TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Потврдена победата на Проди

Вест - 15.04.2006

РИМ, 15 април (РОЈТЕРС) - Надежите на италијанскиот премиер Силвио Берлускони дека ќе го поништи изборниот пораз беа уништени вчера кога се покажа дека нема доволно спорни изборни ливчиња за да му ја преземе победата на ривалот Романо Проди.

Пребројувањето на гласовите нема да го смени исходот

Време - 15.04.2006

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ИТАЛИЈА Пребројувањето на гласовите во спорните италијански парламентарни избори покажа дека опозициската левичарска коалиција предводена од Романо Проди веројатно ќе победи на изборите. Според весникот „Република“, премиерот Берлускони и неговата десничарска коалиција досега ...

Берлускони нема докази дека имало изборна измама

Утрински - 15.04.2006

Обидите на италијанскиот премиер да ја задржи власта полека пропаѓаат РИМ - Обидот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони да ја задржи власта оспорувајќи ги резултатите од изборите што се одржаа минатиот викенд се чини дека вчера пропаднаа, без докази за да се поддржат неговите тврдења за ...

Италија падна во политичка криза

Време - 14.04.2006

РЕАКЦИИ НА МЕДИУМИТЕ Изјавите на актуелниот италијански премиер Силвио Берлускони дека изборите биле наместени може политички да ја парализираат Италија со недели, пишуваат италијанските медиуми. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ предвидува „долг дестабилизирачки меч“, сличен на ...

Берлускони со декрет ќе ги пребројува гласовите

Утрински - 14.04.2006

Откако ги оцени како лажни анкетите за изборните резултати во Италија Силвио Берлускони одби да го признае поразот, наведувајќи дека има докази за големи изборни нерегуларности РИМ - Премиерот Силвио Берлускони ја разгледува можноста за донесување декрет со кој ќе нареди парцијално пребројување на ...

Збогум на европската елита

Дневник - 14.04.2006

На Проди сега ќе му биде потребен целиот талент за да ги усогласи ставовите на големата коалиција, која се протега од центарот до тврдокорните комунисти По тесната победа што левицата ја извојува на парламентарните избори во Италија на Романо Проди ќе му треба чудо за да ја обедини поделената земја ...

Берлускони на суд ќе се бори за фотелјата

Време - 13.04.2006

ПО ТЕСНИОТ ПОРАЗ НА ИЗБОРИТЕ ВО ИТАЛИЈА Италијанскиот премиер Силвио Берлускони побарал судска проверка на 43.000 спорни гласачки ливчиња откако ги загуби парламентарните избори со само 25.000 гласа разлика во полза на левичарската коалиција на Романо Проди.

Проди предлага намалена верзија на Уставот на ЕУ

Утрински - 13.04.2006

Веднаш откако извојува победа на италијанските избори ПАРИЗ - Победникот на општите избори во Италија вчера сугерираше дека намалена верзија на Уставот на ЕУ, отфрлен од француските и од холандските гласачи, би можела да биде усвоена по претседателските избори во Франција идната година.

Проди ќе формира влада дури во мај

Утрински - 13.04.2006

Италија се соочува со политички пекол Проди ќе треба да почека додека се избере нов италијански претседател идниот месец за да може да формира влада РИМ - Италија вчера се соочи со политички пекол, бидејќи Романо Проди изјави дека нема да биде во можност да формира нова влада пред средината на мај, ...

Италија нова влада ќе добие во мај

Дневник - 13.04.2006

Новата италијанска влада најверојатно ќе биде формирана во втората половина на мај, откако ќе биде избран новиот претседател на Италија, изјави лидерот на италијанската левица, Романо Проди, јави МИА. Проди, кој завчеравечер потврди дека победил на парламентарните избори, истакна дека сегашниот ...

БЕРЛУСКОНИ БАРА КОРЕКЦИЈА НА КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ

Канал5 - 13.04.2006

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вечерва изјави дека имало многу неправилности на одржаните парлемтнарни избори во земјата и оти е неопходна корекција на резултатите. Рим, 12 април (МИА) - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вечерва изјави дека имало многу неправилности на одржаните ...

