TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Филмско бегство на грчки затвореници

Вест - 06.06.2006

АТИНА (Ројтерс) - Хеликоптер слетал во затворот со високо обезбедување "Коридалос" во Атина, собрал два затвореника и одлетал во акција на бегство како од филм која сосема ја изненадила грчката полиција. Криминалец во бегство го грабнал хеликоптерот за да го ослободи својот брат од затвор, соопшти ...

Со хеликоптер побегнале од грчки затвор

Дневник - 06.06.2006

Хеликоптер слетал среде строго обезбедуваниот затвор Коридалос кај Атина, собрал двајца затвореници и си заминал, пред очите на збунетите грчки стражари, јави Ројтерс. - Стражарите не мрднале, затоа што мислеле дека е ненајавена инспекција - изјави полициски офицер.

Побегнале од затвор со хеликоптер

Време - 06.06.2006

СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА Двајца затвореници побегнале од строгиот затвор Коридалос кај Атина со помош на грабнат хеликоптер, јави новинската агенција „Асошиејтед прес“. Две вооружени лица го грабнале хеликоптерот во одморалиштето Ајиос Космас и со бомба и пиштол го принудиле пилотот да вози до затворот.

Со хеликоптер избегале од затвор

Вечер Прес - 06.06.2006

Деновиве од грчкиот затвор Коридалос со хеликоптер избегале двајца затвореници, еден Грк и еден Албанец. Хеликоптерот се спуштил на покривот на затворот и во него влегле Василис Палеокостас (40) осуден на 25 години затвор и Алкет Ризаи (32) казнет на доживотна робија.

Со хеликоптер избегале од затвор

А1 - 05.06.2006

Од строго чуваниот затвор Коридалос во Атина, избегале двајца криминалци и тоа со хеликоптер. Како во некое филмско сценарио, изнајмениот хеликоптер слетал во дворот на затворот и ги собрал двајцата криминалци. Хеликоптерот заедно со пилотот е пронајден на писта во едно атинско предградие.