TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Советот за безбедност не постигна договор за Косово

Макфакс - 03.06.2007

Њујорк Советот за безбедност ниту по ноќешните преговори не постигна согласност за статусот на Косово, јавуваат медиумите. Според истите извори, како главна пречка на средбата меѓу Русија и Западот беше т.н. „автоматизам“ по кој ќе се решава прашањето за покраината.

Путин: Независноста на Косово е штетна и опасна

Макфакс - 03.06.2007

Берлин Независноста на Косово би била штетна и опасна, оцени во интервјуто за утрешното издание на весникот „Шпигел“ рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека и понатаму треба да се бара компромисно решение прифатливо за двете страни.

Контакт групата без Русија, за резолуцијата за планот на Ахтисари

Макфакс - 03.06.2007

Париз Контакт групата за Косово, без претставник од Русија, денеска во Париз изрази волја да се постигне договор за резолуцијата на Советот за безбедност (СБ), за планот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. „Претставниците на Италија, Германија, Британија и САД ја потврдија подготвеноста ...

Русија ја одби новата нацрт-резолуција за Косово

Вест - 02.06.2007

МОСКВА, 2 јуни - Русија не ја одобрува новата нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за Косово, соопшти во Москва портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Михаил Каминин. Тој додаде дека Русија е за продолжување на преговорите, со цел да се најде решение кое ќе биде ...

Русија ја отфрли новата резолуција за независно Косово

Време - 02.06.2007

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Русија вчера ја отфрли новата верзија на резолуцијата, која членки на Европската Унија и САД ја поднесоа до Советот за безбедност на Обединетите нации, а во која се предвидува независно Косово под надзор на Европската Унија.

Руското вето за Косово веќе е в џеб

Утрински - 02.06.2007

Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Русија цврсто се залага за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово, изјави вчера Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи. Одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува изјавата на американскиот државен ...

Запад го омекнува ставот за Косово, Русија најавува вето

Утрински - 02.06.2007

Советот за безбедност нема „да го одобри“ планот на Ахтисари за квалификувана независност за Косово, туку само „ќе го поддржи“ ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Западните земји ја ублажија Нацрт- резолуцијата за поддршка на плановите на ОН за иднината на Косово, меѓутоа Русија во четвртокот го отфрли потегот и ги ...

Косовските Срби со Декларација за зачувување на Косово во Србија

Макфакс - 02.06.2007

Приштина Одборниците на Заедницата на српските општини на Косово и претставниците на Српскиот национален совет денеска во Митровица донесоа Декларација за зачувување на Косово во состав на Србија. „Декларацијата со која се потврдуваат нераскинливите уставни и државноправни врски на Косово со ...

Фрид ја критикуваше Русија за Косово

Макфакс - 02.06.2007

Вашингтон Остри критики до Русија заради одбивањето да го поддржи планот на западот за решавање на статусот на Косово, упати помошникот американски државен секретар, Даниел Фрид. Тој во исказот пред членовите на сенатскиот Комитет за надворешни работи рече дека Москва, до сега, го отфрла секое ...

Доколку се гласа, Русија ќе стави вето!

Вечер Прес - 02.06.2007

Оваа можност ја навести рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, доколку САД инсистираат на гласање за резолуцијата Како што беше и најавено, вчера САД на амбасадорите на државите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации им ја достави новата, малку изменета предлог-резолуција за Косово.

Ахтисари: Независноста за Косово е единствениот можен излез

Макфакс - 02.06.2007

Скопје Независноста на Косово е „единствениот можен излез" од кризата околу статусот на српската провинција, изјави специјалниот пратеник на ООН Марти Ахтисари. „Не гледам друг излез освен независност за Косово. Предлогот за продолжување на преговорите нема да доведе до никакво решение", рече тој ...

Новата предлог-резолуција за Косово се базира на планот на Ахтисари

А1 - 01.06.2007

Новата предлог-резолуција за Косово поднесена од САД, Белгија, Велика Британија, Франција, Италија, Словачка и Германија се базира на планот на Марти Ахтисари за надгледувана независност на Косово. За да се намали противењето на Русија, предлагачите внесоа измени во првобитната верзија на текстот, ...

Нова резолуција за Косово

Време - 01.06.2007

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ САД вчера требаше да го достават текстот на новата резолуција за Косово до Советот за безбедност на Обединетите нации. Резолуцијата не би требало директно да го признае Косово, бидејќи Русија се противи на неа, туку би требало да ја замени досегашната резолуција 1.244 од 1999 ...

