TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поповски: Дисконтот за „Тиквеш“ повеќе не важи

А1 - 13.11.2005

„Во 2003 „Тиквеш“ склучил договор со Владата - тој долг може да се плати во готово со 75% попуст, во рок од три месеци. „Тиквеш“ не ја исполни обврската и дисконтот веќе не важи“, изјави министерот за финансии Никола Поповски, во интервјуто за А1 телевизија.

Никој не кажува што зборувале Бучковски и Јаневски

Време - 12.11.2005

БИВШИОТ СОВЕТНИК ОТИДЕ КАЈ ПРЕМИЕРОТ Само штуро соопштение стигна од кабинетот на премиерот Владо Бучковски откако тој се сретна со Светозар Јаневски, сопственик на винарската визба „Тиквеш“. Доскорашниот советник во Владата кај Бучковски влезе незабележан од новинарите, преку службениот влез, и ...

Јаневски го запозна Бучковски со проблемот на Тиквеш

Утрински - 12.11.2005

СРЕДБА Премиерот Владо Бучковски вчера ги чу предлозите на Светозар Јаневски, во името на инвеститорите од М6, за надминување на проблемот со блокираната сметка на "Тиквеш" и заканата од можен стечај на оваа најголема винарска визба во земјава, како и начините како тие да се надминат.

Предлог од "М6" за долгот на "Тиквеш"

Дневник - 12.11.2005

влада Свето Јаневски вчера на премиерот Владо Бучковски му достави предлог за начинот на кој групацијата "М6" е подготвена да ги плати обврските на "Тиквеш" кон Министерството за финансии. Од кабинетот на Бучковски не соопштија каков е предлогот на Јаневски.

Бучковски и Јаневски се сретнаа во Владата

А1 - 11.11.2005

Наспроти јавната поддршка што секогаш ја даваше за својот советник, Премиерот денеска се дистанцираше од него. Го прими Јаневски на тет а тет средба во владиниот кабинет, но само да му каже дека нема да се меша во случајот „Тиквеш“.

Свето го уништи „Тиквеш“ и треба да си оди!

Време - 11.11.2005

ПОРАНЕШНИ РАКОВОДИТЕЛИ НА ВИЗБАТА ТВРДАТ Светозар Јаневски е погрешна личност на погрешно место, рече вчера Антонио Коцевски, поранешен директор во правниот сектор во „Тиквеш“, човек што прв реши да прозбори за наводното незаконско преземање на визбата од страна на М6, групата на Јаневски.

Време е Јаневски и М6 да си одат од "Тиквеш"

Дневник - 11.11.2005

ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ВИЗБАТА ПОРАЧУВААТ Единствено решение за проблемите на "Тиквеш" и на кавадаречките лозари е Свето Јаневски и компанијата "М6" да си заминат од винарската визба. Вака вчера повторно се огласи Антонио Коцевски, поранешен директор во винарницата.

Свето Јаневски на тајна средба кај премиерот Бучковски

Канал5 - 11.11.2005

Свето Јаневски тајно влезе кај премиерот Бучковски. Иако не е советник, туку обичен граѓанин Јаневски го искористи службениот влез на Владата. По само една недела откако ги повика да ги информира за состојбите во „Тиквеш“, Јаневски денеска се сокри од новинарите.

Фалсификував, ама никој не ме гони!

Вечер Прес - 11.11.2005

"Немам никаква кривична пријава ниту некој ме тужи, но ние ги тужиме М6 иако некои документи ги антидатирав, но со знаење на инвеститорот". Ова вчера на прес-конференција го изјави Антонио Коцевски, поранешен директор на ВВ "Тиквеш" одговорајќи на новинарско прашање дали е вистина дека има тужба од ...

Јаневски да си оди од „Тиквеш“ - побараа екс-директорите

А1 - 10.11.2005

Екс директорите на „Тиквеш“ обвинуваат, дека Јаневски и М6 ја донеле винаријата во досега најтешка криза. Задолжен со намалено производство и продажба и најава за отпуштање на вработени. „Период февруари-мај - отпуштање на луѓе. Четврта интервенција - развој.

Тиквешките лозари се вознемирени доколку „Тиквеш“ оди под стечај

А1 - 10.11.2005

Информацијата дека „Тиквеш“ за 10-тина дена ќе отиде во стечај, ако Министерството за финансии не ја одблокира сметката, видно ги вознемири тиквешките лозари, предводени од регионалниот сојуз на „Агро-Тиквешија“ - побараа половина од парите по предаденото грозје да ги добијат до Нова Година, во ...

