TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откази за 12 вработени во УЈП - Тетово

Утрински - 21.11.2008

Откази за 12 вработени во УЈП - Тетово. ТЕТОВО - Дванаесетмина вработени во УЈП - Тетово, припадници на албанската заедница, добија откази. Причина за отпуштањата бил неположен стручен испит. Заднината на отказите е реваншизам, обвинуваат отпуштените. Тие апелираат до раководството на Управата за јавни приходи да не потпаѓа под политичко влијание на ДУИ и бараат преиспитување на одлуката.

Даночници

Н.Македонија - 21.11.2008

Дванаесет лица од Тетово тврдат дека се избркани од работа во Управата за јавни приходи поради политички реваншизам и дека со тоа е повредено начелото за правична застапеност на Албанците во државната администрација според кое тие добиле работа во 2007 година.

Отпуштени 12 вработени во УЈП - Тетово

А1 - 20.11.2008

Дванаесет вработени во Управата за јавни приходи, регионална дирекција Тетово денеска се пожалија пред новинарите дека добиле решенија за престанок на работниот однос. Како што јави дописникот на Макфакс, во образложенијата што ги добиле во решението за престанок на работен однос се наведува дека досегашните вработени не го положиле стручен испит.

Реакција на регионалната дирекција на УЈП во Тетово

Канал5 - 20.11.2008

„Имајќи предвид дека ниту еден од 12 – те кандидати кои не го положил испитот нема поднесено приговор за резултатите од приправничкиот испит, како и тоа што покажаа потпросечно и ниско ниво на знаење за основни прашања од областа на даночното работење за време на едногодишното работење во даночната администрација, УЈП нема да коментира и да се впушта во полемики во кои се користат изјави и ...

Група од 12 вработени во УЈП-Тетово избркани од работа

Макфакс - 20.11.2008

Дванаесет вработени во Управата за Јавни Приходи (УЈП), регионална дирекција Тетово денеска се пожалија пред новинарите дека добиле решенија за престанок на работниот однос. Како што јави дописникот на Макфакс, во образложенијата што ги добиле во решението за престанок на работен однос се наведува дека досегашните вработени не го положиле стручен испит.

УЈП: Стручност, не етничка предност!

Форум - 20.11.2008

Во врска со одржаниот прес денес, 20.11.2008. г. пред објектот на УЈП - Регионална Дирекција во Тетово и изјавите на лицата изнесени на него дека 12 кандидати-етнички албанци, не се примени во редовен работен однос по едногодишниот стаж, Генералната дирекција на Управата за јавни приходи информира дека од вкупно 16, ниту еден од 12 кандидати што се појавиле на пресот, не го положиле ...

12 службеници на УЈП добија отказ

Алфа - 20.11.2008

Отказ за дванаесет тетовски службеници во УЈП блиски до ДПА подели централата од Скопје. Луѓето што во понеделникот останаа без работа протестираат – тврдат дека се избркани за на нивно место да се вработат луѓе од владеачката ДУИ. Рушити вели дека сите дванаесетмина се примени на работа во 2007-та кога ДПА коалицираше со ВМРО ДПМНЕ, од агенцијата за државни службеници се распоредни на работа во ...