Сергеј Лавров ги изненади министрите на Г-8

Дневник - 01.06.2007

На средба на шефовите на дипломатиите на Групата осум најразвиени земји во светот во Потсдам, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изненади своите колеги со новиот став на Москва дека се потребни директни преговори меѓу Србија и Косово пред да се пристапи кон усвојување на планот ...

На Русија не и одговара пролонгирање на независноста на Косово

Макфакс - 01.06.2007

Москва/Техеран Русија стави на знаење дека не и одговара „автоматско пролонгирање на независноста на Косово“ и се залага за временски неограничени нови преговори. „Суштината не е во тоа да се одобри планот на Марти Ахтисари, туку да се водат преговори“, изјави денеска шефот на руската дипломатија ...

Запад го ублажува текстот на резолуцијата за Косово

Макфакс - 01.06.2007

Приштина Нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), што ја подготвува запад, предвидува да го „поддржи“, а не да го „одобри“ планот за Косово на специјалниот пратеник Марти Ахтисари. Оваа вест ја пренесоа агенциите, повикувајќи се на неименувани дипломатски и политички ...

Косово за - Србија против изјавата на Буш

Макфакс - 01.06.2007

Белград/Приштина Српските и косовските политичари излегоа со спротивставени оценки за вчерашната изјава на американскиот претседател Џорџ Буш дека САД одлучиле Косово да биде независно. Косовскиот премиер Агим Чеку ја поздрави изјавата, додека српскиот премиер Воислав Коштуница тврди дека идејата ...

Косово нема да носи еднострани одлуки

Макфакс - 01.06.2007

Приштина Косово ќе продолжи да соработува со меѓународната заедница и нема да носи еднострани потези, откако Русија ја отфрли новата предлог резолуција во Обединетите нации. Овој заеднички став на косовските институции и политичката опозиција денеска му бил соопштен на специјалниот пратеник на ...

Парламентарки од Косово во македонското Собрание

Макфакс - 01.06.2007

Скопје Искуства од парламентарното дејствување и соработката со невладиниот сектор ќе разменат денеска во Скопје парламентарки од Македонија и Косово. Посетата на женскиот парламентарен клуб од Косово е на покана на Клубот на жени – пратенички во Собранието на Македонија, соопшти собраниската прес ...

Русија против новата нацрт резолуција за Косово

Макфакс - 01.06.2007

Москва Новата нацрт резолуција на Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН) за Косово не и одговара на Русија, соопштено е денеска во Москва. „Новата верзија на нацрт резолуцијата за Косово и натаму не ни одговара“, изјави Михаил Камињин, портпарол во руското Министерство за надворешни ...

Амбасадор Робертс: Поделба на Косово - единствено решение

Макфакс - 01.06.2007

Лондон Решението за Косово треба да се бара во изнаоѓање на некој вид поделба со што и двете страни подеднакво ќе бидат незадоволни. Ова денеска го изјави поранешниот британски амбасадор во Белград, сега претседател на Управниот одбор на „Тринити Колеџ“ на универзитетот во Оксфорд, сер Ајвор ...

Албанија за независност, Грција против

Време - 31.05.2007

СПОР ЗА КОСОВО Балканските земји се изјаснуваат за идниот став на Косово. Албанија, преку претседателката на Собранието Џозефина Топали, повторно соопшти дека се залага за независно Косово, јави новинската агенција МИА. - Обединетите нации наскоро ќе ја усвојат резолуцијата за независност на Косово ...

За Косово директни преговори меѓу Белград и Приштина

Вест - 31.05.2007

РУСИЈА БАРА ПОТСДАМ, 31 мај (Ројтерс) - Русија вчера ги предупреди светските сили да не одлучуваат сами за иднината на Косово, велејќи дека само со преговори меѓу Белград и Приштина може да се реши спорот околу независноста на српската покраина.

Ахтисари_ Косово ќе биде независно на еден или друг начин

Утрински - 31.05.2007

Обединетите нации треба да побрзаат и да донесат официјална резолуција идниот месец ХЕЛСИНКИ - Српската покраина Косово ќе биде независна на еден или друг начин така што Обединетите нации треба да побрзаат и да донесат официјална резолуција идниот месец, гласи вчерашната изјава на пратеникот на ОН, ...

