TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Глувци шетаат низ болницата

Време - 10.01.2008

БИТОЛА Глувци се појавија во Клиничката болница во Битола. Откако во октомври минатата година почна да се реализира донацијата на Светската банка во вредност од 40 илјади евра, за реконструкција на санитарните јазли во болницата, глувците се рашетаа низ сите болнички одделенија, особено во кујната ...

Наезда од глувци во битолската болница

Утрински - 10.01.2008

Иако биле извршени четири дератизации, од болницата велат дека опасноста се' уште демне БИТОЛА - Реконструкцијата на главните тоалети откри наезда од глувци во битолската клиничка болница. Неканетите гости со рушењето на санитарните јазли стари 40 години почнале да се шетаат низ ходниците и ...

Се бара лек против болничките стаорци

Дневник - 10.01.2008

Глувците се раздвижиле по реконструкцијата на 40 тоалети, а управата тврди дека здравјето на пациентите не е загрозено и дека се преземени мерки за уништување на глодачите Наезда од стаорци е забележана во битолската Клиничка болница, откако беа рушени старите тоалети, кои не биле обновени цели 40 ...

Наезда од глувци

Вечер Прес - 10.01.2008

Клиничката болница во Битола е под наезда од глувци. Откако ги отвориле таваните од санитарните јазли, каде се врши реконтрукција, дошле до контакт со штетниците, јави Тера телевизија. Пациентите, персоналот и глувците 40-тина години живееле изолирано, едните долу, другите горе во речиси секоја ...

Инвазија на глувци во Клинички во Битола

А1 - 09.01.2008

Глувци се појавија во клиничката болница во Битола. Откако во октомври започна реконструкцијата на санитарните јазли со донација на Светска банка, преку отворената канализација глувците се расшетаа низ болницата. Сега ги има во сите болнички одделенија, особено каде што има храна.

Наезда на глувци во битолската клиничка болница

Канал5 - 09.01.2008

Реконструкцијата на санитарните јазли во битолската клиничка болница предизвика вистинска наезда на глувци и стаорци. Директорот на болницата др. Димче Кузмановски вели дека глувци има во сите објекти каде има храна, но тврди дека стерилноста во болницата не била загрозена.

Наезда на глувци во битолската болница

Макфакс - 09.01.2008

Битола Битолската Клиничка болница врие од глувци, а штетниците се појавиле по уривањето на старите тоалети во болницата, јави дописникот на Макфакс. „Објектот е стар 40 години и никогаш не е интервенирано во санитарните јазли. По започнување на реконструкцијата, глувците се раздвижија.