TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар се осамостои на врвот на табелата

А1 - 17.09.2006

Вардар се осамостои на врвот на табелата во Македонското фудбалско првенство, по денешната победа над Шкендија на жешкиот терен во Тетово, во петтото коло од прволигашката конкуренција. Македонија Ѓорче Петров го загуби чекорот со лидерот играјќи само нерешено со Ренова, а до третото место конечно ...

Работнички К. в недела домаќин на Башкими

Дневник - 13.09.2006

Македонскиот фудбалски шампион Работнички К. во 5. прволигашко коло како домаќин ќе го пречека Башкими во редовниот термин - недела. „Железничарите“ како термин за одигрување на натпреварите кога се домаќини ја пријавија сабота, но поместувањето го направија поради утрешниот настап во УЕФА-купот, ...

Работнички и Башкими ќе се сретнат в недела

Вест - 12.09.2006

НАТПРЕВАРУВАЧКА КОМИСИЈА НА ФФМ Поради настапот на Работнички Кометал против Базел во Купот на УЕФА, првенствениот натпревар од петтото коло со Башкими, наместо в сабота, ќе се одигра ден подоцна во истата сатница со останатите средби, од 15.30 часот.

„Црвено-црните“ го освоија врвот

Дневник - 12.09.2006

„Црвено-црните“ благодарение на подобрата гол-разлика направија рокада со Македонија ЃП Најтрофејниот тим Вардар по четири одиграни коло од 15. фудбалски шампионат на Македонија го запоседна врвот. „Црвено-црните“ благодарение на подобрата гол-разлика направија рокада со Македонија ЃП.

Вардар првпат води по три години пауза

Време - 12.09.2006

ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО По пауза од речиси три години шесткратниот првак Вардар изби на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, по неделното 4. коло од новата сезона. „Црвено-црните“ го искористија киксот на досега водечката Македонија ЃП, која на неутрален терен во Струга не го ...

Вардар ја презеде лидерската позиција

Вест - 12.09.2006

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА - 4. КОЛО Со високата победа над Напредок, Вардар по подолг период повторно се најде на лидерската позиција на прволигашката табела. Шампионот Работнички Кометал триумфираше во Штип, додека Македонија ЃП, иако на двапати водеше против Башкими, од Куманово се врати само со бод.