TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МСК бара Јавниот обвинител да поднесе пријава против Вранишковски

А1 - 11.07.2003

Македонскиот светски конгрес побара од јавниот обвинител да поднесе кривична пријава против расчинетото владика Јован за лажно преставување и разгорување верска омраза. „Доколку Зоран Вранишковски самиот не ја симне црната мантија и црковните обележја или тоа не го извршат полицијата, ...

Митрополитот Јован пак стана Зоран Вранишковски

Вест - 11.07.2003

СИНОДОТ НА МПЦ ОФИЦИЈАЛНО ГО РАСЧИНИ ОДМЕТНАТИОТ ВЛАДИКА Синодот долго чекал расколникот да се покае, но бидејќи тој продолжил со разнебитувањето на МПЦ, одлучил да го расчини и врати меѓу обичните луѓе Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, во својство на црковен суд го ...

Зоран Вранишковски веќе не е свештено лице

Утрински - 11.07.2003

МПЦ му го одзеде епископскиот чин на Јован поради прекршување на каноните и Уставот на црквата ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, која во својство на највисок црковен суд завчера го расчини, односно го лиши од епископскиот чин поранешниот владика Јован ...

Ако шета со мантија, Вранишковски треба да биде приведен!

Дневник - 11.07.2003

СИНОДОТ НА МПЦ ГО РАСЧИНИ ВЛАДИКАТА ЈОВАН Поранешниот митрополит Јован од завчера повеќе не е владика на Македонската православна црква и тој се враќа во редот на мирјаните со световното име Зоран Вранишковски. Одлуката за расчинување на поранешниот владика, кој пред една и пол година пристапи во ...

Eпископот Јован од вчера со име Зоран Вранишковски

А1 - 10.07.2003

Откако синодот на МПЦ ги исцрпи сите законски норми и прописи кои ги предвидуваат светите канони и после неколкуте неуспешни повикувања да се покае, епископот Јован е расчинет и тој од вчера е во редот на Мирјаните со име Зоран Вранишковски, изјави денеска портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

МПЦ го расчини владиката Јован

Вест - 10.07.2003

Црковниот суд на Македонската православна црква вчера донесе одлука да го расчини досегашниот владика Јован, јави Макфакс, според извори во МПЦ. Со оваа одлука, Зоран Вранишковски од вчера и официјално веќе не е владика на МПЦ.

Црковниот суд на МПЦ го расчини владиката Јован

Утрински - 10.07.2003

Македонската православна црква вчера расчисти со расколникот Црковниот суд на МПЦ вчера го расчини доскорешниот владика Јован, инаку поранешен митрополит на Велешко-повардарската епархија и на Брегалничката епархија. Од денеска Јован, не само за МПЦ туку и за верниците е цивилно лице, Зоран ...

Расчинет расколничкиот владика Јован

Дневник - 10.07.2003

ЦРКОВЕН СУД НА МПЦ Црковниот суд на Македонската православна црква вчера решил да го расчини владиката Јован, повардарскиот владика што се обиде да ја припои МПЦ кон Српската православна црква, јави агенцијата Макфакс повикувајќи се на извори во МПЦ.

Вранишковски веќе не е владика на МПЦ

А1 - 09.07.2003

Зоран Вранишковски од денеска и официјално веќе не е владика на Македонската Православна Црква. Светиот архиерејски синод во својство на највисок црковно судски орган на денешната седница конечно донел одлука да го расчини Јован.