TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Демантирана веста за пронајден експлозив во Анкара

А1 - 14.09.2007

Турските власти денеска соопштија дека минибусот кој синоќа бил запрен во Анкара поради проверка по најавата дека пренесува големо количество експлозив, превезувал материјали за фабрика за хемиско-машинска индустрија, објавија турските медиуми.

Спречен масакр во центарот на Анкара

Време - 13.09.2007

ТУРЦИЈА Турската полиција во близина на трговски центар во Анкара пронашла комби со повеќе од 600 килограми експлозив, при што експлозивот веднаш бил деактивиран и осуетен терористички напад, кој би можел да има катастрофални последици, јави новинската агенција Асошиејтед прес.

Спречен голем терористички напад во Турција

Вест - 12.09.2007

Анкара, 12 септември - Турската полиција откри голема количество експлозив во едно комбе, паркирано во повеќекатна гаража во центарот на Анкара. "Спречена е катастрофа од големи размери", соопшти гувернерот на главниот град на Турција, Кемал Онал, кој веднаш излезе на местото на настанот.

Спречен можен терористички напад во Анкара

Утрински - 12.09.2007

Полицијата откри комбе полно со околу 300 кг експлозив во централната област на градот АНКАРА - Турската полиција вчера осуети бомбашки напад во главниот град Анкара, на шестгодишнината од 11-септемвриските напади на Ал Каеда врз САД, а властите посочија дека ги засилуваат безбедносните мерки.

Спречена трагедија со автомобил-бомба

Вечер Прес - 12.09.2007

Полициските кучиња во близина на катна гаража открија минибус полн со експлозив, кое најверојатно требало да го дигне во воздух објектот. "Полицијата спречи веројатна катастрофа", изјави гувернерот за медиумите во Анкара. На местото каде е откриен минибусот веднаш дошле струњаци за експлозиви, ...