TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 34 лица повредени во низа експлозии во Индија

А1 - 09.06.2006

Најмалку 34 лица се повредени во четири последователни експлозии, кои избувнаа во североисточната индиска држава Асам, соопштија денеска локалните власти. Одговорни за експлозиите, најверојатно се сепаратистичките милитанти, кои се борат за независна асамска држава.

Најмалку 34 лица повредени во низа експлозии во Индија

Макфакс - 09.06.2006

Њу Делхи Најмалку 34 лица се повредени во четири последователни експлозии, кои избувнаа во североисточната индиска држава Асам, соопштија денеска локалните власти. Одговорни за експлозиите, најверојатно се сепаратистичките милитанти, кои се борат за независна асамска држава.

Најмалку 13 мртви во експлозија во рудник во Кина

Макфакс - 08.06.2006

Пекинг Најмалку 13 рудари загинаа во експлозија на метан во рудник за јаглен во североисточна Кина, јави денеска агенцијата “Чајна њуз“. Бројот на настраданите би можел да биде и поголем бидејќи не се знае колку рудари биле во јамата во моментот на експлозијата.

Најмалку 11 загинати во експлозија од динамит

Макфакс - 07.06.2006

Пекинг Најмалку 11 лица се загинати, а 20 ранети во северозападна Кина, во експлозија во илегално складиште за динамит, јавија државните медиуми во Кина. Експлозијата се случила во зграда во сопственост на лидерот на комунистичката партија во селото Лаогаочун.

Убиени се најмалку седум лица во јужен Тајланд

Макфакс - 07.06.2006

Бангкок Убиени се најмалку седум припадници на силите за безбедност во бомбашки напад извршен денеска во немирната покраина Јала на југот од Тајланд. Загинатите припадници на безбедност обезбедувале автобус со наставници, кога експлодирала бомбата.

Експлозија во пицерија во Истанбул

А1 - 06.06.2006

Силна експлозија одекна утрово во пицерија во истанбулскиот кварт Шишли, јави турскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен Турк. Како што пренесува МИА, при експлозијата нема жртви, но пицеријата е речиси целосно уништена, а искршени се и прозорците на околните куќи и продавници, како и на пет автомобили ...

Во експлозија на гас двајца загинати, шестмина повредени.

Макфакс - 06.06.2006

Москва Две лица загинаа, а шест се повредени во силна експлозија што утринава се случи во станбена зграда во западниот дел на Москва, јавија руските агенциите. Според првичните сознанија, експлозијата била предизвикана од истекување на природен ...

Четворица загинати во експлозија во Анталија

Макфакс - 06.06.2006

Истанбул Најмалку тројца странски туристи, како и еден турски државјанин, загинаа во експлозија што синоќа се случи во турското летувалиште Анталија, соопштија денеска локалните власти. Во инцидентот, што според првичните сознанија се случил во магацин за гориво во еден од рестораните, повредени се ...

Експлозија во турска касарна, едно лице загина

Макфакс - 05.06.2006

Истанбул Најмалку едно лице е загинато а три се ранети во Турција, при експлозија во една касарна, јави телевизијата „Си ен ен-Турк“. Истиот извор наведува дека до експлозијата дошло случајно, кога засега се уште непознати лица си играле со муниција.

Најмалку четворица ранети во експлозија во Истанбул

Макфакс - 05.06.2006

Истанбул Најмалку четири лица се повредени при експлозија на автобуска станица во Истанбул, јавија агенциите. На еден човек при експлозијата му е откината раката. Бомбата била поставена во корпа за отпад на автобуска станица во предградието Еминон во европскиот дел од градот.

Најмалку две лица загинаа во низа експлозии во јужен Тајланд

Макфакс - 05.06.2006

Бангок Најмалку две лица загинаа, а 16 се повредени во низа експлозии на бомби кои денеска се случија во претежно муслиманскиот јужен дел на Тајланд, каде веќе две години трае сепаратистички бунт. „Знаевме што се подготвува, но превентивните мерки не беа ефикасни“, изјави тајландскиот премиер ...