TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бројот на жртви во зградата во Москва се зголеми на 64

А1 - 25.02.2006

Ноќеска биле пронајдени уште три тела во урнатините на зградата на пазарот „Басманаја“ во Москва, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 64, соопшти денеска заменикот на началникот на службата за информирање на Министерството за вонредни ситуации, Виктор Бељцов.

Архитектот на пазарот во Москва под истрага

Утрински - 25.02.2006

По уривањето на покривот под кој загинаа 58 лица Канчели изјави дека покривот не бил дизајниран за толку големи снежни врнежи ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Бетонските плочи и челичните елементи на урнатиот кров на Бауманскиот пазар во Москва во четвртокот убија дури 58 луѓе, меѓу кои ...

Расте бројот на жртвите од вчерашната несреќа во Москва

А1 - 24.02.2006

Расте бројот на жртвите во вчерашната несреќа во Москва. Според последните официјално потврдени информации, најмалку 56 луѓе загинаа, а 32 се повредени од уривањето на покривот на пазарот Басмани. Речиси сите жртви се работници од Азербејџан и други поранешни руски републики.

Смрт за 47 лица под покривот на московскиот пазар

Утрински - 24.02.2006

Се урна покривната конструкција на Бауманскиот пазар во Москва Проектантот на Бауманскиот пазар го проектираше и аквапаркот „Трансфал“, чиј покрив се урна на 14 февруари 2004 година ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Околу пет часот вчера изутрина се урна покривот на познатиот московски ...

Покрив згмечи десетици луѓе на пазар

Дневник - 24.02.2006

ОБИЛНИТЕ СНЕжНИ ВРНЕжИ ПРЕДИЗВИКАА ТРАГЕДИЈА ВО МОСКВА Најмалку 38 луѓе загинаа, а 29 се повредени при уривањето на покривот на пазарот Бауман во Москва, јави МИА. Конструкцијата на објектот попуштила поради тежината на снегот.

Два пати паѓа покрив од ист архитект

Вест - 24.02.2006

Нодар Канчели, архитектот на пазарот, вели дека покривот не бил дизајниран да издржи голем товар снег. Канчели во април 2005 е осуден за небрежност во дизајнот на пливачкиот комплекс Трансвал парк во Москва чиј покрив падна во февруари 2004 и уби 28-мина, а повреди 200.

40 мртви под урнат покрив на пазар

Вест - 24.02.2006

МОСКВА МОСКВА, 24 февруари (Ројтерс) - Итните служби на Русија соопштија дека во уривање на покрив на еден покриен пазар во Москва, најверојатно од тежината на снегот, загинаа најмалку 40 луѓе, а голем број се затрупани под урнатините.

Над 31 загинат при уривање на покрив

Вечер Прес - 24.02.2006

Најмалку 31 лице загина, а 25 се повредени во несреќата што се случи вчераутро, при уривање на покрив на пазарот "Бауменски" во Москва. Според податоците на Министерството за вонредни состојби, пазарот е речиси целосно разурнат, бидејќи паднала метално-бетонската покривна конструкција на објектот.

Најмалку 38 загинати при уривање на покрив во Москва

А1 - 23.02.2006

Најмалку 38 лица загинаа, а 29 се повредени при уривањето на покривот на пазарот Бауменски во Москва се најновите податоци од несреќата, јавија руските медиуми повикувајќи се на болнички власти и Министерството за вонредни ситуации.