Русија повторно го предупреди Запад околу Косово

Утрински - 31.05.2007

Лавров: Судбината на Косово, судбината на Србија во целост, треба да се реши преку нивни директни разговори наместо во Њујорк ПОТСДАМ - Русија вчера ги предупреди другите светски сили да не ја решаваат сами судбината на Косово, истакнувајќи дека единствено разговори меѓу Белград и Приштина можат да ...

САД денеска на амбасадорите ќе им достави нова предлог-резолуција за Косово

Канал5 - 31.05.2007

САД денеска на амбасадорите на државите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе им достави нова, малку изменета предлог-резолуција за Косово. Њујорк, 31 мај (МИА) - САД денеска на амбасадорите на државите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе им достави нова, малку ...

Нема договор за Косово

Вечер Прес - 31.05.2007

Лавров цврсто стоел на ставот дека: "Судбината на Косово и Србија во целост, не треба да се решава ниту во Њујорк, ниту во Потсдам, туку со директни преговори на Белград и Приштина Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г-8, кои вчера се состанаа во Потсдам близу Берлин , и натаму не ...

Косово ќе распише конкурс за национални симболи

А1 - 30.05.2007

Лидерите на косовските Албанци објавија дека на 4. јуни ќе распишат конкурс за дизајн на ново знаме и национални симболи за Република Косово. Косово одлучи да издаде и нови пасоши во исчекување на одлуката за идниот статус на Косово на Обединетите нации.

Косово е главна тема на самитот на Г-8

А1 - 30.05.2007

Идниот статус на Косово беше една од главните теми на денешната средба на министрите за надворешни работи на Г-8 групата. На состанокот кој се одржа во германскиот град Потсдам, шефовите на дипломатиите ги искажаа своите гледишта околу тоа како треба да изгледа конечната верзија за Косово.

Конкурс за знаме на "Република Косово"

Вест - 30.05.2007

ПРИШТИНА, 30 мај (Ројтерс) - Албанските лидери на Косово вчера објавија конкурс за знамето и националните симболи на Косовската Република, иако уште не е знае дали покраината ќе добие независност. Парламентот официјално ќе го објави тендерот на 4 јуни, а ќе биде отворен во наредните две недели.

Русија демантира дека е постигнат договор со САД и ЕУ за Косово

А1 - 29.05.2007

Руското Министерство за надворешни работи демантираше дека е постигнат договор со САД и Европската Унија за Косово, јавуваат српските медиуми. Како што вчера објави хрватски „Јутарњи лист”, Русија од една страна, и САД и ЕУ од друга страна, постигнале договор за нова резолуција за Косово, на што ...

Чеку: Статусот на Косово не зависи од косовските власти

А1 - 29.05.2007

Прашањето за статусот на Косово не зависи од косовските власти, туку од меѓународниот фактор, изјави синоќа косовскиот премиер Агим Чеку. Според него, Косово ќе прогласи независност на денот кога ќе биде усвоена нова резолуција во Советот за безбедност на ООН.

„Јутарњи лист“_Русија се испазари за Косово

Утрински - 29.05.2007

Постигнат е компромис на Русија со САД и ЕУ околу решавањето на статусот на Косово, при што Русија не би ставила вето на планот на Марти Ахтисари, а за возврат би биле исполнети некои нејзини услови, објави вчера хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Руски војници во српските енклави?

Вечер Прес - 29.05.2007

Меѓу трите руски услови најважен е повторното враќање на руските војници на Косово, но овој пат тие би биле распоредени во српските енклави Според некои полуофицијални информации од Москва, постигнат е компромис меѓу Русија и САД и ЕУ од друга страна, за позитивно изјанување или апстинирање во ...

„Јутарњи лист“: Русија нема да стави вето за Косово

А1 - 28.05.2007

Русија, Европската Унија и САД, постигнале договор за скорешно гласање на планот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Ова го објави денешното издание на хрватскиот весник „Јутарњи лист“, повикувајќи се на полуофицијална информација од извор во Москва, близок до руското ...

Визнер: САД работат во СБ на ОН на обезбедување поддрша за нова резолуција за Косово

Канал5 - 28.05.2007

САД интензивно работат со своите сојузници во Советот за безбедност на ОН на обезбедување широка поддршка за нова резолуција за Косово, изјави специјалниот американски пратеник за Косово Френк Визнер. Лондон, 28 мај (МИА) - САД интензивно работат со своите сојузници во Советот за безбедност на ОН ...