TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Денеска се слави Ерделез и Ѓурѓовден

А1 - 06.05.2007

Кај Ромите Ерделез, кај православните Ѓурѓовден. Семејството Али денес не покани на скромна трпеза со јагнешко на маса. Ромите традиционално го слават овој ден. „Повеќето од Ромите јагнето го колат на 5 мај, а на 6 мај си прават печење, чекаат гости и си го слават до 9 мај.

Прв ден Ѓурѓовден

Канал5 - 06.05.2007

Денеска е прв ден Ѓурѓовден. Жалосната врба на вратата на домот е симболот дека домаќинот го дочекува големиот христијански празник и се поклонува на природата, земјата, животот, младоста и здравјето. Највесело и оваа година е во скопската населба Шутка каде масовно се слави Ѓурѓовден.

Децата од К. Вода бараат чист воздух

Дневник - 05.05.2007

Околу 400 основци од училиштата на подрачјето на Кисела Вода денеска ќе возат велосипеди и ролери по општинските улици, под паролата „Имаме право да дишеме чист воздух“. Спортската манифестација се одржува по повод прославата на верскиот празник Ѓурѓовден, кој е и празник на Општината Кисела Вода.

Шутка живее за Ѓурѓовден

Вечер Прес - 05.05.2007

Во општината со најголем број социјални случаи иако секоја година се поскромно, традицијата не се напушта. Дел од жителите само ги закитија трошните куќарки, но пееја и играа. Нивниот дух не се купува со пари, па затоа не се уништува со сиромаштија Џафте корзо, јагнешко печено и музика.

Ѓурѓовден е наша традиција

Вечер Прес - 05.05.2007

Општина Кисела Вода со бројни активности ќе го прослави својот патронен празник 6 мај - Ѓурѓовден. За вчера и денеска е планиран Турнир во мал фудбал со учество на советите на општините, парламентарци на Република Македонија, владини функционери и советници на Општина Кисела Вода.

Цветно дефиле за празникот на Општина Кисела Вода

Утрински - 04.05.2007

Свечена седница, цветно дефиле низ општината, културно-уметничка програма и свечена академија, се главните активности со кои Општина Кисела Вода ќе го одбележи празникот 6 Мај – Ѓурѓовден што општинарите го слават неколку децении.

Ѓурѓовденско дефиле во Кисела Вода

Вест - 04.05.2007

В НЕДЕЛА Освен дефиле, Општина Кисела Вода, која Ѓурѓовден го слави како свој патронен празник, ќе организира свечена седница и свечена академија на која ќе подели награди на заслужни граѓани за развојот на Општината Основците од Општина Кисела Вода и членовите на културно - уметничките друштва од ...

Кисела Вода ќе го слави Ѓурѓовден

Дневник - 04.05.2007

Со општонародна веселба и свечени седници Општина Кисела Вода задутре ќе го прослави верскиот празник Ѓурѓовден, кој е истовремено и нејзин патронен празник. Празнувањето ќе почне во 9 часот со свечена седница на Советот на Општината.