Изминаа одвај само три трки од 56. првенство на Формула 1, а тимот на Рено веќе се наметнува како доминантен. Во центарот на вниманието со две еднодпоруго победи се најде Фернандо Алонсо. Шпанецот, кој е воздржан на зборови даде интервју за рускиот "Спорт експрес".
Приватната гимназија "Нова" и официјално може да започне со изградба на спортската сала која е предвидена да биде во продолжение на објектот со површина од 6.120 метри квадратни. Новата градба е вклопена во новиот Детален урбанистички план за дел од месната заедница "Тафталиџе", а кој беше изгласан ...
"Нова љубљанска банка", "Љубљанска банка" и "Тутунска банка" од една страна и "Прва покојнинска дружба" од Љубљана и "Комерцијална банка" од друга, како две групации кои во иднина ќе менаџираат со приватните пензиски фондови, вчера официјално ги добија дозволите за основање друштва коишто ќе ...
Ако може да им се верува на водечките стручњаци од областа на геологијата, иднината на БиХ и РС не е толку црна, затоа што таа земја "лежи" на нафта. Според најновите пресметки во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северниот дел на Република Српска се наоѓаат близу 50 милиони тони нафта.
Повеќенаменската спортска сала кај хотелот "Александар Палас", деновиве почна да се покрива. На овој спортски објект, со капацитет од 8 080 места, пред три дена започна да се поставува кровна конструкција од челик, чиј распон по спојувањето ќе изнесува околу 73 метри.
Поранешниот светски првак во Формула 1, Англичанецот Дејмон Хил одби да земе учество на Мастерс Гран При трките на ветераните, изјавувајќи дека тоа би било премногу ризично. Првата трка на бившите Ф-1 возачи ќе се одржи во ноември годинава, во Јужна Африка, а уште шест се планирани за идната година.
Одбранбениот играч на Реал (М), Роберто Карлос, ги повикува навивачите да не го отпишуваат тимот од борбата за титулата во шпанската Примера. "Многу е важно навивачите да се со нас", вели Бразилецот по повод претстојното неделно дерби со лидерот на табелата Барселона на "Сантјаго Бернабеу".
Владата на Република Македонија до македонскиот Парламент го достави предлогот за пристапување кон измена на Уставот, а кои се однесува на зголемување на ефикасноста на судството. Според оваа иницијатива, која е во согласност со Стратегијата за реформи во правосудниот систем, предвидува за ...
Актуелниот шампион Ф. Работнички вторпат во годинава му зеде мерка на, до ова коло, лидерот на табелата, Вардар осигурување. Заслужено. Иако играа без повредените Димитровски и Ѓуров, "шпедитерите" знаеја да се наметнат со квалитет, го ставија противникот во шема постојано да ја брка негативата.
Синоќа, непознати крадци извршиле грабеж во службените простории на забавниот фестивал "Макфест". Украдени се касети и компакт дискови и тоа над 2 илјади парчиња. На касетите и дисковите е снимена музика на "Макфест". Штетата што е направена во овој случај се проценува на околу 10 илјади евра.
"Стринг Форсис" својот нов албум ќе го насловат "Свиленкаст пат", кој ќе биде доснимен најдоцна за две-три недели. На него ќе има вкупно 13 песни, а пред неговото излегување ќе го објават новиот сингл "До езерата". Членовите на познатата група "Стринг форсис" се во дилема кога е најдобро албумот да ...
Вечерва во "Процес" настапува Онионз. Влезниците се 150 денари до 24 часот, кога почнува журката, а потоа 200 денари. Овој диџеј, кој настапува во рамките на "Кока кола фјузн фестивал" учете од најрана возраст, Ендру Венегас алијас DJ ONIONZ го следел својот татко, кој свирел на бас со кралевите на ...
Министерството за здравство ги потврди информациите дека се планира ревидирање на пакетот здравствени услуги кои пациентите ги добиваат бесплатно или со партиципација по основ на здравствено осигурување. Образложението за ваквиот потег, кој од Македонија го бараат и ММФ и Светската банка, во ...
