TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шверцот со месо го расипува бизнисот

А1 - 16.09.2006

Аферите запленето месо на Драч и расипано бразилско во продажба ја отворија пандорината кутија. Производителите обвинуваат, шверцот полека ама сигурно го уништува бизнисот, фармерите бараат заштита на домашното производство, а експертите порачуваат итно да се скрои план за заштита на домашниот ...

Да се обелодени од каде е шверцуваното бразилско месо

А1 - 15.09.2006

Организацијата на потрошувачи на Македонија бара министерството за земјоделство, под итно да обелодени од каде е запленето шврецуваното бразилско месо. Министерството и ветеринарната управа имаат законска обврска да ги штитат потрошувачите, велат од ОПМ.

Расипаното месо ќе се врати во Германија без да се дознае увозникот

Време - 15.09.2006

НИКОЈ НЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА СОМНИТЕЛНАТА ПРАТКА Битолската фирма „И транс“ ги негира обвинувањата дека таа требало да го увезе расипаното месо во Македонија што веќе неколку дена стои на пристаништето во Драч. Сопствениците на „И транс“, браќата Ијац и Талет Фејзулови, негираат дека имаат каква ...

На пазарите цвета шверцот со месо

Утрински - 15.09.2006

Месото од Бразил се шверцува преку Албанија и Косово АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Зелените пазари се преполни со шверцувано месо иако надлежните служби тврдат дека редовно вршат контроли. Месото кое во земјава влегува на црно се продава по пониски цени, поради што е атрактивно за потрошувачите и брзо се ...

Месо од секаде, контрола од никаде

Дневник - 15.09.2006

Продавниците во Скопје ги контролираат тројца ветеринарни инспектори, девет се задолжени за производството, а и здравствените не можат да пристигнат Забранети бугарски и турски пилиња, месо и сувомесни производи без декларација ги преплавуваат тезгите на пазарите, месарниците и рафтовите во ...

Месо гледај, но не го јади

Дневник - 15.09.2006

Во Македонија има шверц на месо, ама граѓаните не треба да паничат, ваква „смирувачка“ порака стигна од најповиканите за контрола на продукти од животинско потекло, Ветеринарната управа Во Македонија има шверц на месо, ама граѓаните не треба да паничат.

Битолската „И Транс“ тврди дека не го пренесувала запленетото свинско месо

Канал5 - 15.09.2006

Од фирмата „И Транс Битола“ денеска како невистинити ги отфрлија сите информации дека го пренесувале запленетото свинско месо стопирано во Албанија поради немање на ветеринарен сертификат. Од фирмата И Транс Битола , денеска како невистинити ги отфрлија сите информации дека го пренесувале ...

Ветеринарна управа крие од каде е запленето бразилското месо

А1 - 14.09.2006

Ветеринарната управа во најстрога тајна го држи името на скопската продавница, од каде заплени и уништи 400 килограми расипано свинско месо од Бразил. По кои канали влегло, колку тони, останува енигма. Единствено е јасно дека станува збор за класичен шверц, бидејќи легален увоз на месо од Бразил ...

Чие е расипаното месо што чека на Ќафасан?

Време - 14.09.2006

ВЕТЕРИНАРНА УПРАВА Се уште не се знае која е фирмата што требало да го увезе расипаното месо што веќе неколку дена стои на пристаништето во Драч, откако албанските ветеринарни служби го запленија и утврдија дека е неисправно.

Пратката свинско месо нема да влезе во Македонија

Утрински - 14.09.2006

Се уште нема сознание дека станува збор за расипано или контаминирано месо АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Според албанската ветеринарна управа, фирмата увозник и превозник „И- транс" од Битола требала да го увезе месото кое беше блокирано на пристаништето Драч, информира вчера нашата Ветеринарна управа.

Сомнително месо од увоз завршило во продавниците

Дневник - 14.09.2006

Ветеринарните инспектори во продавниците низ Скопје пронашле 420 килограми шверцувано свинско месо Расипаното свинско месо запленето во Албанија, кое беше наменето за македонскиот пазар, не била единствената закана за потрошувачите во Македонија.

