TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сараевската "Соба" на битолската сцена

Дневник - 23.07.2004

"БИТОЛСКО ЛЕТО" Театарската претстава "Соба" од Ирфан Хорозовиќ, во режија на Градимир Гојер, ќе биде изведена вечерва во 20.30 часот во Народниот театар во Битола. Играат Зоран Бечиќ, Лана Бариќ, Ријад Љутовиќ. Тој текст претставува важно драмско поглавје на модерната босанска драматургија.

Виолончелистот од САД ќе свири во Даут пашин амам

Вест - 20.07.2004

СКОПСКО ЛЕТО Вечерва (20, 30 часот) виолончелистот Џастин Елкинс од САД, во пијано придружба на Марија Крстевска ќе одржи концерт во Даут пашин амам во Скопје. Елкинс дипломирал на престижниот конзерваториум "Истман скул оф мјузик" во Рочестер , Њујорк во класата на професорот Алан Харис.Од оваа ...

Концерт на Џастин Елкинс и Марија Крстевска

Дневник - 20.07.2004

"СКОПСКО ЛЕТО" Виолончелистот Џастин Елкинс од САД и нашата пијанистка Марија Крстевска ќе одржат заеднички концерт вечерва во 20.30 часот во Даут-пашиниот амам. На програмата ќе бидат дела за виолончело и пијано од Бетовен, Касадо, Месијан, Форе и Шуман.