Екипата на "Планетариум", Киро Урдин, Иван Митевски, Венко и Васко Серафимов, Владимир Петровски - Картер и соработничката Маја Павловска, денеска во 11.30 во Музејот на современи уметности - Кале, преку прес и коктел ќе го прослават големиот успех за македонската кинематографија, односно првата ...
Новиот промотивен спот на популарниот пијалак "пепси" нема како главни ѕвезди да ги нагости младите и популарни, на пример, Бритни Спирс или Дејвид Бекам, туку 89-годишниот Кирк Даглас, кој сега, за три милиони фунти, го глуми Спартак, кого веќе го играше во истоимениот филм во 1960 година.
Педесетте најбогати Хрвати минатата година имаа вкупен имот вреден 2,4 милијарди евра, а годинава го зголемија на 2,9 милијарди. Тоа го остварија благодарение на порастот на вредноста на акциите и вредноста на недвижнините. На листата и годинава редоследот на првите десет е неизменет, рокади има ...
По улицата "Ленинградска" на која се сместени подрачните единици на Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, повеќе дуќани, како и една детска градинка, граѓаните велат дека веќе не може да се движат пешаци, а за колите и не станува збор.
Евровизискиот преставник Мартин Вучиќ конечно ја избра видеопродукцијата, која ќе треба да го сработи неговиот евровизиски спот. Спотот за песната "Ти си сон" или "Make my day" како што е насловена англиската верзија дефинитивно ќе го работи Мартин Трпчевски и неговата "Зоомвидеолушн" продукција.
Со премиерата на модерниот балет "Дневник Дали", работен на музика на Ј. С. Бах, во кореографија и режија на Рисима Рисимкин во Универзалната сала, на 13 април (20 ч.) ќе биде отворен Меѓународниот фестивал "Танц - Фест". Во претставата настапуваат: Ирена Ветерова, примабалерина на Државниот балет ...
Таа му припаѓа на ѕвезденото небо. Малечка по години, ама наша голема евровизиска ѕвезда - Мартина, завчера го снимаше видео спотот за песната што сама си ја напиша "Под ѕвезденото небо". Снимањето се одвиваше на четири локации - кај неа дома, во Капиштец, во парк и во студио, од 7.30 наутро до 22 ...
Веќе осум години во соборниот храм "Свети Климент Охридски", се одржуваат бесплатни часови по вероучение. Идејата за приближување на христијанските верски обичаи до обичниот човек, потекнала од Билјана Суклеска, која по завршувањето на студиите по теологија, решила своето знаење да го пренесе на ...
Под автомобилот на генералниот директор на "Здравје" АД - Лесковац, Горан Стоилковиќ, завчераутро експлодира бомба. До експлозијата дошло во 7,35 часот во моментот кога Горан и неговиот тригодишен син се наоѓале во автомобилот.
Со премиерната изведба на пиесата "Фани се враќа сам" од Ресул Шабани (вечерва, 20 ч.), а во режија на гостинот од Албанија, Адолис Филипи, Албанскиот театар - Скопје ја отвора годинава првпат под новиот бренд по "раздвојувањето" на некогашниот Театар на народности.
АТИНА, 6 АПРИЛ (МИА). - Грција е рекордер според појавите на корупција и неказнување на извршителите, стои во извештајот на Комисијата за борба против корумпираноста на Советот на Европа. Во извештајот се истакнува дека Грција е "оранжерија на корупцијата со чии плодови се сладат службеници ...
Во почетокот на мај, се закажува концерт на хард рок групата "Морал" во Универзална сала. Ова ќе биде нивни прв целовечерен концерт на овој простор, открива харизматичниот пејач Влатче, кој од неодамна е еден од менаџерите во ноќниот клуб "Вега".
На цела Полска, конечно, и е јасно дека Папата Војтила нема како Фредерик Шопен своето срце да и го дарува на татковината. За разлика од славниот полски пијанист и композитор, чии посмртни останки се наоѓаат во Париз, а срцето во црквата "Светиот крст" во Варшава, Папата Јован Павле Втори не остави ...