Филиповски отфрла вмешаност во случајот „Тиквеш“

Време - 10.11.2005

ОТКАКО ЈАНЕВСКИ ЈАВНО ГО ПРОЗВА Александра К. Мишовска Министерството за економија, на чие чело бев, не е надлежно да го определува начинот на плаќање на долгот на „Тиквеш“ кон Министерството за финансии, соопшти вчера Илија Филиповски, поранешен министер за економија.

Филиповски: Финансии е надлежно за наплата на побарувањата од „Тиквеш“

Утрински - 10.11.2005

Се огласи и поранешниот министер за економија Поранешниот министер за економија, Илија Филиповски, вчера преку соопштение до медиумите реагира на обвинувањата за негова наводна вмешаност во решавањето на спорот меѓу винарската визба "Тиквеш" и Министерството за финансии додека ја вршел ...

Коцевски: Јаневски се богати врз грбот на лозарите и најдобро е итно да си замине од „Тиквеш“

Канал5 - 10.11.2005

Со лага ага не се станува. Свето Јаневски се богати врз грбот на лозарите и најдобро е итно да си замине од „Тиквеш“ оти не постои поцрна иднина за лозарите ако остане да раководи со визбата. Со лага ага не се станува. Свето Јаневски се богати врз грбот на лозарите и најдобро е итно да си замине од ...

Реакција од Филиповски за случајот „Тиквеш“

А1 - 09.11.2005

По Гошев и Костов, се јави и третиот повикан од министерската тројка за случајот „Тиквеш“. Екс министерот за економија Илија Филиповски ги негира тврдењата на Јаневски дека учествувал во договор за користење на обврзниците за плаќање на дисконтираниот долг кон државата.

Костов застана зад Поповски

Време - 09.11.2005

ПРОДОЛЖУВА ЗБРКАТА СО „ТИКВЕШ“ Александра К. Мишовска Хари Костов, поранешен премиер и крунски сведок за случајот „Тиквеш“, и покрај тоа што на Светозар Јаневски, сопственик на визбата, пред еден месец му пишал писмо со кое го уверува дека блокадата е незаконска, вчера преку соопштение во медиумите ...

„Тиквеш“ на суд

Време - 09.11.2005

СТОЈАНКА МИТРЕСКА Светозар Јаневски, алијас Свето Пивара, и должи на државата осум милиони евра и не сака да ги врати. Тоа е вистината во кујната од пари и од политика што ни ја сервира Јаневски, а ни ја запржи власта. Човекот мобилизира цела армија приврзаници, го извади од нафталин и Хари Костов, ...

Костов повикува да се изнајде решение за „Тиквеш"

Утрински - 09.11.2005

Експремиерот Хари Костов реагира на неговата улога во спорот меѓу „Тиквеш" и Министерството за финансии Останува на двете страни во спорот да изнајдат соодветно решение со кое државата ќе си наплати реален дел од побарувањата, но ќе претпријатието да продолжи со своето работење Експремиерот Хари ...

"Тиквеш" треба да го плати долгот во кеш

Дневник - 09.11.2005

ХАРИ КОСТОВ ДЕЦИДЕН Во преземањето на "Тиквеш" од групацијата "М6" не се замешани министри или Владата. Вака вчера поранешниот премиер Хари Костов ги отфрли сите обвинувања дека е замешан во продажбата на винарската визба. "Последниот состанок за овој проблем, на кој присуствував и јас, се одржа во ...

И поранешниот министер за економија Филиповски се јави за случајот „Тиквеш“

Канал5 - 09.11.2005

И јас не сум вмешан, последен се јави поранешниот министерот за економија Илија Филиповски, за тоа дека давал некакви бенефиции за плаќањето на долгот на „Тиквеш“. Преку соопштение до јавноста Филиповски се огради од целиот случај, образложувајќи дека долгот на „Тиквеш“ кон државата е надлежноста ...

"Тиквеш" немаше привилегиран третман

Вечер Прес - 09.11.2005

Во повторно актуелизираниот спор меѓу ВВ "Тиквеш" и Министерството за финансии во изминативе неколку дена, во повеќе наврати од страна на определени лица, медиуми, па и политички партии кои не прават разлика или, пак, дури и не знаат што е приватизација, а што се обврски по кредити, беше споменато ...

