TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Матејчани ќе го тужат министерот Јакимовски за клевета

А1 - 25.09.2005

40 раселени семејства од с.Матејче ќе го тужат министерот за труд и социјала Стевче Јакимовски за клевета. Им стигнале решенија да ги напуштат колективните центри до крајот на месецот, со образложение дека го продале имотот, или купиле станови и имале каде да живеат.

Раселените од кумановско ќе го тужат министерот Јакимовски

А1 - 24.09.2005

Раселените лица од кумановско липковскиот регион кои се сместени во колективните центри добиле решение со кое од 1 октомври им престанува статусот на раселени, јавува Макфакс од Куманово. Раселените треба да ги напуштат колективните центри, хотелите „Куба“ и „Кристал“, по наредба на министерот за ...

Јакимовски ќе не избрка и од привремените домови

Дневник - 24.09.2005

МАТЕЈЧАНИ ЌЕ ГО ТУЖАТ МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД Околу 40 раселени семејства (од вкупно сто и триесет) Македонци и Срби од селото Матејче сместени во колективните центри во Куманово најавија дека ќе го тужат Стевчо Јакимовски, министерот за труд и социјална политика откако добија известување на 1 октомври ...

Матејчани треба да ги напуштат колективните центри

Утрински - 24.09.2005

Министерство за труд Куманово - Околу 40 раселени семејства од село Матејче сместени во колективните центри во Куманово најавуваат тужба против министерот Стевче Јакимовски откако добија известување од Министерството за труд и социјална политика дека на 1 октомври годинава треба да ги напуштат ...

Над 100 раселени семејства остануваат на улица

Вест - 24.09.2005

МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЛИПОВСКИТЕ СЕЛА НАЈАВУВААТ ТУЖБА ЗА МИНИСТЕРОТ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ Вчера на раселените семејства сместени во колективните центри во Куманово им биле врачени решенија со кои од први октомври им се укинува статусот на раселени лица, а со тоа и сместувањето и храната На 40 семејства од ...

Во таткото и двајцата синови било пукано од заседа

Вест - 24.09.2005

ОБИДОТ ЗА ТРОЈНО УБИСТВО КАЈ КУМАНОВСКОТО СЕЛО МАТЕЈЧЕ Здравствената состојба на Барди Фетаи (48) кој со куршуми од ловџиска пушка бил ранет го главата и на неговиот син Бесим Фетаи (25) кој бил застрелан во градите е неизвесна, а полицијата засега нема сознанија кој и зошто пукал во нив По ...

Од заседа ранети татко и двајца синови

Вечер Прес - 24.09.2005

Тројца матејчани се ранети завчера претпладне од заседа кај месноста Дубрава, во атарот на село Матејче. Двајца се пренесени во Скопје, во Ургентниот центар и се задржани на лекување, а третиот, пак, откако му е укажана лекарска помош во кумановската болница, е пуштен дома.

Матејчани ќе го тужат министерот Јакимовски

Вечер Прес - 24.09.2005

Времено раселените лица од селото Матејче најавуваат тужба против министерот за труд и социјала Стевче Јакимовски. На овој чекор се одлучиле околу 40 раселени семејства (од вкупно сто и триесет) сместени во колективните центри во Куманово откако вчера од Министерството за труд и социјални работи ...

Г.г. Стефан: Македонија да се запраша зошто секој ден не се оди во Матејче

Вест - 23.09.2005

ЗА ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ СЕ УШТЕ ИМА НЕБЕЗБЕДНИ ДЕЛОВИ ОД ДРЖАВАТА Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан вчера одговори на обвинувањата на раселените матејчани дека ниеден владика не им дошол на завчерашната славска прослава во манастирскиот комплекс во Матејче.

Татко и двајца синови ранети во оружен напад

Време - 23.09.2005

КАЈ СЕЛОТО МАТЕЈЧЕ Татко и син од кумановското село Матејче биле тешкоранети во четвртокот наутро, кога засега непознато лице со ловџиска пушка пукало од заседа во нив, во близина на селото. Во оружениот напад лесноповреден бил и вториот син на матејчанецот.

