потоа збунети гледавме како се трупа по улиците и ни го отежнува движењето.

Од денес минус 15

Вест - 05.01.2009

Снежните врнежи кои ја зафатија Македонија денеска ќе престанат, а температурите ќе се спуштат до 15-от степен под нулата. Од Хидрометеоролошкиот завод информираат дека кон крајот на денот снежните врнежи ќе престанат и во наредните три дена ќе има само мало провејување на снег.

Затрупани улици од 18 сантиметри снег

Вест - 05.01.2009

Скопје викендов беше затрупано во снег. Снегот не беше исчистен ниту на главните улици и булевари, а камоли на споредните улички низ скопските населби. Механизацијата на ЈП "Улици и патишта" и фирмите кои ги ангажираат општините за чистење на улиците никаде ги немаше.

Само една казна за нерасчистен снег

Вест - 05.01.2009

Скопје трет ден е затрупано, а Министерството за внатрешни работи пишало само една казна за нерасчистен снег. Лизгави и затрупани со снег тротоари, нерасчистени улици по кои колите и автобусите буквално лазат и сообраќајки на секој чекор станаа секојдневје на скопјани.

Студено време, но со помалку снег до крајот на неделата

Утрински - 05.01.2009

Студеното време со особено ниски утрински температури ќе се задржи и во текот на оваа недела. Врнежите од снег ќе се намалуваат, а денеска се очекува нова бела покривка само на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурите ќе се движат од минус 16 до минус 6, а дневните од минус 6 до 2 Целзиусови степена.

Отсечени повеќе села во Гостиварско

Утрински - 05.01.2009

ГОСТИВАР - Во западниот дел на Македонија без престанок над четириесетина часа паѓа снег, кој почна и да создава неприлики. Сообраќајот на регионалните патишта се одвива во отежнати услови, а од завчера во сила е забрана за движење на шлепери и камиони со приколки на западната магистрала Гостивар - Кичево и на регионалниот пат Церово - Маврови ...

Македонија завеана во снег

Дневник - 05.01.2009

Хуманитарна драма во кривопаланечкото село Дренак, во кое триесетина жители ги трошат последните резерви храна, а отсечени останаа и повеќе села во западна Македонија Триесетина жители на кривопаланечкото село Дренак ги трошат последните резерви храна откако останаа завеани по четиридневните интензивни снежни врнежи.

Македонија окована во снег

Н.Македонија - 05.01.2009

Со румени обравчиња и црвени носиња најмладите го дочекаа снегот, кој веќе трет ден паѓа низ целата држава. Во секое паркче може да се забележат по еден Снешко или нешто што личи на него и безброј дечиња, кои не криејќи го задоволството си играат војна со снежните топки.

Владата ќе помогне во расчистувањето на снегот

Форум - 05.01.2009

Владата ќе им помогне на општините во расчистување на снегот со ангажирањето на над 1.500 луѓе преку Агенцијата за заштита и спасување, и доколку е потребно припадници на АРМ, изјави денеска претседателот на Владата Никола Груевски по отворањето на спортската сала во скопско Ново Село, дел од прокектот за изградба на 35 сали и 50 фудбалски ...

Триесет нови повредени поради снегот и мразот

Канал5 - 05.01.2009

Подмрзнатите улици и тротоари во метрополата и донесоа на Градската болница во Скопје триесет нови пациенти. Со 220те кои побарале помош за викендот бројот на повредени како последица на снегот кој ја завеа метрополата достигна 250. До 16 часот на територијата на Скопје се случиле 17 сообраќајни незгоди.

Владата ќе им помогне на општините во расчистувањето на снегот

Вечер Прес - 05.01.2009

Владата и Агенцијата за заштита и спасување ќе им помогнат на општините во расчистување на снегот. Оваа акција ја најави премиерот Никола Груевски, кој истакна дека во прво време ќе бидат ангажирани околу 1500 луѓе, а ако е потребно ќе се мобилизираат и припадници на АРМ.