"Смешна научна фантастика". Ова е реакцијата на дипломатски извори од Атина за најавите на грчкиот весник "Катимерини" дека "е можно распишување референдум за примањето на соседната земја ( се мисли на Македонија) во ЕУ, по примерот на референдумот што во почетокот на 70- тите години на минатиот ...
Продуцентската куќа М2 во соработка со интернет- страницата МММ (македонска музичка мрежа ) од утре ќе ја промовира новата песна на Ламбе "Каде песно моја". Интересно е тоа што првпат во историјата на македонската музика една песна ќе може да се купи, т.е да се даулодира преку инернет, преку ...
Доказната постапка за случајот "Раштански Лозја" заврши. Судската постапка против Александар Цветков, Горан Стојков, Бобан Утковски и Митко Кикереков обвинети за убиство на седуммина Азијати, продолжува утре кога застапникот на обвинението ќе ги каже завршните зборови.
Дека во бегството од шенгенскиот визен режим Македонците побараа спас во добивањето бугарско државјанство, што подразбира патна исправа која е значително поблиска до Европската унија и отворени граници, е веќе одамна познато.
Во прекрасна атмосфера во "Кале", со френетично навивање во сите 60 минути, но и со големо задоволство по завршувањето на натпреварот, нашиот првак му го зеде "скалпот" на големиот противник, хрватскиот Загреб, победувајќи го со 23:21 (10:11), во првото полуфинале на Купот на националните куп ...
На гламурозната ревија на Цоца-цола лигхт, што се одржа во хотелот "Александар палас", под називот "Сребрено искушение" својата визија на сребреното искушение го покажаа десет македонски креатори: Курим Муслиу, Никола Ефтимов, Розе Трајчевска, Ненад Секирарски, Искра Петровска, Јован Петревски, ...
Главни аспекти од историјата на Македонија, меѓу кои и илинденскиот период, балканските војни, Првата и Втората светска војна, осамостојувањето од југословенските републики, и како тие биле претставувани надвор од границите на државата од француските дипломати во последните 150 години, се ...
Приказната за љубовта меѓу Катарина Шпаровиќ и францускиот офицер Рене Марулиќ, земена како основа за претставата "Бокешки Д-мол", која вчеравечер беше прикажана во салонот на МОБ, поради големиот интерес на скопската публика ќе биде прикажана и денеска во 20 часот.
Меѓусебни недоразбирање е причината поради која Б.А. (68) од кривопаланечкото село Мождивњак, во саботата попладнето со ловечка пушка стрелал во неговата сосетка, триесет и тригодишната С.С. Жената била погодена во левата рака поради што е пренесена во Медицинскиот центар во Крива Паланка.
Американскиот актер Ноа Вајл реши во мај да ја напушти серијата "Итна служба", во која единаесет сезони го играше доктор Картер. Тој е единствениот кој остана од првобитната актерска поставка на популарната серија, која во текот на оваа година ја напуштија многу актери, меѓу кои Џорџ Клуни, Ентони ...
Во инцидентот на локалните избори во Прилеп учествувале еден припадник на агенцијата за обезбедување "Оса" и еден телохранител на поранешниот градоначалник Сашо Пиргановски и двајца прилепчани, соопштија вчера од ВМРО-Народна.
Памела Андерсон е новото лице на "Вива Глам В" кармините и сјај за усни, кои се главно оружје на американскиот фонд М.А.Ц. АИДС за собирање средства потребни за ширење свесност во тестирање на ХИВ вирусот. Памела е една од низата славни личности која се вклучи во акцијата на М.А.Ц.
Во Детската градинка " Буба Мара", која се наоѓа во скопската населба Лисиче, дечињата се воспитуваат како да го негуваат своето здравје и правилно да се хранат. На ниво на градинката функционира интерен акционен проект " Во здраво тело - здрав дух".