КОАЛИЦИЈАТА НА РОМАНО ПРОДИ ЌЕ ИМА МНОЗИНСТВО ВО ДВАТА ДОМА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Канал5 - 13.04.2006

Коалицијата на левиот центар “Унија” на Романо Проди ќе има мнозинство претставници во двата дома на италијанскиот Парламент. Рим, 12 април (МИА) - Коалицијата на левиот центар Унија” на Романо Проди ќе има мнозинство претставници во двата дома на италијанскиот Парламент.

Новата влада по 18 мај

Вечер Прес - 13.04.2006

Новата италијанска влада најверојатно ќе биде формирана по 18 мај, откако ќе биде избран новиот претседател на Италија, изјави лидерот на италијанската левоцентристичка коалиција Романо Проди во интервју за француското радио Европа 1.

Проди тесно победи, Берлускони не признава пораз

Вест - 12.04.2006

РИМ, 12 април (АП) - Романо Проди вчера прогласи победа над премиерот Силвио Берлускони на парламентарните избори во Италија и рече дека ќе формира силна влада, иако официјалното пребројување на гласовите уште не завршено, а и Берлускони не признава пораз.

Гласачите во Италија поделени по половина

Време - 12.04.2006

ИЗБОРИ БЕЗ ЈАСЕН ПОБЕДНИК Италијанската левица предводена од Романо Проди прогласи победи на парламентарните избори, но премиерот Силвио Берлускони одбива да признае пораз, поради крајно тесната разлика во гласовите. Во гласањето за долниот дом на италијанскиот Парламент, коалицијата на Проди ...

Нападнати агенциите за вршење анкети

Утрински - 12.04.2006

Откако официјално беше прогласен победникот на изборите во Италија РИМ - Водечките италијански агенции за анкетирање вчера се најдоа под жесток удар откако предвидоа дека на општите избори централнолевичарскиот ориентиран лидер Романо Проди ќе обезбеди убедлива победа над премиерот Силвио ...

Можна политичка парализа по победата на Проди

Утрински - 12.04.2006

Загрижувачко мало водство на централнолевичарската партија во Италија Пазарите стравуваат дека Проди ќе има проблеми со донесувањето на многу потребните реформи, како што се намалување на италијанскиот долг или справување со буџетскиот дефицит РИМ - Лидерот на левицата, Романо Проди, вчера прогласи ...

Тесна победа на Романо Проди

Дневник - 12.04.2006

Паѓањето на акциите на берзите е сигнал дека Проди нема да успее да ги спроведе ветените економски реформи Лидерот на левицата Романо Проди прогласи победа на парламентарните избори во Италија, но поради малата разлика во гласовите, сојузниците на Силвио Берлускони побараа детална проверка на ...

БАРОЗО ЈА ПОЗДРАВИ ПОБЕДАТА НА ПРОДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ИТАЛИЈА

Канал5 - 12.04.2006

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Дурау Барозо денеска го поздрави Романо Проди за неговата победа на парламентрните избори во Италија. “Ако прогнозите се потврдат, коалицијата на Романо Проди ќе го освои мнозинството во двата дома на италијанскиот Парламент”, се вели во изјава на ...

ПРОДИ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ НА БЕРЛУСКОНИ ДА СЕ ФОРМИРА ШИРОКА ВЛАДЕЈАЧКА КОАЛИЦИЈА

Канал5 - 12.04.2006

Лидерот на италијанската левоцентристичка коалиција Романо Проди вечерва потврди дека победил на парламентарните избори и ја одбил понудата на Силвио Берлускони да се формира широка владејачка коалиција, по примерот на Германија.

ПРОДИ ОСВОИ ТЕСНО МНОЗИНСТВО ВО ДВАТА ДОМА НА ПАРЛАМЕНТОТ

Канал5 - 12.04.2006

Италијанскиот опозициски лидер Романо Проди денеска повторно се прогласи за победник на парламентарните избори во земјата. Имајќи го предвид тесното мнозинство во двата дома на Парламентот, Проди, кој се гледа себе си како иден премиер, очекува неговата влада да биде стабилна.

