TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 350 жртви од ураган во Мјанмар

А1 - 04.05.2008

Катстрофални последици од бурата што го зафати Мјанмар или поранешна Бурма. Најмалку 350 луѓе загинаа во тропскиот ураган Наргис што зафати повеќе реони од оваа азиска држава. Целосно уништени се градовите Лапута и Кјаик Лат.

Ураган во Мијанмар усмрти најмалки 240 лица

Канал5 - 04.05.2008

Најмалку 240 лица загинаа во тропскиот ураган Наргис што ги зафати реоните во делтата на реката Иравади и најголемиот град во Мијанмар - Јангон, јави Франс прес, повикувајќи се на информации од портпарол на Министерството за информации на Мијанмар.

Голема трагедија во Бенгалскиот залив - циклонот Наргис усмрти најмалку 250 луѓе

Канал5 - 04.05.2008

Најмалку 250 човечки животи однесе стравотниот тропски ураган Наргис во најинтензивниот удар во реоните на делтата на реката Иравади и најголемиот град во Мијанмар - Јангон. Државната телевизија објави дека ураганот со брзина од 240 километри на час урнал 50 до 70 насто од зградите во југозападните ...

Најмалку 350 загинати во циклонот во Мјанмар

Макфакс - 04.05.2008

Јангун Најмалку 350 луѓе загинаа во циклонот Наргис што го погоди викендов Мјанмар, јавуваат денеска државните медиуми. Државната телевизија на Мјанмар денеска соопшти дека 109 лица загинале на островот Хаинг Гјуи, во југозападната област Ајејавади, каде што бурата започна во петокот.

Над 240 загинати во циклон во Мијанмар

Макфакс - 04.05.2008

Јангон Над 240 загинати е најновиот биланс на циклонот Наргис што го зафати Мијанмар, а целосно уништени се градовите Лапута и Кјаик Лат, пренесуваат светските агенции. Според локалното Минситерство за информации, вкупно 222 загинати лица има во делтата Ирвади, а 19 жртви има во градот Рангун.

ОН предупредува на нов можен циклон во Мијанмар

Макфакс - 04.05.2008

Њујорк Обединетите нации (ОН) предупредија на можност од нов циклон во Мианмар, кој би можел да се случи во следните 24 часа. Предупредувањето за нов циклон стигна од центарот за предупредување на појава на тајфуни, кој е дел од Светскиот метеоролошки центар при ОН.

Циклон во Мјанмар уби 4 луѓе и „збриша“ два града

Макфакс - 04.05.2008

Јангон Циклонот Наргис што го зафати Мјанмар, целосно ги уништи градовите Лапута и Кјаик Лат, а во главниот град Јангон поради невремето загинаа и четири лица, пренесуваат светските агенции. Во кризните подрачја, разурнати се речиси сите куќи, а оние кои не се, останале без покриви.

Вонредна седница на ЕУ за хуманитарната криза во Мјанмар

Макфакс - 03.05.2008

Брисел Вонредна седница за хуманитарната ситуација во Мјанмар ќе одржи денеска Европската унија во Брисел. За време на средбата ќе биде разгледано координирањето на процесот за укажување на хуманитарна помош за населението на азиската држава.

Мјанмар дозволи влез на сингапурските хуманитарни организации

Макфакс - 03.05.2008

Рангун Хуманитарните организации од Сингапур добија дозвола од мјанмарските власти да влезат во државата и да достават помош за настраданите од циклонот Наргис. Тројца членови од сингапурскиот Црвен крст денеска се подготвени да влезат во Мјанмар и да подготват терен за деветчлена лекарска мисија.

Хунтата во Мјанмар дозволи влез на странските хуманитарци

Макфакс - 03.05.2008

Сингапур Странските хуманитарци добија дозвола да влезат во делтата Иравади во Мјанмар, која што пред три седмици настрада во циклонот Наргис. Согласноста денеска ја даде лидерот на мјанмарската хунта Тан Шве, на барање на Обединетите нации. „Генералот не гледа причина тоа да не биде така..

