TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Танцот е метацивилизација

Време - 07.12.2007

НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МАНУ Танцот е уметност што не обединува, која ги брише разликите и границите и допира до секого, без разлика на националноста на која и припаѓа, рече министерот за култура Арифхикмет Џемаили на вчерашното отворање на научната конференција за танц во МАНУ.

Танцот е дел од македонското културно наследство

Дневник - 07.12.2007

Танцот е проекција на темелен цивилизациски архетип - игра на телото во неговата уметничка изведба, упатен секогаш од себе спрема другиот, спрема гледалиштето, спрема сценскиот медиум. Танцот е заборавање на приказната, помнење на емоциите, на синергијата на играта и на историјата - рече академик ...

Експертска дискусија за танцот во МАНУ

Дневник - 06.12.2007

Дваесетина академици, професори, кореографи, танчари од неколку европски земји, денеска и утре ќе дискутираат за современите текови на балетската уметност , во рамките на меѓународната конференција на тема „Танцот како израз на културните разноликости“.

Танцот - чувар на културната меморија

Време - 04.12.2007

НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МАНУ Научна конференција на тема „Танцот како израз на културните разноликости“ ќе се одржи на 6 и 7 декември во МАНУ. - Конференцијата, фокусирана на танцовите естетски форми на европската културна меморија, со посебен осврт на балканскиот регион, го третира танцот како ...

УНЕСКО ја поддржа Рисимкин

Вест - 04.12.2007

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СОВРЕМЕН ТАНЦ ВО МАНУ Во организација на "Интерарт" чиј раководител е кореографот Рисима Рисимкин во Македонија за прв на академско ниво ќе се говори за танцот и европската култура Во четврток и петок во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на ...

Меѓународна конференција за современ танц

Утрински - 04.12.2007

На 6 и 7 декември, во МАНУ, ќе се одржи конференција на тема „Танцот како експресија на културните разновидности“ ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА Во Македонската академија за науки и уметности, на 6 и 7 декември, ќе се одржи Меѓународната конференција за танц на тема: „Танцот како експресија на културните ...

Меѓународна конференција за танц во МАНУ

Дневник - 04.12.2007

Танцот како облик на културна меморија на светот, танцовите разлики како проекција на културните разлики во светот , интерпретација на танцовата експресија од аспект на танцовата интеракција, се дел од темите на кои еминентни академици, теоретичари, кореографи ќе дискутираат во МАНУ, на ...

Голема научна дебата за современ танц

Вечер Прес - 04.12.2007

Првата меѓународна конференција за танц, која е со целосна поддршка на УНЕСКО ќе се случи на 6 и 7 декември во просториите на Македонската академија за науки и уметности Првата меѓународна конференција за танц, која е со целосна поддршка на УНЕСКО ќе се случи на 6 и 7 декември во просториите на ...