Бегалците од Матејче исфрлени и од прифатилиште

Време - 23.09.2005

СО РЕШЕНИЕ НА МИНИСТЕРОТ ЈАКИМОВСКИ Околу 40 внатрешнораселени лица од поранешниот кризен липковски регион завчера добија решенија од Министерството за труд и социјална политика да се иселат од кумановските хотели „Куба“ и „Кристал“ и од интернатот во селото Којнари, каде што се сместени.

За Матејче треба да се крене поинаков глас

Утрински - 23.09.2005

Поглаварот Стефан за забелешките на матејчани на МПЦ ШТИП - "Мора да се запрашаме зошто во Матејче и денес се оди само во придружба на полиција и на претставници на меѓународната заедница. Правната држава во случајот со Матејче треба да функционира со давање поддршка на раселените лица кои за овие ...

Владиците не сакаат со полициска придружба во Матејче!

Вечер Прес - 23.09.2005

Владиците си имаат своја програма за кој празник во која црква ќе одат. Една изјава не значи дека ние не сакаме да одиме во манастирот во Матејче, одговори поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, на обвинувањата на матејчани дека веќе пет години никој од владиците на МПЦ не оди во посета на манастирот ...

Тројца матејчани ранети додека береле дрва на диво

А1 - 22.09.2005

Тројца жители на кумановско Матејче утрово биле ранети додека береле дрва на диво. Во 48-годишниот Бари Фетаи и неговите синови Бекир и Назир со ловечка пушка пукал, за полицијата, непознат човек. Жителите на Матејче велат дека семејството Фетаи редовно си собирало дрва од околната шума и ги ...

Владиците не им дојдоа на матејчани

Вест - 22.09.2005

МАЛА БОГОРОДИЦА ВО МАТЕЈЧЕ Разочарани сме од нашите владици, кои секоја година уредно ги каниме, а тие ги игнорираат нашите чувства. Одат таму каде што е мирно, каде што нема проблеми, каде се јадат јагниња и прасиња, регираа вчера раселените Македонци од Матејче кои по петти Во манастирот Пресвета ...

Раселените матејчани ја прославија Мала Богородица

Утрински - 22.09.2005

По повод празникот Рождество се одржа богослужба во манастирот во Матејче КУМАНОВО - Околу 200 привремено раселени лица, кои веќе пет години живеат во кумановските колективни центри, вчера во организиран конвој од четири автобуси и возила на полицијата и на ОБСЕ, престојуваа во манастирот во ...

Матејче - најтажна македонска приказна

Дневник - 22.09.2005

РАСЕЛЕНИТЕ ЈА ПРОСЛАВИЈА МАЛА БОГОРОДИЦА Облечени во лесна облека по дождот и студеното време, со измешани чувства на тага, но со силна носталгија и надеж, раселените матејчани, Македонци и Срби, вчера го посетија манастирот "Света Мала Богородица", на падините на Скопска Црна Гора.

Повторно со конвои и полициска придружба

Вечер Прес - 22.09.2005

Организирани во конвој од пет автобуси, со полициска придружба и придружба од европската мониторинг мисија и ОБСЕ тимовите, раселените Матејчани и оваа година се упатија кон манастирот Успение на пресвета Богородица за да го прослават истоимениот празник.

Раселените од Матејче не можат да се вратат дома

А1 - 21.09.2005

Четири години по војната, има 1.149 раселени лица, најголем дел Македонци и Срби, сместени во колективните центри. Државата упорна да ги отпише од списоците и да ги исели од колективните центри, тие упорно бараат нормални услови во родните места за да живеат како луѓе. Над 500 се од Матејче.

Тажна прослава на Пресвета Богородица во Матејче

Канал5 - 21.09.2005

Тажни и со солзи се сетија на некогашната прослава на раѓањето на Пресвета Богородица. Раселените жители од кумановско Матејче денеска запалија свеќи во манастирот над селото. Тажни и со солзи се сетија на некогашната прослава на раѓањето на Пресвета Богородица.

Матејчани утре ја слават Мала Богородица

Дневник - 20.09.2005

ПЕТТИ ПАТ ПО КОНФЛИКТОТ Раселените Македонци и Срби од липковското село Матејче, утре петти пат по конфликтот ќе заминат во Манастирот "Света Мала Богородица", на Скопска Црна Гора, за да го одбележат патрониот празник. - Патот од девет километри од селото Матејче до манастирот е направен ...