Бан Ки Мун нуди надеж и помош за Мјанмар

Макфакс - 02.05.2008

Јангон Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун испрати денеска во Мјанмар „порака на надеж„ за настраданите од циклонот и од воените власти побара да дозволат влез на значителна хуманитарна помош за 2,4 милиони луѓе без покрив над главата. „Уверен сум дека ќе успееме да ја надминеме оваа трагедија.

Прв американски авион со помош за Мијанмар

Макфакс - 02.05.2008

Бангок Американски воен авион, со помош за настраданите од циклонот Наргис во Мијанмар, полета денеска од Тајланд, јавуваат локалните медиуми. Транспортниот авион превезува 12 тони материјали, средства за прочистување на водата, мрежи против комарци и облека.

Бројот на жртви во Мјанмар може да достигне 1,5 милион

Макфакс - 02.05.2008

Јангон Бројот на загинати од последици од циклонот Наргис во наредните денови би можел да се зголеми до 1,5 милиони, доколку не се организира итна опсежна помош. Вакво предупредување упати меѓународната организација Оксфарм, укажувајќи дека на Мјанмар му се заканува епидемија од колера, тифус и ...

Бан Ки Мун во посета на Мјанмар

Макфакс - 02.05.2008

Јангон Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун денеска престојува во Мјанмар, каде треба да ги посети подрачјата што беа погодени од разорниот циклон Наргис“.. Во рамки на дводневната посета, Бан Ки Мун треба да има разговори и со лидерите на воената хунта, која со децении е на власт во оваа ...

Откажана хуманитарната помош доставувана од американската војска

Макфакс - 01.05.2008

Рангун Властите во Мјанмар нема да ја примaт помошта за жртвите на тропскиот ураган Наргис, која што е доставувана со бродови и хеликоптери на американската армија. Властите соопштија дека присуството на американските воени сили во областа погодена од тропската бура не е дозволено.

ОН ќе испрати 220,000 презервативи во Мјанмар

Макфакс - 01.05.2008

Њујорк Околу 220,000 презервативи за населението во реоните во Мјанмар, опустошени од циклонот Наргис, ќе испрати УНФПА, Фондот за Популација на Обединетите нации (ОН). „Испратени ќе бидат вкупно 218,400 машки презервативи. Не сакаме редовното користење на заштитни средства на мажите да биде ...

Хунтата ја одобри хуманитарната помош

Макфакс - 01.05.2008

Јангон Воената хунта во Мјанмар се согласи во понеделник да дозволи влез на конвојот камиони со хуманитарна помош од ОН, како и два товари од помошта што претходно беа запленети на границата. Како што пренесуваат западните агенции, во извештајот на државната телевизија, која е под контрола на ...

Потона брод со хуманитарна помош за Мјанмар

Макфакс - 01.05.2008

Женева Потона денеска брод што превезуваше меѓународна хуманитарна помош за повеќе од 1,000 луѓе погодени од циклонот во Мјанмар, соопштија официјални извори. Бродот превезувал хуманитарна помош од меѓународните организации на Црвениот крст и Црвениот полумесец.

Тридневна жалост во Мјанмар

Макфакс - 01.05.2008

Јангон Воената хунта на Мјанмар прогласи тридневна жалост, што започнува денеска, 17 дена по катастрофата предизвикана од циклонот „Наргис“. Бројот на загинати или исчезнати во циклонот „Наргис“ изнесува најмалку 134.000. Се стравува дека трагичниот биланс на катастрофалниот циклон може да достигне ...

Бан Ки Мун – Помошта за Мјанмар да не се политизира

Макфакс - 01.05.2008

Јангон Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, побара денеска од Мјанмар да се фокусира на спасувањето животи, а не на политиката, откако воената хунта во таа азиска држава го одби предлогот на САД да испрати бродови со хуманитарна помош за жртвите на циклонот „Наргис”.