TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата ги заборави Кардиохирургија и Ургентниот центар

Време - 19.09.2007

НОВИ АПАРАТИ САМО ЗА ПОСТОЈНИТЕ КЛИНИКИ Во спецификацијата што ја подготви Владата за тендерот за набавка на апарати вреден 40 милиони евра не е предвидена посебна опрема за Ургентниот центар и за Кардиохирургијата, двата проекта што Министерството за здравство ги најавуваше во последнава година.

Болниците во 2008 година ќе се подноват со нови апарати

Време - 18.09.2007

ВЛАДАТА ГО ОБЈАВИ ТЕНДЕРОТ ВРЕДЕН 40 МИЛИОНИ ЕВРА Тендерот за набавка на медицинска опрема за здравствените установи вредна 40 милиони евра, вчера беше објавен во Службен весник и се чека термин за објава во меѓународните гласила, најави вчера министерот Имер Селмани.

Ќе станеме врвен центар за дијагноза на малигни заболувања

Дневник - 18.09.2007

Критериум за набавка на апаратите ќе биде најниската цена, а вкупно треба да бидат набавени околу 632 парчиња медицинска апаратура, вели Селмани Околу 90 отсто од опремата во јавниот здравствен систем во земјава се застарени и затоа треба итно да се набават модерни и софистицирани апарати, кои ќе ...

Цената ќе биде пресудна за тендерот за медицинска опрема

Утрински - 18.09.2007

За два дена треба да биде објавен тендерот за набавка на медицинска опрема вредна 40 милиони евра. Владата вчера донесе одлука за тендерот и ја изготви листата на потребните апарати за секоја клиника и болница во земјава. Доколку реализацијата на тендерот се одвива според зацртаната динамика, ...

Најмногу апарати за болниците од внатрешноста

Вечер Прес - 18.09.2007

Општите болници од внатрешноста ќе добијат најголем број од апаратите предвидени со меѓународниот тендер тежок 40 милиони евра. Владата веќе ја усвоила листата за потребната опрема. Министерот за здравство вели дека состојбата во болниците во периферијата е очајна во што и самиот се уверил, каде ...

Распишан меѓународен тендер за медицинска опрема

А1 - 17.09.2007

Со 40 милиони евра од џебот граѓаните, ќе се набавува нова медицинска опрема во јавните болници. Владата денеска го распиша меѓународниот тендер. Поголем дел од опремата ќе биде наменета за болниците надвор од Скопје, додека Клиничкиот центар ќе добие апарати во вредност од 12 милиони евра.