Дијаспората го промовира Проди

Вечер Прес - 12.04.2006

Италијанската коалиција на левиот центар, предводена од Романо Проди, сепак ќе има тесно мнозинство и во Сенатот, покрај веќе освоеното мнозинство во Камората. Како што јавува телевизијата Скај Италија, повикувајќи се на информациите од италијанското МВР, нецелосните резултати од дијаспорета ...

Проди победи на парламентарните избори во Италија

А1 - 11.04.2006

Тесна, но сепак за Романо Проди голема победа на парламентарните избори во Италија. Помалку од 0,1% или само неколку илјади гласа, беше разлика помеѓу левицата, предводена од Проди и коалицијата на десниот центар на актуелниот премиер Берлускони.

Се уште нема дефинитивен победник на изборите во Италија

А1 - 11.04.2006

Еден ден по одржувањето на изборите, Италија е поделена, со оглед на тоа што дефинитивен победник се уште нема, а има стравувања дека доколку наскоро не се реши ситуацијата може да дојде до политичка нестабилност, јавуваат светските агенции.

Проди го победи Берлускони

Вест - 11.04.2006

РИМ, 11 април (Ројтерс) - Лидерот на централната левица Романо Проди најверојатно ќе биде новиот премиер на Италија. Иако, изборните резултати не се готови, изгледите Проди да го порази актуелниот премиер Силвио Берлускони на општите избори во Италија се огромни, покажаа анкетите на јавното мислење ...

Проди почна да ја слави победата над Берлускони

Утрински - 11.04.2006

Анкетите по гласањето го прогласија победникот во Италија Анкетата на истражувачкиот институт Мексус предвидува дека Алијансата на Проди ќе добие меѓу 50 и 54 отсто од гласовите во Долниот и во Горниот дом на парламентот РИМ - Лидерот на централната левица во Италија, Романо Проди, се чини дека е ...

Ариведерчи Берлускони!

Дневник - 11.04.2006

Левицата би требала да освои околу 50 до 54 проценти од местата во двата дома на парламентот, а десницата од 45 до 49 отсто Левицата на чело со Романо Проди го симна од власт десничарскиот претседател Силвио Берлускони, покажуваат првичните резултати од парламентарните избори во Италија, јави ...

ПРОДИ СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ, БЕРЛУСКОНИ ЕДЕН ГЛАС ПОВЕЌЕ ВО СЕНАТОТ

Канал5 - 11.04.2006

Еден ден по одржувањето на изборите, Италија е поделена, со оглед на тоа што дефинитивен победник се уште нема, а има стравувања дека доколку наскоро не се реши ситуацијата може да дојде до политичка нестабилност, јавуваат светските агенции.

Втор ден од парламентарните избори во Италија

А1 - 10.04.2006

Продолжуваат парламентарните избори во Италија, кои денеска ќе траат до 15:00 часот, кога избирачките места и официјално ќе бидат затворени. Во текот на вчерашниот ден, одзивот на гласачите бил различен во зависност од регионот, и според Министерството за внатрешни работи на Италија, гласале околу ...

Италија избира ...

Вест - 10.04.2006

Рим, 10 април, - Италија вчера и денеска одржува парламентарни избори, главни кандидати за победа се десната коалиција на премиерот Силвио Берлускони и коалицијата на левиот центар "Унионе" под водство на Романо Проди. Последните испитувања на јавното мислење и даваат предност од 3,5 до 5 отсто од ...

Берлускони и Проди чекаат оцена од гласачите

Утрински - 10.04.2006

Италијанците вчера и денес гласаат на избори кои можат ја сменат владата на медиумскиот магнат Најсилниот сојузник на САД во Европа и најбогатиот човек во Италија се надева дека неговите ветувања за даночно намалување ќе доведат до победа РИМ - Италијанците вчера се упатија на гласачките места за ...

Изборен дуел Берлускони - Проди

Дневник - 10.04.2006

Предизборната кампања, во која главни теми беа економските проблеми, беше проследена со многу клевети и меѓусебни навреди на водечките личности на коалициите Во Италија вчера и денеска се одржуваа парламентарни избори, на кои фаворит е коалицијата на левиот центар „Унионе“, под водство на Романо ...