Бразилско месо во месарниците нема - уверува ветеринарната управа

Канал5 - 14.09.2006

Бразилско месо нема во малопродажба уверува ветеринарната управа. Сето сомнително и без документи било откриено уште во скопски магацин и не стигнало до месарниците. Не се открива кој бил увозникот. Бразилско месо нема во малопродажба уверува ветеринарната управа.

Уништени 400 килограми расипано свинско од Бразил

Вечер Прес - 14.09.2006

Ветеринарната управа завчера на депонијата "Дрислаè уништила 400... Ветеринарната управа завчера на депонијата "Дрислаи уништила 400 килограми расипано свинско месо од Бразил, забрането за увоз. Месото е пронајдено во продавница во Скопје.

Расипано свинско месо е повлечено од малопродажбата во Скопје

А1 - 13.09.2006

Расипано свинско месо со потекло од Бразил, е повлечено од малопродажбата во Скопје и веднаш е уништено. Ветеринарната управа призна дека 400 килограми свинско месо е запленето во текот на вчерашната акција. Со оглед на тоа дека станува збор за шверц, не се знае колку тони вакво месо влегло во ...

Запленето расипано месо наменето за Македонија

Време - 13.09.2006

НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ДРАЧ Дваесет и еден тон свинско месо наменето за Македонија било блокирано од албанската царина на пристаништето во Драч, бидејќи ветеринарните инспектори утврдиле дека „месото е надвор од стандардите за исхрана на луѓето“, пренесуваат албанските медиуми.

Расипано месо за Македонија задржано во Драч

Вест - 13.09.2006

АЛБАНСКИТЕ ЦАРИНИЦИ ОТКРИЈА СОМНИТЕЛНА ПРАТКА ОД ГЕРМАНИЈА Над 20 тони свинско месо за увоз во Македонија испратени од Германија од завчера се запрени на пристаништето во Драч . Според албанските царински служби месото е расипано и не ги исполнува стандардите да се користи за исхрана на луѓето.

Блокирани 21 тон расипано месо за македонскиот пазар

Дневник - 13.09.2006

Контингент со 21 тон свинско месо, што требало да заврши на македонскиот пазар, завчера е блокиран во албанското пристаниште Драч. Месото било испорачано од Германија и преку Албанија требало да стигне во Македонија. Според информациите што ги пренесуваат албанските медиуми, свинското месо било ...

Свинското месо го пренесувала битолската „И транс“

Канал5 - 13.09.2006

Битолска транспортна фирма И транс го пренесувала запленетото свинско месо, кое вчера беше стопирано во Албанија. Сомнителното месо доаѓало од Германија, а било наменето за македонскиот пазар. Битолска транспортна фирма И транс го пренесувала запленетото свинско месо, кое вчера беше стопирано во ...

Запленето смрдливо свинско за Македонија

Вечер Прес - 13.09.2006

Царинската управа на Албанија обелодени дека месото требало да... Албанската царина во пристаништето Драч запленила пратка од 21 тон расипано свинско месо, кое требало од Германија да стигне во Македонија, јави Макфакс. Царинската управа на Албанија обелодени дека месото требало да го преземе ...

Над 21 тон месо за Македонија запленет на пристаништето Драч

А1 - 12.09.2006

Над 21 тон свинско месо наменето за Македонија е запленето на албанското пристаниште Драч. Месото од германската компанија „Брумер“ требало само да помине низ Албанија, а потоа од граничниот премин Ќафасан да го преземе македонската фирма.

Албанија стопираше влез на 20- тони свинско месо наменето за Македонија

Канал5 - 12.09.2006

Над 20 тони свинско месо наменето за македонскиот пазар е запленето во албанското пристаниште Драч. Пратката била од Германија. Албанија требало да ја помине како транзит. Несоодветните документи за исправност биле провокација албанската царина да го блокира влезот на месото.