TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ на дијалог

Утрински - 14.06.2003

По немањето консензус за изгласување на законите за судови и за државни службеници ВМРО-ДПМНЕ вчера испратила писмо до СДСМ со предлог да се формираат експертски групи од двете партии за надминување на спорните точки во законите на кои опозицијата не им даде поддршка во парламентот.

Недоразбирање меѓу власта и опозицијата за државни прашања

А1 - 13.06.2003

Недоразбирање меѓу власта и опозицијата при првиот обид да се спроведе лидерски прокламираната волја за соработка по важните државни прашања. ВМРО ДПМНЕ денеска побара експертски групи од двете партии да ги усогласат разликите околу законите кои треба да се изгласаат, а произлегуваат од Рамковниот ...

Опозицијата блокира два охридски закони

Дневник - 12.06.2003

СОБРАНИЕТО ДОЖИВЕА ДВОТРЕТИНСКИ "ШОК" ВМРО-ДПМНЕ и ЛП не ги поддржаа предложените закони зашто не успеаја да не убедат да се откажеме од измените во Законот за Републичкиот судски совет, обвини пратеникот Шаќири Опозицијата вчера го попречи донесувањето на измените во законите за судовите и за ...

ВМРО-ДПМНЕ контра владините закони, СДСМ ги обвинува за уцена

Утрински - 12.06.2003

И покрај ветувањата за соработка, власта и опозицијата повторно на старите позиции во парламентот Парламентот вчера не ги донесе законот за изменување и дополнување на Законот за судовите и законот за дополнување на Законот за извршна постапка, бидејќи за нив не гласаа две третини од пратениците, ...

Собранието не ги усвои измените на Законот за судовите

А1 - 11.06.2003

Собранието не ги усвои измените на Законот за судовите, бидејќи за нив не гласаа две третини од пратениците, колку што е потребно за нивно усвојување. Во расправата пратениците на власта дадоа поддршка, а опозицијата ги обвини за игнорирање и тоа во случаи кога се донесуваат закони од национален и ...