TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар про - есенски шампион

Време - 16.12.2006

ЗАВРШИ ЕСЕНСКАТА ПОЛУСЕЗОНА КАЈ МАЖИТЕ Вардар про вторпат сезонава го победи актуелниот ракометен првак Металург и со тоа ја обезбеди есенската титула во машката Суперлига. Вицепрвакот славеше над шампионот со 33-31 (13-14) во својата сала „СРЦ „Кале“, а на Михајло Михајловски, спонзорот на тимот ...

Вардарци втор пат го урнаа Металург

Утрински - 16.12.2006

Со победата од 33:31, Вардар Про ќе презими на врвот на табелата во Т-Мобиле Суперлигата САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Вардар Про и Металург за момент не' принудија да заборавиме на лошиот четврток за македонскиот ракомет. Денот започна со оставката на селекторот на машката репрезентација Гино Стрезовски, по ...

Вардар ќе зимува на високо

Дневник - 16.12.2006

Вардарци со 3 бода предност пред Металург се есенски прваци Ракометарите на Вардар про со победата над градскиот ривал Металург обезбедија презимување на првото место на табелата. Вардарци со 3 бода предност пред актуелниот шампион Металург се есенски прваци.

Круна на успешната сезона

Вечер Прес - 16.12.2006

Во заостанатиот натпревар кој решаваше кој ќе ја освои есенската титула, Вардар го совлада актуелниот шампион Металург со 33:31 (13:14) и ќе презими на челната позиција По успесите во КПК, каде стигна до четвртфиналето, Вардар успешно ја заврши сезоната и во суперлигашкото првенство.

Шампионот го плаши само Вујовиќ

Вест - 14.12.2006

ДЕРБИТО ВАРДАР-МЕТАЛУРГ ЈА ЗАТВОРА ЕСЕНСКАТА СУПЕРЛИГАШКА ПОЛУСЕЗОНА Ќе се точи ли пиво вечерва повторно во "Кале"? Поводот би била титулата есенски шампион, која би му припаднала на Вардар доколку по вторпат сезонава успее да триумфира над Металург.

Вардарци најавуваат нов пиво-фест во „Кале“

Утрински - 14.12.2006

Вардар Про вечерва го пречекува Металург во директниот дуел за есенската титула во машката Суперлига САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Победа над лутиот градски ривал Металург во дербито на сезоната во машката ракометна Суперлига и прослава на есенската шампионска титула со нов пиво-фест во СРЦ „Кале“.

Вардарци ќе ја крунисаат полусезоната?

Дневник - 14.12.2006

Вардар про во директен дуел со Металург во СРЦ „Кале“ (19 ч) ќе решава дали ќе презими на врвот на табелата Вардар про се надева со победа над лутиот градски ривал Металург да ја заврши полусезоната во домашната Супер Т-Мобиле машка ракометна лига и да презими на првото место на табелата.

Вардар преку Босна на патот кон полуфиналето

Време - 13.12.2006

ЖДРЕПКА ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА КПК Босна од Сараево е противникот на Вардар про во четврт-финалето на ракометниот Куп на националните куп-победници (КПК). Така одлучи вчерашната ждрепка во Виена. Вардарци ги послужи среќата и овој пат и ги избегнаа силните клубови како Адемар Леон, Хамбург и Загреб.

Босна е по мерка

Вест - 13.12.2006

ЖДРЕПКА ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА КУПОВИТЕ Босна од Сараево е уште еден противник по мерка за Вардар во Купот на победниците на куповите, а вчерашната ждрепка во Виена му го додели во четврт-финалето. Имајќи предвид дека можеше да биде Адемар или Хамбург, Босна е една сосема ...

Преку Босна до полуфиналето на КПК

Утрински - 13.12.2006

Вардар про ќе биде домаќин во првиот меч на 24/25 февруари, а реваншот е седум дена подоцна во Сараево САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Ракометарите на Вардар Про се со реални шанси по третпат во историјата да бидат дел од големата четворка во КПК по наклонетоста што ја имаа во вчерашната ждрепка која им ја ...

Сараевска Босна противник на вардарци

Дневник - 13.12.2006

Вардар Про, македонски претставник во ракометниот Куп на куп-победници, во четврт-финалето, ќе игра против сараевска Босна (БиХ). Тоа е резултатот на ждрепката, одржана вчера, во Виена. Првата средба ќе се игра во Скопје, на 24/25 февруари, а реваншот е закажан за една недела потоа, во Сараево.

Вардар на мегдан со Босна

Вечер Прес - 13.12.2006

Вардарци во првиот натпревар на 24-25 февруари, идната година, во "Кале", ќе бидат домаќини на тимот со десет репрезентативци Последниот македонски тим кој ја брани честа на нашата држава во ракометна Европа, Вардар во четвртфиналето на КПК ќе игра со сараевска Босна.

