TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата со ваква политика ќе ја остави државата без леб

Дневник - 17.07.2004

ЖЕТВАРИТЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА КАТЕГОРИЧНИ Ако не добиеме 11 денари за килограм пченица, в година никој во земјава нема да сее и Владата ќе биде виновна за тоа што државата ќе ја остави без леб, велат пелагониските земјоделци. Претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров, изјави дека на средбата ...

Запрена жетвата на пченицата поради ниската откупна цена

Време - 15.07.2004

ПРИЛЕП Прилепските земјоделци веќе пет дена не ја жнеат пченицата, во знак на револт поради ниската откупна цена на мелничко преработувачките претпријатија „Жито Прилеп“ и „Жито Битола“. Доколку на средбата со директорите на овие претпријатија, што беше закажана за синоќа во Министерството за ...

Земјоделците ќе добијат 10,5 денари за килограм

Време - 15.07.2004

„ЖИТО СКОПЈЕ“ ЌЕ ЈА ОТКУПУВА ПЧЕНИЦАТА „Жито Скопје“ ќе ја откупи сета пченица што ќе му биде понудена за цена од 10,5 денари за килограм, одлучи Одборот на директорите на тоа акционерско друштво. На правните лица и на индивидуалните производители ќе им бидат платени и по 0,5 денари за превоз на ...

Земјоделците не ја предаваат пченицата

Утрински - 15.07.2004

Поради непочитување на заштитната цена, јазот меѓу производителите и мелничарите се зголемува Министерот за економија ги дисциплинира мелничарите АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Индивидуалните земјоделци ги бојкотираат мелничарите и не им ја предаваат пченицата од годинешниот род, бидејќи им се нуди ...

"Жито Скопје" подготвен да ја плати цена од 11 денари

Дневник - 15.07.2004

ОТКУП НА ПЧЕНИЦА Мелничкото претпријатие "Жито Скопје" најавува дека може да ја откупи целото понудено количество пченица од страна на индивидуалните производители по цена од 10,5 денари за килограм и 0,50 денари за транспорт.

Продолжен рокот за увоз на пченица

Вест - 14.07.2004

ПОД ПРИТИСОК НА МЕЛНИЧАРИТЕ Со одлука на Владата, бесцаринскиот увоз на пченица е продолжен до 20. овој месец, бидејќи силосите на мелничарите биле празни, а годинашниот род мора да постои барем еден месец во амбарите Владата го продолжи рокот за бесцарински увоз на пченица до 20 јули, оти имало ...

Земјоделците наместо на откуп, си ја носат пченицата дома

Дневник - 14.07.2004

ВО ЕКОТ НА ЖЕТВА Мелничките претпријатија не даваат 10,5 денари за домашната пченица бидејќи можат да купат увозна само за седум денари Земјоделците се закануваат дека нема да им ја продаваат пченицата на мелничарите по девет денари за килограм, што е поевтино и од триците, кои чинат 12 денари.

Пченица за трици

Дневник - 14.07.2004

Владата ја утврди заштитната цена на пченицата во екот на годинашнава жетва и ги "почести" земјоделците со половина денар повеќе од лани. И се ќе беше во ред ако оваа цена ја прифатеа и мелничките претпријатија, кои треба да ја откупат и да ја платат пченицата.

Жито Скопје ги надитри конкурентите, ќе откупува пченица по 10,5 денари

Канал5 - 14.07.2004

Мелничкиот комбинат Жито Скопје е подготвен да откупува пченица по 10, 5 денари за килограм, плус половина денар за транспортни трошоци, односно по заштитната цена што ја одреди Владата.. Понудата од Жито Скопје стигнува по тридневниот прекин на откуп Мелничкиот комбинат Жито Скопје е подготвен да ...

Жетвата сопрена

Вест - 13.07.2004

ВЛАДАТА УВЕЗУВА ПЧЕНИЦА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ПРОТЕСТИРААТ Жетварите ги изгаснаа комбајните зашто место ветените 10,5 денари за килограм, досега пченицата им се плаќа само по 9 денари, а ибидејќи на денот на стартот на жетвата - 1 јули, Владата увезла лебно жито.

Во Пелагонија прекината жетвата на пченицата

Утрински - 13.07.2004

Поради уцени од откупните претпријатија ШТИП - Земјоделците од Пелагонискиот регион ја прекинаа жетвата на пченицата поради непридржување на откупните фирми за откупната цена што ја донесе Владата на Република Македонија. - Во време на најголемиот ек на жетвата на пченицата, "Жито Прилеп° ги ...

Пченицата и тутунот в година остануваат без заштитна цена

Дневник - 13.07.2004

СО ЧЛЕНСТВОТО ВО СТО И ДОГОВОРОТ СО ЕУ Од Владата велат дека наместо заштитна цена, земјоделците ќе добијат субвенции, како што е во ЕУ Од наредната година ќе нема заштитна цена на пченицата и на тутунот, дознава "Дневник" од извори од Владата.

Прекината жетвата во Пелагонија

А1 - 12.07.2004

Земјоделците од пелагонискиот регион наместо на жетва тропаа на вратите на министерствата за земјоделие и за економија. Двата најголеми откупувачи за пченица во земјава не ја почитуваат заштитната цена од 11 денари за килограм.