TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Беќири, Мустафи и Савиќ го напуштија Чаир

Утрински - 10.07.2004

По Рамадан, Слога Ј. остана уште без тројца свои стандардни фудбалери Арџент Беќири, Неби Мустафи и Љубиша Савиќ од вчера повеќе не се дел од Слога Југомагнат, актуелен освојувач на пехарот во националниот куп со што делумно е отстранета неизвесноста на Чаир.

Егзодус во Слога Југомагнат

Време - 10.07.2004

ФУДБАЛ Во македонскиот претставник во Купот на УЕФА, екипата на Слога Југомагнат се заканува вистински фудбалски егзодус, откако неколку стандардни првотимци побегнаа или се на чекор да го сторат тоа. Ова иако во вторникот фудбалерите добија по две заостанати плати, но и ветување дека преостанатиот ...

Зиков и Димитровски новаци на Чаир

Утрински - 09.07.2004

Пред мечот со Омонија Фудбалерот од средниот ред, Зиков, кој минатата сезона настапуваше во второлигашот Алумина, и довчерашниот чувар на мрежата на Тиквеш од Кавадарци, Димитровски, се новите имиња во редовите на Слога Југомагнат.

Градскиот стадион во Скопје, домаќин на сите меѓународни средби

Утрински - 08.07.2004

Фудбалската федерација на Македонија и претставниците во европските купови ја известија УЕФА На 13 јули, стартува претставникот во Лигата на шампионите, Победа, а два дена подоцна Силекс и Слога Југомагнат во Купот на УЕФА И покрај нагаѓањата и шпекулациите, кои деновиве кружеа во фудбалските ...

„Закржлавената“ Слога Ј. се надева на чудо со Омонија

Време - 08.07.2004

ФУДБАЛ Иако почнаа да тренираат само седум дена пред првиот натпревар од Купот на УЕФА, против кипарската Омонија, сите во Слога Југомагнат се надеваат на поволен успех. До вторник, за кога е предвидено патувањето на Кипар, каде што в среда ќе се игра првиот меч, екипата на Слога Ј.

Муминовиќ подели само две од шесте заостанати плати на фудбалерите

Утрински - 08.07.2004

Конечно се поместија работите од мртва точка во таборот на освојувачот на националниот куп Слога Ј. почна да тренира шест дена пред мечот со Омонија САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Конечно нешто ново на Чаир. Сопственикот на Слога Југомагнат, Рафет Муминовиќ, им подели по две од заостантите шест плати на ...

Чаирчани започнаа да тренираат

Вест - 08.07.2004

Парите од кредитот се поделија Нешто повеќе од една недела пред првиот натпревар од премиерното коло од Купот на УЕФА против кипарската Омонија, фудбалерите на Слога Југомагнат започнаа со тренинзите. Пред завчерашниот попладневен тренинг се поделија по две плати од подигнатиот банкарски кредит во ...

Кога ги сакаше и Господ...

Утрински - 07.07.2004

Тони Савевски, еден од нашите најдобри фудбалери за успехот на Грција на ЕП Миодраг Мицковиќ Тони Савевски, сигурно еден од нашите најдобри фудбалери, кој со голем успех го носеше дресот на АЕК од Атина, еден од најдобрите клубови во Грција, со кој освои неколку титули добро го познава фудбалот во ...

Слога Ј. ги пријави играчите во УЕФА

Време - 07.07.2004

ФУДБАЛ Сите играчи што годинава ги бранеа боите на Слога Југомагнат ќе бидат пријавени за средбите од Купот на УЕФА, пред истекот на денешниот рок. Ова откако синоќа чаирчани требаше да го одржат првиот тренинг на кој фудбалерите требаше да ги донесат пасошите за пријава, но и да земат дел од ...

Се тепаа да земат пари, сега абер немаат да градат

Време - 07.07.2004

ФУДБАЛ - УЕФА ДЕЛИ ПАРИ, НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ ДА ГИ ЗЕМЕМЕ Иако пред само три месеци македонските клубови се испокараа за тоа кој ќе ги подели вкупно 2,5 милиони швајцарски франци што УЕФА ги дели за изградба на стадиони, само Победа и Беласица досега поднесоа проекти и треба да ги земат парите.

Чаирчани со седум дена подготовки ќе патуваат во Кипар

Утрински - 07.07.2004

Фатен последниот воз за пријава на Слога Југомагнат во купот на УЕФА САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Освојувачот на националниот Куп, тимот на Слога Југомагнат денеска (последен рок) ќе ја поднесе пријавата за учество во Купот на УЕФА. Иако на неколку играчи не им се знае ниту трага, ниту им се слуша глас, сепак ...

Слога Ј. не тренира, но ќе игра на Кипар

Дневник - 07.07.2004

ФУДБАЛ - ПРИЈАВА ВО УЕФА Факт е дека имаме долгови кон играчите, но нема да си дозволиме таков срам да не играме во УЕФА-купот - вели газдата на клубот, Рафет Муминовиќ Слога Југомагнат, иако се уште не почнала со подготовки за настапот во првото квалификациско коло од УЕФА купот, на 15 јули против ...

Чаирчани се уште на летен одмор

Вест - 06.07.2004

На десет дена пред мечот со кипарската Омонија Десет дена пред првиот натпреварот од квалификациите од Купот на УЕФА против кипарската Омонија, фудбалерите на Слога Југомагнат официјално се уште не ги започнале подготовките. Без разлика што дел од фудбалерите во групи во сопствена режија тренираат ...

Слога Ј. на чекор од дисквалификација

Време - 06.07.2004

ФУДБАЛ Златко Крстевски Македонскиот фудбал се соочува со огромен срам, откако на само седум дена пред одигрувањето на првиот натпревар во Купот на УЕФА, против кипарската Омонија, екипата на Слога Југомагнат се уште не ги почнала подготовките.

Работнички Кометал поуспешен од Слога Југомагнат

Вест - 05.07.2004

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ "НИКОЛА КАРАКОЛЕВ" ШТИП.- Кадетската екипа на Работнички Кометал во финалето на меморијалниот турнир "Никола Караколев" во Штип беше поуспешна од Слога Југомагнат и тоа по изведувањето на пенали со 4:2. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1:1.