Вардар Про доби посакуван противник на денешниот ждреб

А1 - 12.12.2006

Ракометарите на Вардар Про добија посакуван противник на денешниот ждреб во седиштето на ЕХФ во Виена. За пласман во 1/2-финалето на КПК ќе треба да се прескокне екипата на Босна. Кире Лазаров со Веспрем во 1/4-финалето на Лигата на шампионите ќе игра против Кил.

Никој не ги сака Адемар и Хамбург

Вест - 12.12.2006

РАКОМЕТ - ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА КПК Три од седумте потенцијални противници на Вардар во четврт-финалето на Купот на победниците на куповите би било пожелно да се избегнат во денешната ждрепка. Шпанскиот Адемар и петтопласираната екипа во Првата Бундеслига, Хамбург, се најголемите ...

Вардар не ги сака Адемар Леон, Хамбург и Загреб

Време - 12.12.2006

ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА КПК Вардар про, македонскиот ракометен вицепрвак, денеска од Виена, каде што е седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ), ќе го дознае следниот противник во еврокуповите, по ждрепката за четврт-финалето.

Само не Адемар Леон или Хамбург

Дневник - 12.12.2006

Македонскиот претставник во ракометниот Куп на куп-победниците за мажи, Вардар про од Скопје, на денешната ждрепка пред четврт-финалето, својот противник ќе го бара меѓу Босна од Сараево (БиХ), Загреб (Хрватска), Бјерингбро од Силкеборг (Данска), Адемар Леон (Шпанија), Хамбург (Германија), ...

Украинците противник по мерка

Вечер Прес - 12.12.2006

Тренерот на Вардар, Аце Станковски, кој за претходното коло имаше успешна прогноза, за противник во четвртфиналето го посакува украинскио тим Портовик или данскиот Силкеборг во кој настапува нашиот репрезентативец Ацо Јоноски Вардар, нашиот единствен "мохиканец" во евро-куповите во ракометна ...

Стрезовски повика 26 ракометари

Време - 11.12.2006

ПОШИРОК СПИСОК ЗА ЈАНУАРСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ Вкупно 26 ракометари, од кои петмина се резерви, се на поширокиот список на селекторот на националниот тим на Македонија, Гино Стрезовски, за јануарските квалификации за пласман на Европското првенство (ЕП) 2008 година во Норвешка.

Хамбург, Загреб, Босна и Портовик во четврт-финалето

Време - 11.12.2006

КПК, ОСМИНАФИНАЛЕ, МАЖИ Вкупно четири екипи, и тоа Хамбург, Загреб, Босна и Портовик Јужни, обезбедија пласман во четврт-финалето на ракометниот Куп на националните куп-победници (КПК) по одигрување на реванш-средбите од осминафиналето на овој втор по значење европски куп, во саботата.

Вардар се пласира во четврт-финалето

Време - 11.12.2006

КПК: ПАНЕЛИНИОС - ВАРДАР 22-25 Вардар Про се пласира во четврт-финалето од Купот на куп-победниците (КПК) откако и во реваншот од осминафиналето беше подобар од грчки Панелиниос, сега во Атина, со 25-22 (12-8). На првиот меч во Скопје ракометарите на тренерот Веселин Вујовиќ извојуваа убедлива ...

Победа и во Атина

Вест - 11.12.2006

ВАРДАР ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА КПК Со две победи над Панелиниос, Вардар се пласираше во четврт-финалето на Купот на победниците на куповите, а својот следен противник ќе го дознае на утрешната ждрепка. Покрај Вардар, таму ќе се најдат и Загреб, Хамбург, Босна и Портовик.

Вардарци го поразија Панелиниос и во Атина

Утрински - 11.12.2006

Црвено-црните славеа со 25:22 и се пласираа во четврт-финалето Ракометарите на Вардар Про ја забележаа четвртата победа во исто толку пресметки со грчките претставници во европските купови оваа сезона, откако во вчерашниот реванш во Атина го совладаа Панелиниос со 25:22 (полувреме 12:8) и се ...

Вардарци ги издржаа притисоците во Атина

Дневник - 11.12.2006

Ракометарите на Вардар про се пласираа во четврт-финалето на Купот на куп-победниците на ЕХФ, откако во Атина, во реваншот против Панелиниос, вчера постигнаа поволен резултат Ракометарите на Вардар про се пласираа во четврт-финалето на Купот на куп-победниците на ЕХФ, откако во Атина, во реваншот ...

Вардарци како по ноти

Вечер Прес - 11.12.2006

Вардар и на реваншот од 4. коло на КПК во Атина ја демонстрираше својата суперирност во дуелот со грчкиот првак Панелениос, совладувајќи го со 25:22 (12:8), со што се обистини оптимизмот на Стручниот штаб и на играчите дека ќе ги совладаат Грците во двата дуела (во првиот 28:19).