Државата не дозволила Јаневски да плаќа со обврзници

А1 - 08.11.2005

Документ од Министерството за финансии, тогаш раководено од актуелниот гувернер Гошев, покажува дека државата не му дозволила на Јаневски да го плати долгот на „Тиквеш“ со обврзници или со сертификати. Документот до кој дојде А1 го негира тоа што го зборуваше Јаневски, дека екс-министерот за ...

Костов: Беше договорено „Тиквеш“ да плати со пари

А1 - 08.11.2005

Првиот генерален директор на Комерцијална банка Хари Костов денеска преку соопштение до медиумите реагира на обвинувањата за негова наводна вмешаност во решавањето на спорот меѓу Винарската визба „Тиквеш“ и Министерството за финансии додека ја вршел функцијата Премиер.

Свето се заканува со тужба, Поповски си ги бара парите

Вест - 08.11.2005

МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ И ПРВИОТ ЧОВЕК НА М6 ЈАВНО И УДИРААТ ШЛАКАНИЦИ Групацијата М6 бара министерот за финансии Никола Поповски да им се извини за искажаните навреди против Групацијата М6, а Поповски им порача да не го одложуваат плаќањето на долгот со игри на зборови Министерот за финансии Никола ...

Бучковски ќе разговара со Јаневски, Поповски си ги бара парите

Време - 08.11.2005

ДОСИЕ „ТИКВЕШ“: ФИРМА НА ПОЛИТИЧКИ ПРЕСМЕТКИ Александра К. Мишовска Премиерот Владо Бучковски прифатил да разговара со Светозар Јаневски, еден од сопствениците на винарската визба „Тиквеш“. Средбата ќе следува по низата нетрпеливи изјави меѓу Јаневски и министерот за финансии Никола Поповски, кои ...

Бучковски ќе се сретне со Јаневски, но одлуката е кај надлежните институции

Утрински - 08.11.2005

Премиерот најавува дека нема да зазема страна во спорот НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Премиерот Владо Бучковски в петок ќе се сретне со бизнисменот Свето Јаневски откако тој писмено побара да бидат сослушани неговите аргументи во врска со плаќањето на долгот на винарската визба "Тиквеш".

Државата нема да изгуби со плаќањето со обврзници

Утрински - 08.11.2005

Светозар Јаневски за проблемите на релација †Тиквеш"- Министерство за финансии Ако државата ги примеше обврзниците навреме, ќе имаше приходи од пред две години, ќе симнуваше позиција на долгови Господине Јаневски, како ги коментирате тврдењата на Министерството за финансии дека за случајот со ...

Јаневски бара извинување, министерот Поповски - пари

Утрински - 08.11.2005

Продолжуваат препукувањата меѓу Министерството за финансии и винарската визба од Кавадарци Министерството за финансии тврди дека групацијата М6 се обидува да не го плати долгот спрема државата на досега невиден начин Инвестициската група М6, која е сопственик на винарската визба "Тиквеш°, бара ...

Јаневски бара Поповски да му се извини

Дневник - 08.11.2005

ПРЕПУКУВАЊАТА ЗА "ТИКВЕШ" КУЛМИНИРААТ Групацијата "М6" бара јавно извинување од министерот за финансии Никола Поповски, кој завчера обвини дека фирмата на Свето Јаневски се обидува деловните активности да ги спроведува на грбот на граѓаните и на државата.

Хари Костов го демантираше Свето Јаневски

Канал5 - 08.11.2005

Не сум дал никакви бенефиции за плаќање на долгот на Тиквеш кон државата, се огласи денеска екс премиерот Хари Костов. Тој ги потврди информациите дека Тиквеш должи 500 милиони денари или 8 милиони евра. Не сум дал никакви бенефиции за плаќање на долгот на Тиквеш кон државата, се огласи денеска екс ...

М6 и Поповски влегоа во "војна"

Вечер Прес - 08.11.2005

М6 бара јавно извинување од министерот Поповски за неговите крајно неаргументирани квалификации на сметка на компанијата и нејзините членови. Ако извинувањето во разумно време не се случи, М6 ќе мора да го побара тоа преку суд, при што воедно ќе бара и надомест на штетата по угледот на компанијата ...

