TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опозицијата бара место во Бордот на "Телеком"

Утрински - 13.06.2003

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за телефонијата ВМРО-ДПМНЕ го поздравува намалување на цените на телефонскиот импулс и смета дека тоа е реално, бидејќи компанијата има направено пречекорувања на дозволеното ниво утврдено во рамката дадена во концесискиот договор.

Телеком со цените само му ги замачкува очите на народот

Дневник - 13.06.2003

"ГРАЃАНСКИ ГЛАС" НАЈАВИ ПРОТЕСТ Коалицијата "Граѓански глас" најави масовен протест во целата земја, ако "Македонски телекомуникации" не ги врати цените за телефонски услуги на ниво од 30 април. - Корекцијата на зголемувањето на цената на телефонскиот импулс од 25 до 15 отсто е само замачкување очи ...

ВМРО-ДПМНЕ: Бузле од Телеком зема плата од 5.000 евра

Вест - 13.06.2003

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Ден Дончев тврди дека поранешниот пратеник и ексминистер во владата на Црвенковски Димитар Бузлевски, е на платниот список на "Македонски телекомуникации" и како консултант зема плата од 5.000 евра.

Намалувањето на цените на импулсот покажа дека договорот не бил штетен

Дневник - 13.06.2003

ВМРО-ДПМНЕ Со намалувањето од 10 отсто цените на фиксната телефонија се доведени на ниво какво што дозволуваше договорот за концесија што со "Матав" го потпиша Владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави вчера Ден Дончев, поранешниот директор на "Македонски телекомуникации" и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ знаела за поскапувањето на телефонот

А1 - 12.06.2003

ВМРО ДПМНЕ ја обвинува Владата на СДСМ дека знаела за поскапувањето на телефонските услуги уште пред да тоа да се случи и дека го дозволила зголемувањето на цените. Потписниците на концесискиот договор за купопродажба на „Телеком“ на „Матав“ денеска во својство на опозиционери тврдат дека Владата ...

Телефонскиот импулс поевтинува за 10 отсто

Утрински - 12.06.2003

По разговорите со Црвенковски "Телеком" реши да ја преиспита одлуката за поскапување на услугите Новите телефонски сметки за месец мај што наскоро ќе им бидат испорачани на корисниците ќе бидат со износи пресметани врз база на цена на импулс од 1,38 денари (што трае до три минути во скапа и до шест ...

Телекомот попушти и ја намали цената на импулсот

Дневник - 12.06.2003

ПО РЕАКЦИИТЕ "Македонски телекомуникации" одлучи да ја намали најавената нова цена на импулсот од 1,5 денари на 1,38 денари за локалните и меѓуградските разговори. Ова значи дека поскапувањето ќе изнесува 15 отсто. Мајските сметки за телефонските разговори што ќе ги добијат корисниците ќе бидат ...

Телеком ги намали цените за 10 отсто

Вест - 12.06.2003

КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ ЗА ЦЕНИТЕ НА "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ" Цената на импулсот во мајските сметки ќе изнесува 1,38 денари месечната претплата на домаќинствата останува 340 денари, а корисниците нема да ги добијат назад 80 - те бесплатни импулси "Македонски телекомуникации" ги намалија цените на ...

Телефонскиот импулс ќе чини 1,38 денари

А1 - 11.06.2003

Поскапувањето на телефонските разговори во фиксната телефонија нема да изнесува 25%, туку 15%, одлучи Телеком по вчерашните преговори во Владата со Премиерот и Министерот за финансии. Со ова еден импулс нема да чини 1,5, туку 1,38 денари.

Телеком ги поевтини поскапените цени од 25% на 15%

Канал5 - 11.06.2003

Македонски телекомуникации покачувањето од 25 % го намали за 10 %, односно наместо најавените 1,5 денари граѓаните со мало задоцнување ќе ги добијат мајските сметки со цена од 1,38 денари за импулси во локалниот и меѓуградскиот сообраќај.

Телефонските импулси најверојатно нема да поевтинат

А1 - 10.06.2003

„Телефонските импулси најверојатно нема да поевтинат“, ова е неофицијална информација со која располага А1. На преговорите меѓу првиот човек на „Матав“ Елек Штрауб и премиерот Бранко Црвенковски не било договорено такво нешто.

Телеком смеел импулсот да го зголеми на 2 денари

Вест - 10.06.2003

ВЛАДАТА ЗАТЕЧЕНА ОД НОВИ МОМЕНТИ ОД КУПОПРОДАЖНИОТ ДОГОВОР ЗА "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ" Пред денешните преговори меѓу првиот човек на "Матав" Елек Штрауб и Бранко Црвенковски, претставниците на државниот капитал во Телеком откриле дека ексминистерот за транспорт и врски Љупчо Балкоски потпишал ...

Телеком: средба Штрауб - Црвенковски

Канал5 - 10.06.2003

Потписот на екс министерот за транспорт и врски Љупчо Балковски, им ја овозможил привилегијата на унгарските сопственици на Матав да ги кренат цените на телефонските услуги, многу повисоко отколку што дозволува македонскиот стандард.

Штруб и Црвенковски во преговори за цените на телефонските услуги

А1 - 09.06.2003

Штрауб и Црвенковски на преговарачка маса, но во нееднакви позиции, утре ќе се обидат да најдат компромисно решение дали и за колку ќе паднат цените на телефонските услуги, по мајското поскапување од 35%. Директорот на „Матав“ на своја страна го има концесискиот договор за „Телеком“ со кој и ...

Директорот на унгарски Матав утре се сретнува со премиерот Црвенковски

Канал5 - 09.06.2003

За три дена истекува рокот што Управата за телекомуникации му го даде на странскиот партнер Матав, за да ги врати цените на телефонските импулси на ниво пред последното поскапување од 25 отсто. Токму цените ќе бидат и главна тема на утрешна За три дена истекува рокот што Управата за телекомуникации ...

Црвенковски и Штрауб ќе ја кројат стратегијата на МТ

Утрински - 09.06.2003

За утре е закажана средба меѓу премиерот и првиот човек на "Матав" Утре премиерот Бранко Црвенковски, како што неофицијално се дознава, најверојатно, ќе има средба со извршниот директор на ?Матав", Елек Штрауб, што е само три дена пред истекот на рокот даден од Управата за телекомуникации ?Телеком" ...