TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Телото на удавениот скопјанец вратено во Македонија

А1 - 06.08.2006

По невремето кое завчера го зафати Јадранското Море кај Улцињ, во кое животот го загубија тројца туристи, Македонец, Србин и Косовар, денеска животот се враќа во нормален тек. Телото на удавениот 56-годишен Владимир Србиновски од Скопје веќе е пренесено во Македонија.

Три лица се удавија при голема бура кај Улцињ

А1 - 05.08.2006

„Тројца удавени и над 15 се давеа“. „Здивеното море вчера пустошеше по плажите на Улцињ“. „Брановите голтаа капачи“. Ова се само дел од насловите на денешните весници во Црна Гора. Три лица се удавија, меѓу кои и еден Македонец во големата бура што го зафати Јадранското Море кај Црна Гора вчера ...

Три животи однесе морето кај Улцињ

Канал5 - 05.08.2006

Три лица се удавија, шест се повредени, додека десетина давеници биле успешно спасени од големите бранови што вчера ја зафатија Големата плажа во Улцињ, предизвикани од силен јужен ветар Подгорица, 5 август (МИА) - Три лица се удавија, шест се повредени, додека десетина давеници биле успешно ...

Македонец настрада во Улцињ

Макфакс - 05.08.2006

Подгорица Три лица се удавија, меѓу кои и еден Македонец, од големите бранови во Јадранско море, што вчера ги потопија плажите на Улцињ. Од брановите настрадале Владимр Србиновски (54) од Скопје, Горан Љубој (35) од Краљево, Србија и Авнор Садику (27) од Косовска Митровица.