TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лидерската четворка на консултации кај Трајковски

А1 - 09.12.2001

Лидерите на четирите политички партии потписнички на рамковниот договор вечерва се на состанок со претседателот за да направат уште еден обид да се надминат недоразбирањата околу законот за локална самоуправа, што доведе до блокада на расправата околу овој закон во Собранието.

Парламентот блокиран

А1 - 08.12.2001

Законот за локална самоуправа, кој треба да се донесе по итна постапка, ја блокира работата на парламентот. Европскиот претставник Ален Лероа вчера оцени дека спротивставените ставови на најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, од една, и ДПА и ПДП, од друга страна, треба да се надминат на ...

А1 интервју со Гордана Силјановска, експерт по локална самоуправа во Советот на Европа

А1 - 08.12.2001

„Времето ќе покаже колку законот за локална самоуправа е добар или лош. Некои локални надлежности во една држава може да даваат добри резултати, а во други не“, изјави во интервјуто за А1 проф. др. Гордана Силјановска, експерт по локална самоуправа во Советот на Европа.

Парализа на Собранието

Вест - 08.12.2001

ПАРТИИТЕ ОД АЛБАНСКИОТ БЛОК ПОЧНАА СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Пратеничките групи на ПДП и ДПА, и официјално го информирале претседателот на Собранието Стојан Андов дека ја искористуваат можноста што сега им ја дава Уставот при донесувањето на закони со двотретинско м Предупредувањата ...

СДСМ не ги повлекува амандманите

Вест - 08.12.2001

СДСМ нема да ги повлече амандманите предложени на законот за локална самоуправа, бидејќи не смее да се случи регионализација на Македонија - изјави вчера координаторот на оваа партија Никола Поповски. “Јасно е зошто се бунат албанските политички партии - тие со ваквата форма на законот имаа намера ...

ДПА и ПДП вежбаат уценување со "охридското" право на вето

Дневник - 08.12.2001

ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВО СОБРАНИСКИ ЌОР-СОКАК Двете партии на Албанците сметаат дека амандманите ја нарушуваат суштината на законот, но поднесувачите нив немаат намера да ги повлечат ПДП и ДПА вчера ја бојкотираа седницата на која требаше да се усвои законот за локална самоуправа и побараа ...

Парламентот блокиран од законот за локална самоуправа

А1 - 07.12.2001

Пратениците на политичките партии на Албанците нема да влезат во собраниската сала, се додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не ги повлечат предлог амандманите кои се однесуваат на законот за локална самоуправа и се додека не се одржи средба на лидерската четворка од Охрид.

Федерализацијата на мала врата ќе влезе во државата

Дневник - 07.12.2001

ЗАМКИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Со прецизирањето на надлежностите во Законот за локална самоуправа, Владата само си ги врзува рацете - вели Гордана Силјановска од Правниот факултет Заедничката администрација предвидена во предлог-законот за локална самоуправа де факто е вовед во ...

Изгласувањето на законот за локална самоуправа неизвесно

А1 - 06.12.2001

Собранието денеска ја продолжи седницата на која по итна постапка треба да се разгледа и усвои законот за локална самоуправа, кој е еден од најважните системски закони и обврска која произлегува од рамковниот договор. Изгласувањето треба да се изврши вечерва, а тоа е услов што го постави ...

Итноста на законот за локална самоуправа пред испит

А1 - 05.12.2001

Парламентот денеска не го одржа најавеното продолжение на расправата по законот за локална самоуправа, бидејќи владината комисија за политички систем не успеала да ги испегла сите разлики околу спорните ингеренции во делот на образованието и здравството, извести ресорниот министер Фаик Арслани.

Пратениците се плашат од кантонизација на државата

Дневник - 05.12.2001

РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Нема реална основа за страв оти со овој закон ќе се овозможи регионализација на државата, тврди министерот за локална самоуправа, Фаик Арслани Заедничката администрација што можат да ја основаат соседните општини за извршување некои надлежности е вовед во ...

Прифатени осум амандмани на законот за локална самоуправа

А1 - 04.12.2001

Македонскиот парламент ја прекина денеска седницата на која е предвидено по итна постапка да се донесе законот за локална самоуправа, еден од најважните системски закони чие усвојување е и обврска што произлегува од охридскиот рамковен договор. Продолжението на седницата е закажано за утре.

Законот за локална самоуправа има глобални слабости

Дневник - 04.12.2001

СОБРАНИСКА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ Министерот за локална самоуправа, Фаик Арслани, вели оти се уште имаат недорешени прашања, но тие не претставуваат сериозна пречка за донесување на законот Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне расправата за донесување нов закон за ...

Утре седница за законот за локална самоуправа

А1 - 03.12.2001

Собранието за утре свика седница на која по итна постапка треба да биде донесен законот за локална самоуправа, соопшти парламентарниот сектор за информирање. Законот за локална самоуправа е еден од клучните законски акти неопходни за имплементација на охридскиот рамковен договор.

Општините ќе добијат повеќе пари и надлежности

Дневник - 03.12.2001

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА - НОВ ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА За целосно и успешно имплементирање на новиот закон ќе треба да се интервенира и во околу седумдесет други закони од различни области Следната недела се очекува Собранието на Република Македонија да го донесе новиот закон за локална самоуправа, ...