На "Тиквеш" му се заканува стечај

Макфакс - 08.11.2005

(Дневник) - сабота, 05.11.2005 Тиквеш ќе оди во стечај ако за десет дена Министерството за финансии не му ја деблокира сметката, порача вчера претседателот на Управниот одбор на винарската визба, Свето Јаневски. Тој тврди дека блокадата на сметката, која трае веќе 35 дена, е незаконска и на ...

„Тиквеш“ се наоѓа пред стечај?

Макфакс - 08.11.2005

(Утрински весник) - сабота, 05.11.2005 Во кавадаречката винарска визба предупредуваат на последиците ако Министерството за финансии не им ја деблокира сметката Во винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци ќе биде поведена стечајна постапка ако најдоцна за десет дена Министерството за финансии не и ја ...

Јаневски бара извинување од Никола Поповски

А1 - 07.11.2005

Бизнисменот и Министерот со меѓусебни тешки квалификации и обвинувања ги симнаа маските на приватизационата ујдурма за кавадаречки „Тиквеш“. Поповски јавно да се извини и на „Тиквеш“ и на директорите од М-6 за вчерашните неаргументираните квалификации, побара Јаневски.

Јаневски ја притиска државата

Вест - 07.11.2005

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ МУ ВРАТИ НА ГАЗДАТА НА "ТИКВЕШ" Свето Јаневски се обидува како и многупати досега, да го тера бизнисот преку преку грбот на граѓаните, му врати вчера министерот за финансии Никола Поповски на газдата на "Тиквеш".

Свето Пивара лаже

Време - 07.11.2005

ПОПОВСКИ МУ ВРАЌА НА ЈАНЕВСКИ Не се точни информациите што во петокот ги кажа Светозар Јаневски, еден од сопствениците на винарската визба „Тиквеш“, реагираа вчера од Министерството за финансии. Реакцијата следува откако Јаневски, поранешниот директор на скопската пиварница, јавно обвини дека ...

ВМРО-Народна бара истрага од Прчевски за продажбата на Тиквеш

Вест - 07.11.2005

ВМРО-Народна бара од Републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски по службена должност да поведе истрага за вмешаноста на тројца бивши министри во продажбата на винарската визба Тиквеш од Кавадарци на бизнисменот Светозар Јаневски.

Поповски : Јаневски шири свесни дезинформации и лаги за „Тиквеш"

Утрински - 07.11.2005

Министерот за финансии преку соопштение побрза да му реплицира на првиот човек на винарската визба Продолжува жестоката војна меѓу министерот за финансии, Поповски, и македонскиот бизнисмен Јаневски Војната меѓу министерот за финансии, Никола Поповски, и сопственикот на винарската визба „Тиквеш", ...

Прчевски да отвори истрага по службена должност за "Тиквеш"

Утрински - 07.11.2005

ВМРО-народна ВМРО-Народна партија вчера го повика јавниот обвинител Александар Прчевски да отвори истрага по службена должност за случајот "Тиквеш". Според претседателката на партијата, Весна Јаневска, причина за тоа е основаниот сомнеж за извршен криминал и вмешаност на тројца поранешни министри - ...

Прчевски треба да отвори истрага за приватизацијата на "Тиквеш"

Дневник - 07.11.2005

ВМРО- НП СО ПОВИК ДО ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ВМРО - Народна партија бара од јавниот обвинител Александар Прчевски да отвори истрага за преземањето на винарската виза "Тиквеш" од страна на групацијата "М6", поради основано сомневање за сторен криминал, изјави Весна Јаневска, претседател на партијата на ...

„Тиквеш“ бара од Поповски јавно извинување“

Канал5 - 07.11.2005

Свето Јаневски и неговата „М6“ бараат од министерот Никола Поповски јавно да им се извини, за како што велат изнесените невистини во вчерашното соопштение до јавноста. Во спротивно, се закануваат со тужба и барање надомест за штета по угледот на компанијата.

Бизнисот притиска врз државата

Вечер Прес - 07.11.2005

Министерството за финансии ги демантира и ги оценува како невистини информациите изнесени на прес-конференцијата на групацијата М6, на чело со Свето Јаневски. Во соопштението на Министерството за финансии се вели дека таквите дезинформации имаат цел јавноста да биде изманипулирана во врска со ...