TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судењето на Пауновски ги подели правниците

Утрински - 08.11.2003

Последната реакција на Хелсиншкиот комитет за пресудата на ексминистерот Пауновски го разбранува судството Притисок врз судството или неопходен мониторинг во функција на заштита на правата и слободите на граѓаните? Ваквите дилеми неколку дена веќе го брануваат судството и научната мисла, која е ...

Љубен Пауновски, место во притвор, во Демир Хисар

Утрински - 08.11.2003

СЛУЧАЈ Љубен Пауновски, ексминистер за одбрана, осуден на пет и пол години затвор за проневера и злоупотреба на службата, место во притвор, е во неговиот роден крај Демир Хисар. Ова вчера официјално ни го изјави висок полициски извор, кој додаде дека патната исправа на Пауновски се наоѓа кај ...

Пауновски летнал за Австралија?

Дневник - 07.11.2003

потера Полицијата дури вчера го добила судскиот налог за приведување на поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски, кој требаше да биде притворен до правосилноста на пресудата со која беше осуден на казна затвор од 5,5 години.

Никаде го нема екс министерот за одбрана Љубен Пауновски

Канал5 - 07.11.2003

Поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски сеуште недостапен за органите на прогон. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по добиеното барање од судот за спроведување, Пауновски интензивно се бара. Поранешниот министер го бар Поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски ...

Судот со барање за притвор на Пауновски

А1 - 06.11.2003

Министерството за внатрешни работи го бара поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски за да го приведе. Основниот суд Скопје 1 денеска и официјално побарал полицијата да го притвори Пауновски, по пресудата што во понеделникот му беше изречена во отсуство.

Хелсиншки комитет обвинет за притисок врз судството

Утрински - 06.11.2003

Жестоки реакции на судиите и на Обвинителството околу забелешките за судењето на Пауновски Гордана Дувњак "Изнесените ставови во соопштението на Хелсиншкиот комитет за "случајот Пауновски" се некоректни и на некој начин , претставуваат притисок врз судството, а особено врз Апелациониот суд во ...

Судството да ја преслуша судијката за Пауновски

Дневник - 06.11.2003

ВМРО-ДПМНЕ бара ВМРО-ДПМНЕ вчера побара Републичкиот судски совет да ја преиспита работата на судијката Верица Миновска, поради забелешките на Хелсиншкиот комитет за човекови права дека во случајот "Пауновски" изрекла пресуда што не се базира на докази.

И трет ден по изречената казна затвор Пауновски се уште на слобода

Канал5 - 06.11.2003

Трет ден по по изречената казна затвор, поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски сеуште не се нашол во истражниот затвор во Шуто Оризари. Неофицијално, барањето за спроведување од Основниот суд Скопје 1 до мвр било испратено уште вчера, но во мв Трет ден по по изречената казна затвор, ...

МВР не го бара осудениот Пауновски оти Судот не побарал

Вест - 05.11.2003

До МВР се уште нема стигнато писмено барање од Основниот суд 1 во Скопје со кое требаше да се побара приведување на екс министерот за одбрана Љубен Пауновски осуден на пет и пол години затвор во отсуство. Судечкиот судија не го комплетирала известувањето за приведување на Пауновски, по кое ...

За пресудата на Пауновски нема материјални докази, тврди Хелсиншки

Утрински - 05.11.2003

Комитетот за човекови права укажува на неправилности при судењето на ексминистерот за одбрана Во судската постапка против поранешниот министер за одбрана, Љубен Пауновски, со која тој се осудува на пет години и шест месеци затвор, нема материјални докази што би го поврзале со некоја од ...

Пауновски осуден без докази?!

Дневник - 05.11.2003

ХЕЛСИНШКИot КОМИТЕТ обвинува Ерозијата на судството може да доведе до се поголем број монтирани процеси, предупредува комитетот Љубен Пауновски е осуден без ниту еден доказ што би ја потврдил неговата вина, а овој случај покажува дека почнатата ерозија на судската власт може да доведе до се поголем ...

Хелсиншкиот комитет обвинува за монтирани судски случаи

А1 - 04.11.2003

Хелсиншкиот комитет за човекови права предупреди денеска на можноста опонентите на власта во било која констелација на силите да станат жртви на неправилно и тендециозно водени судски случаи. „Хелсиншкиот комитет стравува оти постепено се заокружува претходно започнатиот процес на ерозија на ...

Пауновски се уште на слобода

А1 - 04.11.2003

Поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски се уште е на слобода, иако судот вчера му одреди притвор. Така е бидејќи до министерството за внатрешни работи денеска не стигнало барањето од судот Пауновски да биде притворен.

За Љубен Пауновски пет и пол години затвор

Вест - 04.11.2003

ПО ТРИ ГОДИНИ ЗАВРШИ СУДЕЊЕТО НА ЕКСМИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА Пауновски на изрекувањето на пресудата не беше во судницата, па Судот ќе го извести МВР да го бара низ цела Македонија и да го приведе,оти за казна над пет години притворот е задолжителен Љубен Пауновски, ексминистер за одбрана, вчера во ...

Ексминистерот Пауновски осуден на пет и пол години затвор

Утрински - 04.11.2003

ПРЕСУДА Томислав Кежаровски Љубен Пауновски, поранешниот министер за одбрана во владата на Љупчо Георгиевски, обвинет дека ја злоупотребил службената должност и овластувања и проневерил над 85 милиони денари, вчера во Основниот суд Скопје 1 беше осуден на пет години и шест месеци затвор.

Пауновски доби 5,5 години затвор

Дневник - 04.11.2003

ОСУДЕН БИВШИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Поранешниот министер за одбрана, Љубен Пауновски, вчера во негово отсуство беше осуден на пет и пол години затвор. Судијката Верица Миновска од Основниот суд 1 во Скопје вчера му одреди притвор на Пауновски до правосилноста на пресудата.

Љубен Пауновски осуден на пет ипол години затвор

Канал5 - 04.11.2003

Љубен Пауновски го чекаат пет и пол години затвор.Потсекретарот во министерството за одбрана во времето на Пауновски, Кирил Горгов е осуден на три, а неговиот баџанак, Владимир Талески, на четири ипол години затвор. Љубен Пауновски, екс министер за од Љубен Пауновски го чекаат пет и пол години ...

Пет и пол години затвор за Пауновски

А1 - 03.11.2003

5 и пол години затвор за поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски. Вака гласи пресудата донесена денеска во основниот суд Скопје 1, по повеќе од 2 години од почетокот на процесот против Пауновски кој во 2001-та беше обвинет за злоупотреба на службената должност тешка 1 и пол милион евра.